Во XIX и во почетокот на ХХ век, единствено за образованите Грци Македонија била историски грчка земја за која имале одредени историски познавања, додека за најголем дел од грчката популација сè уште таа била вонајголем степен terra incognita.
ДИМИТАР ЉОРОВСКИ ВАМБАКОВСКИ
Како што се случи во Европа, грчкиот романтизам ги имал истите каректеристики со него, појавувањето на чувствителниот свет, носталгијата кон идеализираното минато, издигнување на слободата, меланхолично rасположение и чувството нанационализам.
Измешана нација или релијата била еден од решавачките фактори во
Мобилизирањето на населението против муслиманските господари. Од
Друга страна,согласно со надворешната политика на Кралството Грција,
Цариград како престолнина на Византија, покрај Атина, која го симболизирала
античкото наследство, бил прогласен како уште еден – најголемиот ‒ центар
на елинизмот.
Така во една научна студија, Папаригопулос за Цариград напишал дека дека
„градот ги крие урнатините на две империи и на семето на една друга“. .
Сепак, главна карактеристика на реставрацијата на Византија, поврзана со
Теоријата на погореспоменатиот историчар за континуитетот на грчката
наија била афирмацијата на културниот континуитет, наместо на непрекинатата
линија на бесмртната грчка нација, а во прилог на надминување на расниот
пристап на германскиот научник Јакоб Филип Фалмераер (710 -1861) за
средновековните претходнци на модерна Грција.
Појавата на историската сцена на делата на Фалмераер,за кои грчката
интелектуална елита од тоа време дознала со задоцнување, драматично го
отворила проблемот за потеклото на современите Грци.
Со самото тоа Фалмераер (прв европски интелектуалец што безусловно го
елаборирал дисконтинуитетот на античките и современите Грци) стнал решителен противник на грчкиот национален мит, а пак неговите теории,
кои целосно го негирале митот за бесмртноста на грчката нација, претставувале „ризично“ историско поглавје.
Суштината на неговата теорија согласно со теориите за расата кои преовладувале во Европа во тој период, читајќи ги средновековните
извори, се темелела на исчезнувањето на античките Грци во периодот
на словенската колонизација на Балканскиот Полуосторв со што современите
Грци во никој случај расно не можеле да бидат поврзани со античките.
Овој факт тој го поткрепува и со словенските топоними што се наоѓале во
Грција по нејзиното словенизирање.
Понатаму, Фалмераер тврдел дека попокорувањето на Словените од
Страна на Византијците била спроведена колонизација на разно гркофоно
– христијанско население од Империјата и била создадена една мешавина
од Словени и колонизирани гркофони.
На таков начин била предизвикана „биолошка смрт“ на античкото население
во континентална Грција.
Што се однесува, пак, до „политичката и културната смрт“ на нтичка Грција, тој сметал дека се случила претходно,како резултат на последователните освојувања од времето на Филип II, па сè до паѓањето под римска власт и, на крај, наметнувањето на христијанската религија за време на Взантија.
Овие негови тврдења предизвикале силна реакција кај тогашнатагрчка научна елита. Папаригопулос напишал илјадници страници за да ја негира оваа теорија, укажувајќи дека ниту Грците или која било друга европсканација никогаше не биле етнички хомогени во историјата. Во одбрана на конструираниот грчки национален мит и во насока на понатамошна елинизација на грчкиот национален идентитет биле ангажирани повеќе научни дисциплини и образовни институции, како на пример археологијата, географијата, комплетниот училишен систем, етнологијата, лингвистиката, фолклорот а посебен придонес имал и Универзитетот во Атина (формиран во 1837година), од чии „професори се очекувало да учествуваат во идеолошките битки на нацијата против своите непријатели во странство“.
Како и да е, митот во грчката држава морал да продолжи да се гради. Следна етапа во „историскиот континиутет“ на грчката нација бил османлискиот период. Тука главната поткрепа на нациознализмот во градењето на националниот мит биле православната вера, грчкиот јазик, како и меморијатаза Византиската Империја и желбата за нејзино возобновување, пред сè како православна империја. Главна карактеристика на овој период било православието како колективен идентитет на сите православни етникуми во Османлиската Империја. Идентификацијата била двонасочна – христијаните самисе перцепирале како такви, додека муслиманите нив ги доживувале како „неверници“. Во сфаќањата на национализмот, православната вера била „чуварот и заштитникот“ на грчката нацијата по падот на Цариград (1453) „во рацете на неверниците“.
Во реалноста, во преднационалниот период, Вселенската патријаршија се грижела пред сè за зачувување на православната традиција, со своите придружни догми ритуали и институции , но и за зголемување на сопствениот авторитет меѓу верниците. Во таа насока, навистина идентификувањето на Грците како припадници на православната црква во еден општ идетитет, а не со некакваси национална групи, лишени од соодветна едукација низ вековите на османлиската доминација. Османлиите, според грчката национална идеологија, ја забраниле работата на грчките училишта, со тоа оневозможувајќи им да ги развијат уметноста и науката како слободните европски народи. Единствени училишта биле „тајните“ или „скришните“, кои работеле во текот на вечерните часовиво црквите и манастирите.
Меѓутоа, самата поставеност на анационалниотосманлиски општествен систем, изразен низ милет системот, не допуштал ваков пат на западен „национален развој“ на различните етникуми во Империјата, затоз што својата суштина тој, како и другите општествени сегменти во Империјата, имал средновековен предзнак сè до нејзиното постоење.
Според П. Мекриџ, грчкиот национализам поминал низ две преклопенифази. Првиот или ослободителниот, датиран пред формирањето на грчката нација
– држава, додека државниот, т.е. вториот, започнал по формирањето на државата. Ослободителниот национализам подоцна (по формирањето на вториот), се преклопил со првиот и продолжил да функционира во форма на иредентизам, со или без учество на државните институции. Таков бил случајот со напорите да бидат „ослободени“ Крит и Македонија во XIX век.
Токмуво таа насока, во аргументирање на претензиите кон македонската територијаи население, грчкиот национализам, користејќи го националниот мит, во XIX век конструирал една нова слика за Македонија: слика која требало да ја претстави Македонија како неделив дел на грчката нација преку користење на селективни аргументи и докази.
Оправданоста на претензиите кон територијата на османлиска Македонија бил полесниот дел. Грците, во однос на другите балкански претенденти,биле првите кои ги дефинирале овие територии како „свои“ национални, користејќи ги т.н. историски права врз Македонија, претставувајќи ја
територија на античка Македонија како дел од грчката „национална“ територија.Во XIX и во почетокот на ХХ век, единствено за образованите Грци Македонија била историски грчка земја за која имале одредени историски познавања, додека за најголем дел од грчката популација сè уште таа била вонајголем степен terra incognita.
(продолжува)