Да се биде „Грк“ во тој период доволен условбил да се биде христијанин, додека, пак, важноста на заедничките предци не била истакнувана, а со тоа „Грци“ можеле да бидат и Власите, Албанците или Словените, се разбира, само доколку биле христијани
ДИМИТАР ЉОРОВСКИ ВАМБВАКОВСКИ
Вториот маркер, религијата, односно припадноста кон Православната црква претставувало решавачки фактор за одредување на грчкиот „национален идентитет“. На пример, „да се биде „Грк“ во тој период доволен услов бил да се биде христијанин, додека, пак, важноста на заедничките предци небила истакнувана, а со тоа „Грци“ можеле да бидат и Власите, Албанците или Словените, се разбира, само доколку биле христијани.
Доминантната сила на Цариградската патријаршија во Рум милетот во долг историски период претставувала една од појдовните точки на грчкиот иредентизам насочен кон териториите на Османлиската Империја, па оттука и кон Македонија, преку кој целото православно население било претставувано како дел од грчкиот национален корпус. За разлика од Западна Европа каде што територијата, но и јазикот, станале главни критериуми за дефинирање на колективниот идентитет, меѓу православното население во Османлиската Империја тој воглавно се пресликувал преку религијата.
Во суштина, грчката нација се развила од православниот христијански Рум милет, во чиј состав, во периодот одкрајот на XVIII и почетокот на XIX век, покрај Грците, влегувале и ситедруги православни етникуми. Во периодот на Османалиската Империја православието ‒ на чие чело бил цариградскиот патријарх, каде што грчкиот јазик имал доминантна улога како средство за комуникација и во кое цркватасо своите образовни институции имала значајна улога ‒ претставувало обединувачки заеднички подидентитет.
Постепената трансформација на првославниот екуменизам во национализам кој, според Гелнер, бил пресуден фактор во создавањето на нациите, првенствено била резултат на просветителството и Француската револуција. Паралелно со овој процес, за време на грчкото востание за независност, каде што религијата била само фиксна линијана разграничување меѓу двете завојувани страни, Цариградската патријаршија, поради позицијата што ја имала во Османлиската Империја се однесувала крајно воздржано ‒ па дури и го осудила самото востание. Но тоа небило причина по формирањето на грчката држава таа да стане дел од грчкиот национален мит. На Православната црква ѝ била доверена улогата на чувар на „грчката нација во вековите од
Османлискиот и западниот ’потоп‘ а Источното Римско Царство во 1453 година“.
Грчката држава, заедно со црковните лидери, ја утврдиле изградбата на црковната историја, која се вклопилаво изградбата на грчката нација –
држава. Црквата била составен дел од националниот развој на земјата, додека неприпадноста кон православието значело и „недостиг на грчка национала свест“. Во суштина, историските факти говорат дека Грчката црква се формирала во јули 1833 година, кога едногласно, во името на кралот Отон била прогласена нејзината независност од Цариградската патријаршија.
Ваквиот потег бил направен без одобрување на последната. Со истиот кралски декрет таа станала автокефална, со свој Синод иго признала Отон како свој поглавар. Помирувањето помеѓу двете ркви, Цариградската патријаршија и Грчката црква, се случило доста подоцна, на29 јуни 1850 година, кога на заседанието на Синодот на Патријаршијата бил прочитан документ со кој било објавено создавањето на Грчката православнацрква, а периодот од 1833 до 1850 година бил окарактеризиран како неканонски во дејноста на Грчката национална црква.
Како и да е, Грчката црква во својот историски равој до денес не успеалада се отргне од прегратката на инстутиционалната контрола на грчката држава, но и обратно. Од друга страна, официјална Атина го направила православието доминантна религија, а со тоа на Црквата ѝ дала заштитен статус во државата. Ваквата позиција на државата спрема религијата, кога станува збор за искористувањето на црквата за остварување на националните интереси на нацијата – држава, ќе придонесе за „национализација на религијата“, односно нејзино издигнување до степен на национално движење. Овој процес најдоб
ро може да се забележи во судирот на пропагандните активности на
новите балкански држави во османлиска Македонија во втората половина на XIX иво почетокот на ХХ век.
Следниот фактор што бил користен во градењето на грчката нација
– држава бил грчкиот јазик. Во почетниот период постоеле две спротивни тенденции, т.н. „модерна“ и „традиционална“, во одредувањето на „вистинските“ критериуми за дефинирањето на грчката нација. Првата го фаворизирала јазикот, додека другата инсистирала на религијата. Во овој „натпревар“ како „победници“ излегле последните. Клучна улога имал граничниот дострел на религијата, кој за разлика од јазичниот опсег бил доста поголем и ѝ овозможувал на грчката држава да претендира и кон Македонија, Тракија и Епир.
Тоа, според Колиопулос и Веремис, го означило почетокот на иредентизмот,кој бил „еден од најважните и најболните авантури во историјата на модернаГрција“.
И покрај ваквата поставеност, без сомнение „јазикот бил повеќе одеден, од мноштвото критериуми, според кои народот го индицирал припаѓањето на некој човечки колективитет“.
Во тој контекст, јазикот не бил примарен основач на грчкиот национален идентитет, но со сигурност тој бил главниот медиум преку кој најголемиот дел од оние што го употребувале биле сметани за дел од грчката нација.
Во периодот на османлиската доминација на Балканскиот Полуостров, додека Грција сè уште била под власт на Високата порта, но и во годините до распадот на Османлиската Империја, грчкиот јазик, покрај
официјалнот турски, бил во широка употреба на овие простори. Тој бил официјален јазик на Православната црква – јазик на литургијата, а преку неа и на образованието, трговијата и на „културата“. Оттука, грчкиот јазик, кој бил во функција на Цариградската патријаршија, на еден посебен начин го создавал грчкиот културен идентитет, кој овозможувал повисоко место во стратификацијата на општеството, како предмодерна национална заедница, не само меѓугркофоното туку и меѓу, од грчки аспект, ксенофоното население во Османлиската Империја.
Во креирањето на националниот идентитет голема улога имало поврзу-
вањето на современиот грчки јазик со јазикот на античките Грци, а со тоа ипремисата дека тие се нивни директни потомци, се разбира, вклучувајќи гитука и најголем дел од придобивките на класичниот период.
Во тој контекст, јазикот бил поврзан во непрекинат континуитет со средниот век, поддржан од традициите на Православната црква, до модерно време. Вакватаконструкција им давала на „образованите Грци чувство дека нивната нацијапоседува единствено културно наследство“ и дека јазикот ги „поврзува со цивилизацијата на aнтичка Елада, раното христијанство и со Византија“.
(продолжува)