Со појаватана бугарскиот национализам, преку формирањето на Егзархијата (1870), а потоа и со создавањето на Кнежеството Бугарија (1878) и со презентирањетона бугарските аспирации спрема населението и територијата на османлиска Македонија, двете национални идеологии влегле во директна конфронтација,а со тоа дошло и до драстична промена на грчката политика кон македонското прашање
ДИМИТАР ЉОРОВСКИ ВАМБАКОВСКИ
Во секој случај, потешката задача за грчкиот национализам била аргументираното докажување дека доминатен етникум во османлиска Македонија бил грчкиот, затоа што фактите на теренот покажувале дека словенското христијанско население биле најбројната популацијаво Македонија, кое од втората половина на XIX започнало постепено да формира сопствен македонски идентитет, различен од грчкиот, бугарскиот или српскиот.
Грчката национална политика македонското православно население до 1870 година го именувала најчесто како „Бугари“ или „Словени“, без некакво етничко значење на овие термини, т.е. како нивни христијански браќа кои, „се разбира“, врз основа на религиозната определба биле сметаникако „Грци“. Но, работите постепено започнале да се движат во негативен правец за грчкиот национализам. Во првиот момент грчката надворешна политика не гледала голема опасност во појавата на македонскиот интелектуален, преродбенички кадар, како и во појавата на црковно – училишните општини и нивното најпрвин сè понагласено истакнување на словенската посебност на најголем дел од населението на овие простори.
Но, со појаватана бугарскиот национализам, преку формирањето на Егзархијата (1870), а потоа и со создавањето на Кнежеството Бугарија (1878) и со презентирањетона бугарските аспирации спрема населението и територијата на османлиска Македонија, двете национални идеологии влегле во директна конфронтација,а со тоа дошло и до драстична промена на грчката политика кон македонското прашање. Религијата (до одреден степен) и јазикот како главни аргументиза грчкиот национален идентитет на словенското население во Македонија веќе не биле доволни како решавачки фактори и аргументи. Иако православието во лицето на Цариградската патријаршија и понатаму се користело водокажувањето на грчкиот карактер на Македонија, како и неговото ангажирање во судирот со бугарската Егзархија, „потеклото“ и „свеста“ станале пресуден фактор за „докажување“ на грчката припадност на македонското население, кои заедно со православието озвозможиле да се минимизира улогатана јазикот. Официјална Атина тврдела дека оние што останале под јурисдикција на Патријаршијата биле вистински „Грци“, ако не по јазик тогашспоред нивното „потекло“ и некакво си „национално чувство“.
Во таа насока, националистичка елита и националните институции во Атина создалепосебна историска конструкција, која требало да „докаже“ дека македонското население било грчко по потекло. Оваа „приказна“ најчесто била користена за пропаганда меѓу самото население во Македонија, а најдобро се забележува токму во периодот на грчката „Македонска борба“. Имено, тогаш се тврдело дека „Македонците биле Грци уште од времето на антиката“, но содоаѓањето на Словените на Балканот тие биле словенизрани и дека
Било „крајно време“ тие повторно да бидат грцизирани.
Па така доаѓа и промена на самото нивно именување, а во корист на погоре поставената конструкција, Македонците почнале да бидат нарекувани
„словенизирани Грци“ или, пак, „славофони Грци“.
Вака подготвената идеолошка основа на грчкиот национализам ќе одигра значајна улога во „докажувањето“ на грчкиот карактер на Македонија. Создадениот национален мит бил од голема помош и се користел паралелно со другите пропагандни дејности, особено во оружената, во текот на грчката „Македонска борба“. Крајната цел требало да биде во склад со грчката надворешна политика – мегали идеја – т.е. присоединување на што поголем дел на османлиска Македонија во рамките на Кралството Грција и приклучување на поголемиот дел од македонското православно население во грчката нација – држава, бидејќи за грчката држава биле од исклучителна важност солунското пристаниште, како стратегиски важна позиција кон внатрешноста на Европа и плодните полиња на континетнална Македонија.