Антиката била искористена како еден од факторите за мобилизирање на грчкото население во борбата против османлиската власт, т.е. античкото минато било „најголемиот извор за инспирација на револуционерното движење…, со своите славни херои, својата литература и својот јазик“.
ДИМИТАР ЉОРОВСКИ ВАМБВАКОВСКИ
Од друга страна, по создавањето на грчката држава, се појавила потреба за национализација на јазикот, процес што ќе резултира со хомогенизација на националниот идентитет кај припадниците кои требало да бидат дел од новата нација. Според националната идеологија, грчкиот национален јазик требало да биде таков за да можат сите членови на нацијата, без оглед на нивното потекло или нивниот општествен статус, да го разбираат и употребуваат.
Нешто што било многу тешко остварливо, особено кога станувало збор за катаревусата. Во таа насока, постоела и сè уште постои жестока дебата во врска со тоа кој облик на грчкиот јазик би бил најсоодветен за употреба. Имено, во оваа смисла постоеле истомисленици кои се залагале за враќање на најчистиот антички јазик од V век пр. н.е,
други како основа го земале современиот говорен јазик (диомортики), додека трети, пак, предводени од Адамантиос Кораис, предност му давале на прочистувањето на говорниот јазик од странските зборови и изрази. На крајот преовладале подржувачите на „прочистениот“ јазик (катаревуса), кој станал и официјален национален јазик на новата нација – држава во еден долг период од 1830 до 1976 година.
Во секој случај, штом една нација се темели во најголем степен на
јазикот и религијата, подоцна и на културното наследство, „националите идеолози претендирале да прават планови за ’другите‘, надвор од границите на нацијата – држава, кои или зборувале на ист јазик или практикувале иста религија“..
Оттука, јазикот станал силен инструмент во рацете на грчкиот национализам во обидите да се грцизираат и да направат национална хомогенизација, најпрвин на државните, а потоа и на „ксенофоните територии“ кои постепено се отцепувале од Османлиската Империја.
Посебно место во градењето на грчкиот национален идентитет имало и создавањето на митот за „бесмртна“ грчка нација, без да се земе предвид демаркационата линија меѓу древноста и модерното. Во основа тоа претставува формулирање на концепт кој би ги поврзал и би ги обединил современата грчка држава со „славното“ минато на античките Грци.
Таквата конструкција, преку „откривањето“ на античкото потекло на Грците и нагласувањетона свеста за нивното посебно „национално минато“, ќе претставува решавачка компонента во формирањето во чувството за нивниот историски идентитет. Ваквиот мит бил создаден
од страна на националната идеологија или национализмот, кој бил, исто така, и во функција на градење на колективната свест. За национализмот „нацијата патува низ времето“, таа се смета „како еден жив организам“. Анастасија Каракасиду смета дека градителите на митот „измислуваат национално време со кое потоа му даваат легитимност на националниот простор, со цел на своите граѓани да им обезбедат национална генеологија и идеологија на националноста која ги поврзува просторот, времето и поимите на крвната врска и потеклото“.
Материјалите на националниот мит се наоѓаат или се пребаруваат во историјата, додека „основата треба да биде колку што е можно поцврста“, бидејќи на таков начин се обезбедува поголема издржливост во идеолошките напади на противниците на одредениот национализам.
Во создавањето на националниот мит за „бесмртната“ грчка нација голема улога и влијание имала и Западна Европа. Во доцниот XVIII и почетокотна XIX век во Европа постоело силно филелинско движење кое, со помош на просветителството, романтизмот и класицизмот, Се сметало дека била потреебна „целосна регенерација на грчката нација“, т.е. да им се помогне на современите Грци да го вратат својот „вистински идентитет“ како потомци на античките Грци. Прогрчките чуства на филелинистите својот врв го ималедостигнато за време на Востанието од 1821 година. Антиката била искористена како еден од факторите за мобилизирање на грчкото население во борбата против османлиската власт, т.е. античкото минато било „најголемиот извор за инспирација на револуционерното движење…, со своите славни херои, својата литература и својот јазик“.
Од друга страна, сè поголем број млади Грци од тоа време своето школување го продолжувале на универзитетите во Западна Европа, каде што на таков начин доаѓале во контакт со просветителството, романтизмот, придобивките од Француската револуција исо национализмот. Меѓу таа новоформирана грчка интелигенција започнале да се создаваат свест и чувства за нивното славно античко минато, а тие подоцна биле пренесувани и на грчка територија. Така, на пример, „во прватадеценија на XIX век националистите започнале да ги крштеваат своите деца (и да ги нарекуваат своите бродови) по имињата на великаните на античка Грција“.
За прифаќањето на античка Грција во контекст на градењето на грчкиот национален мит, од пресудно значење било влијанието на западната идеја, а да не била тоа, според Колиопулос и Веремис, „сигурно е дека грчката елита од тој период не би ја прифатила како своја (историјата на античка Грција)“.
Како и да е, голем број филелини, кои претходно ги имале идеализирано современите Грци како потомци на античките, за време на нивното учество во Востанието од 1821 година „биле изненадени од недостигот на префинетост кај Грците и од недостигот на физичка сличност со Хелените од класичната престава за нив“.
Потребата од негување на теоријата на „неделивост“ и „единство“ на Грците во времето и просторот, преку фаворизирање на историското и културното наследство во градењето на грчкиот национален идентитет, претставувала основа на главниот мотив во формирањето на митот за бесмртнатагрчка нација. За остварување на таа цел се појавила потреба зареновирање инадградување на грчкиот национален идентитет, преку кои ќе се овозможи вклопувањето на одредени сегменти во развојот и плановите на новата грчка нација – држава. Како резултат на тоа, националниот мит бил во директна линија на потеклото и на поврзувањето на современата грчка нација – држава со „јунците од грчката митологија, со класичната древност, со хеленистичкиот период, со трансформацијата на Источната Римска Империја во Византиска,како и со периодот на угнетувањето под Османлиската Империја“.
Ваквата перцепција за сликата на славното минато има големо влијание на начинот на кој модерните Грци се гледаат самите себеси, но и своите соседи.
Во секој случај, неопходно било поврзувањето на сите горенаведени историски периоди во еден непрекинат континуитет – национална временска рамка, а недостапните врски требало да бидат пронајдени или измислени. Тоа било дело на грчкиот романтизам.
Ваквата перцепција за сликата на славното минато има големо влијание на начинот накој модерните Грци се гледаат самите себеси, но и своите соседи. Во секој случај, неопходно било поврзувањето на сите горенаведени историски периоди во еден непрекинат континуитет ‒ национална временска рамка, а недостапните врски требало да бидат пронајдени или измислени.
Тоа било дело на грчкиот романтизам од втората половина на XIX век, пред сè на грчкиот историчар Спиридон Зембелиос (1815 ‒ 1881), а посебно на „таткото на современата грчка историографија“, Константинос Папаригопулос(1815 ‒ 1891), на тој начин воспоставувајќи „непрекината линија“ во континуитетот на грчката нација од антиката до модерното време. Како резултат наовој процес, „денешните грчки државјани се сметаат за потомци на граѓаните на древните грчки градови“. Додека, „гробарот на хеленизмот, православна Византија, се престави како продолжувач на старогрчкиот дух, а модернатагрчка држава како наследник на имотите на мртвите“.
Јазикот, културното наследство и славното минато на античка Грција биле доволен мотив да биде запоставен проблемот на паганството на античките Грци, и покрај тоа што во периодот на раѓањето на грчката нација, како што забележавме, главен фактор на идентификација за тоа кој можел а кој неда стане дел од грчката нација била припадноста кон православието.
(продолжува)