Духот на слободата извирал од Француската револуција, чии универзални визии биле доживувани како средство за ослободување од различните потиснувања и доминации во најразлични сегменти на секојдневниот живот на поединецот. Овој период претставувал време на интензивно испреплетување меѓу западните и модерни идеи на национализмот, од една страна, и локалните менталитети, од друга страна,негувани од православието и османлискиот милетсистем.
ДИМИТАР ЉОРОВСКИ ВАМБВАКОВСКИ
„Па така, Грци станале и сите „оние што доаѓат од странство, што го имаат грчкиот како мајчин јазик и веруваат во Христос”. На Третото национално собрание, одржано во Трезена во 1827 година, повикувањето на грчкиот јазик како критериум било отфрлено и се тврдело дека Грци биле едноставно оние што се родени во ослободените територии и што “веруваат во Христос”, како и оние што пристигнале во слободна Грција од османлиските територии и што “веруваат во Христос и сакаат или се борат…”
Модерната грчка држава била создадена во 1830 година, период на кон
ституирање на современата грчка нација – држава.
Грција, како држава, била институционализирана со помош на нејзините моќни европски патрони, кои се стремеле да го контолираат југоисточниот медитерански регион.
Но,тука ниту започнал и ниту завршил процесот на градење на грчката нација и на грчкиот национален идентитет. Особено подложен на промени во XIX и вопочетокот на ХХ век бил грчкиот национализам.
Крајот на XVIII и почетокот на XIX век бил период на драматични трансформации и модернизација во повеќе сегменти од општественото, економското и политичкото живеење во Европа. Несомнено круцијално значење вопојавата на нациите на Балканскиот Полуостров ‒ некаде порано, некаде подоцна ‒ имало влијанието од Западна Европа. Духот на слободата извирал од Француската револуција, чии универзални визии биле доживувани како средство за ослободување од различните потиснувања и доминации во најразлични сегменти на секојдневниот живот на поединецот. Овој период претставувал време на интензивно испреплетување меѓу западните и модерни идеи на национализмот, од една страна, и локалните менталитети, од друга страна,негувани од православието и османлискиот милетсистем.
Поради тоа најчесто се тврди дека грчката нација – држава била производ на „историскиот компромис меѓу традиционалните вредности и увозот на западната модерност“.
МНОГУ ТЕОРИИ КОИ ЈА КОНТРОЛИРААТ НАЦИЈАТА Од тие причини, постојат голем број модерни теории кои ја дефинираат нацијата, во нив одредени критериуми се универзални, но сепак има белези испецифичности кои се карактеристични само кај една или кај мал број нацииво нивното создавање и нивниот развоен пат. Во 60 – тите години на минатиотвек, со развојот на антропологијата, во многу што биле променети мисловните граници за поимањето на општествените феномени познати како нации инационализам. Историчарот Ерик Хобсбаум, на пример, нацијата ја дефинирал како „заедница на граѓани на една држава што живеат под ист режим иливлада и имаат заеднички интереси; колектив на населението на една територија со заеднички традиции, аспирации и интереси, и потчинети на централната власт која е одговорна за одржување на единството на групата; народ наедна држава, вклучително владеачките сили“.
Во друг случај, Бенедикт Андерсон нацијата ја толкува како „замислена политичка заедница“. Замислена, бидејќи „припадниците дури и на најмалата нација нема никогаш да гизапознаат повеќето свои сонародници, да ги сретнат, или барем да слушнат за нив,иако во свеста на секој од нив живее сликата за нивното заедништво“. По Бенедикт Андерсон нционалниот идентитет претстставува комплексна материја, повеќедимензионална,најчесто базирана на чувството, т.е. свеста, за споделување на заеднички јазик, вера, географија, историја, потекло, култура или обичаи со другите членови. Според теоретичарот Ентони Смит, националниот идентитет е повеќедимензионален, т.е. тој никогаш не може да биде сведен само на еден од споменатите елементи.
