Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СОПРУГАТА НА ПОЛИТИЧАРОТ Е – ПОЛИТИЧАР

December 14, 2021 Filed Under: Свет

Но таа се откажа од бавењето со политиката многу пред нејзиниот сопруг да стане канцелар на сите Германци, иако имаше добар старт во локалната власт. Станува збор за актуелната прва дама Бриоте Ернст

СТАРТ ВО НОВА РОЛЈА Таа сепак ќе стане невидлива а тој веќе стана премиер на федералната влада

Јоахим Зауер во изминатите 16 години беше главно во сенка на Ангела Меркел. Првиот господин и сопруг на германската канцеларка не се туркаше во прв план. Ги избегнуваше и медиумите, исклучително ретко даваше изјави.

Брита Ернст сака да продолжи со таа традиција. Сопругата на новиот германски канцелар Олаф Шолц и министерка за образование во Бранденбург, никогаш јавно не ги коментираше канцеларските амбиции на својот маж. На прашања за приватниот живот не одговара. Оваа 60-годишна жена на тој начин сака да спречи нејзината министерска функција на било каков начин да биде доведена во врска со политички многу поистакнатата позиција која од средата (8.12) ја извршува нејзиниот сопруг Олаф Шолц.

Некогаш таа и нејзиниот сопруг нер мислеа така. „Во ниту една област не е правилно, промените кај партнерот да значат дека другиот партнер мора од нешто да се откаже“, напиша таа своевремено. И самиот Шолц во текот на предизборната кампања беше згрозен кога беше прашан дали неговата сопруга ќе продолжи да работи ако тој победи изборите.

„Мојата сопруга е голем политичар“, изјави тој во интервју за „Брижит лајв“. А, во една друга прилика, Олаф Шолц тоа прашање, кое по негово мислење никогаш не би било поставено за сопруг на германска канцеларка, го нарече „целосно депласирано и крајно несоодветно“.

На социјалните мрежи Брита Ернст повремено на своите следачи им прикажува како ужива во откривање на нејзиниот град Потсдам, во кој се наоѓа седиштето на бранденбуршката влада, односно околината – пешки или на велосипед. Оваа социјалдемократка објавува фотографии од природата, неделни есенски прошетки низ паркот Бабелсберг и на езерото Грибниц или се „пофалува“ со повремени посети на познатата Филхармонија Елба во Хамбург, каде оваа брачна двојка живееше до 2018 година.

Ернст е родена во Хамбург, нејзиното именување на должноста министерка за образование, млади и спорт во Бранденбург беше изненадување. Нејзиниот претходник, Гинтер Бааске се повлече од приватни причини.

БЕЗ ДЕЦА Двојката живее во Подстам и нерма деца

Сегашната Прва дама стана министерка за образование во покраината Шлезвих-Холштајн, но по изборите во 2017 година мораше да го напушти кабинетот. Во владата на покраинскиот премиер Даниел Гинтер од ЦДУ тој ресор имено им припадна на демохристијаните.

Брачната двојка Ернст-Шолц нема деца, пред три години се преселиле во Потсдам, откако Шолц, бивш градоначалнк на Хамбург, ја презеде функцијата министер за финансии во владата на Ангела Меркел.

Воздржана и прагматична

Брита Ернст во јавноста се презентира како воздржана и прагматична, не дозволува лесно да биде исфрлена од такт, тоа се типични особини кои ги красат „северњаците“ во Германија. А во текот на пандемијата на коронавирус имаше полни раце работа со опозицијата во Бранденбуршкиот парламент или разни здруженија, кои ѝ префрлуваат дека како министерка потфрлила во кризниот менаџмент во училиштата.

Filed Under: Свет

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet