Софиски Капитал ја објави веста за новата стратегија на оваа Банка за регионот, но секако таа вест и официјално треба да се потврди или негира. Тоа е обврска кон јавноста на парижаните
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Во рамките на постојаните вести од македонското банкарство кои беа главно секогаш добри, стигна една вест која збунува – француската Сосиете женерал ја продава својата банка тука!
Оваа вест кај нас дојде од добро информираниот софиски Капитал, неделник со свои он лајн дневни вести, кој јавува дека оваа француската групација се повелкува од регионот на Источна Европа, како од пазар кој повеќе не е нејзина стратегија.
Во рамки на ова, како што пишува бугарскиот весник , се продава банката во Бугарија во пакет со уште пет подружници на француската групација во Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија и Молдавија.
Весникот нагласува дека сите банки добро се управуваат и се со добивка, но истовремено страдаат од сличи недостатоци – тие се среде мали пазари, каде некогаш примамливо високата рентабилност сега се топи, а средината е заситена и во исто време нестабилна од политичка и регулаторна гледна точка.
Во 2016 година групацијата ја продаде хрватската Сплитска банка на ОТР, а во текот на 2017 година и грузиската. Надвор од предвидениот пакет што ќе се продава остануваат банките во Русија, Романија и Чешка.
Да се потсетиме дека Сосиете Женерал потпиша договор со Охридска банка на 24 јануари 2007 година ои така влрзе во земјава. Целата трансакција требаше да заврши до 31 март годинава.
Акообро се сеќваме тогашниот гиувернер на НБРМ се трудеше нашио често трул банкарски пазар да го полни со здрави банки кои би дошле одннадвор. Впрочем, претставниците на Сосиете Женерал непосредно пред Новата 2007 година беа кај гувернерот Петар Гошев со цел да ги добијат потребните информации за законската регулатива за добивање согласност од НБРМ за влез во Охридска. За пакетот од 52 отсто, реномираната француска банка реши да кешира околу 45 милиони евра.
Сосиете Женерал во светски рамки тогаш беше рангирана на 21 место, во европски се смета за една од четирите водечки.. Дури, магазинот “Еуромани” ја прогласи за најдобра банка во Европа. Таа постоеше 140 години. Вредноста на имотот и изнесуваше близу 400 милијарди евра. Со бизнисот беше инфилтрирана во 76 земји во светот. Опслужуваше 20 милиони клиенти.
Банката е позната по тоа што вложува во инвестициски фондови и во инфраструктура. Непосредно пред влезот во Македонија купи две банки од нашето соседство – Подгоричка банка од Црна Гора и Сплитска банка од Хрватска. Балканско седиште на Французите е во Белград и таму веќе постоеше три децении.
Глобус магазин комуницираше со банкарското раководство на анката која добиново уво и со тогашната генерална директорка Јитка Пантучкова. Банката доброс е снајде и тоа токму во време на кризата во светот (2008 – 2010), кога успеа да стигне на 4-то место во земјава. Главно се насочуваше кон средните и мали претпријатија – беше прва во она што се нарекува „Б“ лигата.
Но, да се вратиме на денешницата. После преносот на веста од софиски Капитал на еден брифинг со гивернерот Богов, кому му истекува мандатот. Го прашаа за ова ново сознание а се чини Богов – кој не крие дека сака да добие уште еден мандат (!) не се снајде баш најдобро. Мораше да издава соопштение со кое порекнува дека дал изјава со која потврдил дека продажба ќе се случи, туку нагласил дека не би коментирал, бидејќи, станува збор за пазарно чувствителна информација, како и тоа дека ако постои таква одлука, групацијата „Сосиете Женерал“ треба да ја извести пошироката јавност. АЛФА ТВ пото му упати извинување до НБРМ и гувернерот Богов и потенцираше дека се работи за ненамерна грешка во најавата и насловот на прилогот, но не и во содржината на прилогот.
Инаку, публикацијата на Светска Банка, Глобал Фајнанс, 25-ти пат по ред ја објави листата на добитници на престижната награда „Најдобра банка за 2018 година“ за земјите од Централна и Источна Европа. Трета година во низа, единствена банка од Македонија, која го добива ова престижно признание е токму Охридска банка Сосиете Женерал, која неодамна одбележа 10 години од постоењето на Сосиете Женерал во Македонија.
Но едно се внимателните изјави на гувернерот а друго ветите што ги пласира Капитал, кој секако не е „мачкина кашлица“ – не се работи за една балканска филијала туку за глобална стратегија! Во секој случај Богов е во право – македонската филијала мора да се огласи, бидејќи тоа се чуваствителни информации кои јавноста мора да ги знае.