КРИТЕРИУМИ СО КОИ СЕ ОПРЕДЕЛУВА ПРИПАДНОСТАКОН ГРЧКАТА НАЦИЈА За најголем дел од денешните припадници на грчката нација да се бидеГрк се подразбира да се зборува грчкиот јазик, да се биде член на Православната црква и да се живее на територии кои биле населени од грчките предци.Ваквиот став, според историчарот Питер Мекриџ (Peter Mackridge), се темелина тврдењето според кое „Грците сметаат дека нивната Црква ги поврзува соВизантиската Империја, додека нивниот јазик е врската со класична Грција,но и со Византија“.
Нацијата, во суштина, претставува еден жив организам,подложна на промените на историското време, на процесите и на настаните.Оттука, ваквите карактеристики, пред сè нејзиното трансформирање низ ис-
торијата, не ја одминале ниту грчката нација. Сепак, како во минатото така иво денешницата, во науката постојат голем број неодоговорени, неразјаснатиили делумно одговорени прашања поврзани со грчкиот национален идентитет и развојот на грчката нација. Во тој контекст се и следните примери: Кои биле Грците? Дали тие биле Хелени, Ромеи или Грци? Кои се грчките територии? Дали само „религијата“ е таа што го определува приемот во грчкатанација? Дали биле или требало да бидат вклучени во грчката нација самооние луѓе чиј мајчин јазик бил грчкиот или, пак, и сите оние негркојазичниправославни христијани кои бил дел од османлискиот Рум милет? Споредгрчките историчари Колиопулос и Веремис (Koliopoulos & Veremis), ваквитеи сличните на овие прашања ретко биле поставувани, но и кога биле поставувани останувале без одговор.
Како и да е, денес постои голем број историскаграѓа, која помага некои од овие прашања делумно или целосно да бидат разјаснати
Критериумите врз основа на кои се определувало дали одреден поединец ќе биде дел од грчката нација, во најголем степен биле поставени во периодотна националната борба за ослободување од османлиска доминација (1821 ‒1830). Грчкиот етнички идентитет во почетокот воглавно бил дефиниран врзоснова на два главни критериума, кои во основа ги разликувале Грците однегрците. Првиот критериум бил членството во Православната црква, додекавториот бил употребата на грчкиот јазик.
Другите критериуми врз основа накои се одредувала грчката етничка припадност и кои најмногу зависеле одградењето на националниот мит, биле „грчките историски територии“, „потеклото“ и, посебно важен фактор во случајот со грчките национални аспирации спрема македонското население, покрај верскиот критериум, биле „културата и националната свест“.
ПРВИОТ УСТАВ Според првиот револуционерен Устав од 1822 година,
религијата но итериторијата биле главни критериуми што го определувале грчкиот протонационален идентитет. Во таа насока, членот 2 предвидувал дека Грци се „домородните жители на територијата на Грција кои веруваат во Христос“.
Една година подоцна, на следното Национално собрание, бил додаден уштееден критериум, јазикот, но бил и проширен територијалниот опсег на ониешто можеле да станат дел на новата нација. Па така, Грци станале и сите „оние што доаѓат од странство, што го имаат грчкиот како мајчин јазик и веруваат во Христос“.
На Третото национално собрание, одржано во Трезенаво 1827 година, повикувањето на грчкиот јазик како критериум било отфрлено и се тврдело дека Грци биле едноставно оние што се родени во ослободе
ните територии и што „веруваат во Христос“, како и оние што пристигнале во слободна Грција од османлиските територии и што „веруваат во Христос и сакаат или се борат со востаниците или живеат во Грција“.
Сепак, и покрај оваа измена, јазикот останал еден од решавачките фактори во одредувањето на грчкиот протонационален идентитет во годините што следувале. Истиот започнал да се употребува и како моќен иструмент во рацизирањето на туѓото јазичното население и на териториите на Балканскиот Полуостров кои
би биле под јурисдикција на Цариградската патријаршија.
(продолжува – опремата е на Глобус)