Веројатната долготрајност на кризата со корона вирусот влијае на тоа да не се оди со заострување на преземените мерки во РСМ, може да се заклучи по последниот прес на претседателот Пендароски, непосредно после состанокот на Советот за безбедност. Досегашните мерки оценети како успешни. Се очекува одложување на изборите и носење на сет на економски мерки деновиве
Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за национална безбедност изјави дека заклучокот на ова тело е засега да нема потребаод проширување на сегашната мрка на вонредна состојба само во две општини на територијата на РСМ. При тоа се дозволува да се заострува конролаа на движење на граѓаните меѓу одделни општини.
Констатирано е со анализи дека мерките кои се пеземаат во Македонија формално правно се помеки ама реално се построги од мерките кај сите соседи и дека сме добиле пофалби за нив од стана на СЗО. „Не е потребно да избрзуваме со голо прогласување на кризна состојба или вонредна состојба на целата територија на државата. Бидејќи нема потреба, и дека е јасно дека кризата ќе трае, нема да заврши за недела или две“, рече Пендаровски.
Покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот на состанокот присуствуваа и министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Однесувањето на граѓаните во двете општини – Дебар и Центар Жупа е оценето како кооперативно.
Според последната (понеделниќчка) изјава на министерот за здравје Филипче, во тој момент се тестираат седум нови лица на коронавирусот, останатите 18 пациенти немаат промена на состојбата од претходно, а првата заразена пациентка кај која беше дијагностицирана болеста ќе биде пуштена на домашно лекување, истакна министерот за здравство, Венко Филипче на пладнената прес-конференција од Владата. Интересно е дека истата иако се возела веќе разболена 40 часови со уште 9 лица од Италија до Макеоднија, не ги заразила сопатниците, ниту пак тие своите најблиски со кои живеат.
Непроменета е состојбата сите други 18 пациенти, 13.кои лежат на Инфективната клиника во Скопје и кај пациентите на домашно лекување во Дебар, кои имаат полесни исмптоми, како и на пациентката која е на респираторна машина и е стабилна. Министерот рече дека е во постојан контакт со професорот од Инфективната клиника кој во болницата во Дебар за координација на локалните епидемиолози и притоа најави една форма на тестирања на повеќе луѓе како скрининг, согласно светските искуства од некои земји, па дури и на луѓе за кои не е сигурно дека биле во контакт со заболени.
„Очекуваме во текот на денот или утре да пристигнат меѓу 40 и 80 лица со цел детално да се скенира тој регион“, рече Филипче и додаде дека координацијата на лекарските служби е добра и нема никаков проблем во тамошната болница.
Во Македонија има заболени лица, но и луѓе во самоизолација кои се вратија од високи ризичните земји, а има и во карантин поради контакт со заразени од коронавирусот. Ваквата ситуација, следејќи ги тенденциите во другите европски земји веројатно ќе потрае иако здравствените власти засега не дадода конкретни прогнози.
Претпладнево за првпат се состана и Кризниот штаб на ниво на Владата на кој претставници на секој од ресорите ја кажа состојбата и објасни како се спроведуваат мерките на терен.
„Кризната состојба во Дебар и Центар Жупа се спроведува добро. Сите органи и тела функционираат добро и координирано. Нема некој проблем, луѓето се мирни, комплетно сфаќаат што се случува и се придржуваат до мерките. Немало никакво нарушување на јавниот ред и мир и луѓето во тој регион покажуваат исклучително висок степен на дисциплина и придржување до мерките“, потенцира министерот за здравство. Клиниката за психијатрија, посочи Филипче, започнува со телефонско-психолошка поддршка на граѓани и ранливи групи за што дополнително ќе бидат објавени и броевите за контакт и тоа за психолошка поддршка на родители на деца од предучилишна и училишна возраст, психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација и психолошка поддршка на граѓаните на Дебар и Центар Жупа.
Филипче истакна и дел од заклучоците на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести и најави ослободување од работа на еден родител на децата со цистична фиброза што се наметна како прашање во изминатите денови. Подготвен е списокот на лекари, анестзиолози и медицински сестри кои ќе ротираат во институциите во кои ќе биде потребно. За тоа, како што истакна министерот, на располагање се 440 медицински сестри и 200 анестезиолози од целата држава, а откажана е хроничната програма во сите хируршки одделенија.
Лидерите на власта и на опозицијата во понеделникот (многумина би рекле – дури во понеделникот) побараа одложување на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април, поради настанатата состојба со коронавирусот.
Лидерите на власта и на опозицијата денеска побараа одложување на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април, поради настанатата состојба со коронавирусот.
Според претседателот на СДСМ, Зоран Заев, доколку се одржат изборите постои ризик од ширење на коронавирусот, имајќи предвид дека граѓаните ќе мора да искачаат на избирачки места за да гласаат.
„Кога здравјето на граѓаните ќе биде обезбедно трајно ќе донесеме одлука кога да се одржат изборите. Се соочуваме со најголемиот светски здравствен предизвик. Драго ми е дека сме на иста линија со опозицијата“, рече претседателот на СДСМ.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, вели дека сите препораки на релевантните домашни и светски организации се дека најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување на активности, што значи дека треба да се одложат закажаните избори.
„Јас во овие моменти го одбирам, без трошка колебање интересот на државата и граѓаните, и затоа денес ќе побарам свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор одлагање на превдремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните“, изјави Мицкоски.
По нив, соопштение испрати и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во кое се вели дека неговата партија прифаќа одложување на изборите.
„Апсолутен приоритет на секој од нас, особено ние што сме во јавна служба, е граѓанинот и јавното здравје. Изборите и кампањата се последни во агендата на нашите приоритети, затоа што сите наши човечки, интелектуални и институционални капацитети ги ставивме на располагање на победа во заедничката борба против вирусот“, се вели во соопштението од Ахмети.
(Р.Г.)