Пред 10 месеци објавивме дека Соиете женерал се повлекува од Источна Европа. Македонија беше во подрачјето што станува неонтересно. Како и во четири други земји.Сега се објави дека купувбач на нејзините акции во Охридска ќе биде Штаер АГ банката. Надвор од предвидениот пакет што ќе се продава останаа банките во Русија, Романија и Чешка
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС

Глобус пред 10 месеци ја реобјави веста на софиски Капитал за новата стратегија на познатата Сосиење банка за регионот, исата не предизвика големо внимание, иако изворото беше релевантен. Јасно, таа вест и официјално требшеа да се потврди или негира. Впрочем, тоа беше обврска кон јавноста на парижаните
Во рамките на постојаните вести од македонското банкарство кои беа главно секогаш добри, тоа беше вест која збунува – француската Сосиете женерал ја продава својата банка тука и тоа како дел од ргионалниот план за повлекување од Источна Европа, кој станал неинтересен за Сосиете!
Во рамки на ова, како што пишува бугарскиот весник, се продаваше банката во Бугарија и тоа во пакет со уште пет подружници на француската групација во Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија и Молдавија.
Весникот тогаш нагласи дека сите банки добро се управувале и биле со добивка, но истовремено страдале од сличи недостатоци – тие се сместени среде мали пазари, каде некогаш примамливо високата рентабилност сега се топи, а средината е заситена и во исто време нестабилна од политичка и регулаторна гледна точка.
Во 2016 година групацијата најпрвин ја продаде хрватската Сплитска банка на ОТР, а во текот на 2017 година и грузиската. Надвор од предвидениот пакет што ќе се продава останаа банките во Русија, Романија и Чешка.
Да се потсетиме дека Сосиете Женерал потпиша договор за преземање со Охридска банка на 24 јануари 2007 година и така влрзе во земјава. Ако добро се сеќваме тогашниот гувернер на НБРМ се трудеше нашиот често трул банкарски пазар да го полни со здрави банки кои би дошле одннадвор. Впрочем, претставниците на Сосиете Женерал непосредно пред Новата 2007 година беа кај гувернерот Петар Гошев со цел да ги добијат потребните информации за законската регулатива за добивање согласност од НБРМ за влез во Охридска. За пакетот од 52 отсто, реномираната француска банка реши да кешира околу 45 милиони евра.
Сосиете Женерал во светски рамки тогаш беше рангирана на 21 место, во европски се сметаше за една од четирите водечки .. Дури, магазинот „Еуромани” ја прогласи за најдобра банка во Европа. Таа постоеше 140 години, сега веќе 151 година. Вредноста на имотот и изнесуваше близу 400 милијарди евра. Со бизнисот беше инфилтрирана во 76 земји во светот. Опслужуваше 20 милиони клиенти.
Банката е позната по тоа што вложува во инвестициски фондови и во инфраструктура. Непосредно пред влезот во Македонија купи две банки од нашето соседство – Подгоричка банка од Црна Гора и Сплитска банка од Хрватска. Балканско седиште на Французите е во Белград и таму веќе беше стационирана три децении.

Глобус магазин комуницираше со банкарското раководство на Банката која доби ново уво и со тогашната генерална директорка Јитка Пантучкова. Банката добро се снајде и тоа токму во време на кризата во светот (2008 – 2010), кога успеа да стигне на 4-то место во земјава. Главно се насочуваше кон средните и мали претпријатија – беше прва во она што се нарекува „Б“ лигата.
Но, да се вратиме на денешницата. После преносот на веста од софиски Капитал на еден брифинг со гувернерот Богов, кому му истекува ше мандатот, тој беше запрашан за ова ново сознание а се чини Богов – кој не крие дека сака да добие уште еден мандат (!) не се снајде баш најдобро. Мораше да издава соопштение со кое порекнува дека дал изјава со која потврдил дека продажба ќе се случи, туку нагласил дека не би коментирал, бидејќи, станува збор за пазарно чувствителна информација, како и тоа дека ако постои таква одлука, групацијата „Сосиете Женерал“ треба да ја извести пошироката јавност. АЛФА ТВ пото му упати извинување до НБРМ и гувернерот Богов и потенцираше дека се работи за ненамерна грешка во најавата и насловот на прилогот, но не и во содржината на прилогот.
Инаку, публикацијата на Светска Банка, Глобал Фајнанс, 25-ти пат по ред ја објави листата на добитници на престижната награда „Најдобра банка за 2018 година“ за земјите од Централна и Источна Европа. Трета година во низа, единствена банка од Македонија, која го добива ова престижно признание е токму Охридска банка Сосиете Женерал, која неодамна одбележа 10 години од постоењето во Македонија.
Но едно се внимателните изјави на гувернерот а друго ветите што ги пласира Капитал, кој секако не е „мачкина кашлица“ – не се работи за една балканска филијала туку за глобална стратегија! Во секој случај Богов е во право – македонската филијала мора да се огласи, бидејќи тоа се чуваствителни информации кои јавноста мора да ги знае.

Дури, деновиве дознавме Охридска банка Сосиете женерал се продава на Штаермеркише Шпаркасе. Сосиете Женерал со седиште во Париз, акционер на Охридска Банка, кој во моментот поседува 384.844 обични акции со право на глас, издадени од Охридска Банка, и Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ, Шпаркасенплац „Штаер“, со седиште во Виена, постигнале договор согласно кој, и под одредбите и условите предвидени во таквиот договор, дека СЖ ќе и ги продаде на Штаер акциите кои ги поседува во Охридска Банка. „Предвидената продажба на акциите издадени од страна на Охридска Банка ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите (вклучувајќи ги правилата кои се однесуваат на конкурентски понуди) на Законот за преземање на акционерските друштва. Управниот одбор на Охридска Банка примил од Штаер намера за преземање на сите акции издадени од страна на Охридска Банка („намера за преземање“). Порамнувањето на трансакцијата е очекувано да се случи во наредните месеци, имајќи предвид дека истото е предмет на одобрување од страна на Народната банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност и Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и сите неопходни странски регулаторни и антимонополски одобрувања“, се вели во соопштението од банката. Охридска Банка АД Скопје, Сосиете Женерал Груп, во изминатите неколку години бележи рекордни резултати во своето делување, позиционирајќи ја банката на петто место на најголема банка по висина на средства, кредити и депозити на македонскиот банкарски пазар, активна во делувањето и со сегментот население и корпоративни клиенти. Во наредните неколку месеци, Сосиете Женерал Груп и Штаер заедно ќе работат на добивање на потребните дозволи. Охридска Банка АД Скопје ќе продолжи да го услужува населението и корпоративните клиенти со истото ниво на квалитет и посветеност, спремајќи се за непречена транзиција за клиентите, обезбедувајќи притоа стабилност на нивниот однос со банката, велат од банката.