Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СОФИСКИТЕ ВРАТИ ЗАТВОРЕНИ ЗА ИВАНОВ

June 25, 2018 Filed Under: Македонија

Бегајќи од скопските коментари дури во соседството, претседателот Иванов наиде на повеќе од лош дочек таму. Скандалозниот пречек на кој наиде и кој требаше да биде порака за него, пред се од ЕУ, сепак не го премисли. Радев му порача на Иванов да биде водач, а не само учесник

КИСЕЛО – ВЕСЕЛО Иванов со сопругата Маја во Софија се трудеа да се прават дека образите не им се поцрвенети

Бугарија е многу загрижена од ескалацијата во Македонија во врска со договорот за новото име на државата, рече бугарскиот претседател Румен Радев на неодамнешната прес-конференција во Софија по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Радев го повика Иванов да не биде само учесник, туку и водач во дијалогот меѓу институциите во Република Македонија, бидејќи, како што истакна, тоа е важен услов за постигнување на стратешките приоритети – членство во ЕУ и НАТО.

-Разговаравме за ова прашање и ги поздравуваме напорите за решавање на овој случај, ова е важен чекор за Македонија, кој ние го поддржуваме. Сфаќаме дека ова е сложен процес и за Македонија и за Грција. Исто така е важно и за Бугарија. Кога станува збор за ова прашање, треба да биде јасно дека ниту една наша власт не е заинтересирана за името. Ги прифаќаме резултатите од преговорите меѓу Грција и Македонија за името, особено доколку ги отстранат важните пречки на патот кон процесот на интеграција на Македонија. Главното ветување за нашата поддршка за името на Македонија е строгото исполнување на договорите со нас, рече Радев.

-Се осмелувам да кажам дека Бугарија е земја која најсилно го поддржува евроатлантскиот пат на Македонија. Треба да биде јасно дека Бугарија има доследна политика од 1991 година. Тоа го препотврдивме и со договорот од 2017 година, особено член 11, во кој се вели дека двете земји не треба да имаат територијални претензии , истакна Радев кој оцени дека Договорот веќе ги дава своите резултати, посочувајќи ги статистиките за растот на стоковната размена, инвестициите во економијата, туризмот, кои според него се охрабрувачки.

На новинарско прашање до претседателот Иванов, да објасни зошто ја напуштил средбата со Заев и Димитров вчера, тој одговори:

-Никого не сум избркал, не шпекулирајте. Немаше ништо за што би можел да разговарам за овој документ, во кој не учествував. Како што го донесоа, така нека го завршат. Тоа е нивна одговорност, одговори Иванов.

МАРГИНАЛНО Иванов го пополнуваше времето со подоцнежни измислени средби, како онаа во Македонскиот културен центар

Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов кој е во Софија требаше да се сретне и со бугарскиот премиер Бојко Борисов и бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, но средбите се откажани.

– Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на нашиот сосед. Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Јасна е и позицијата на претседателот на Македонија. Бугарската Влада не гледа причина да биде искористена за внатрешно-политички дебати во Скопје. Клучно за идниот развој на нашата соседна држава е интеграцијата во ЕУ и НАТО и тоа да не се доведува во прашање, се наведува во соопштението од Владата на Бугарија.

-Бојко Борисов е премиер на земја која претседателствува со ЕУ, и тој зборува за дијалог. Но, со овој гест тој учествува и не ја разбира главната цел на претседателствувањето, изјави Иванов.

По ова објаснување во одбрана на премиерот застана домаќинот Радев кој му возварти на Иванов дека тој самиот треба да научи што е тоа дијалог, ценејќи го неговиот потег кога само две монути им посвети на македнскиот премиер Заев и министерот за надворешни работи Димитров кога дојдоа да му го дадат Предлог-законот за ратификација на Договорот со Грција.

МУ КАЖАА Соседите му одржаа лекција на Иванов, но тој решил да го истрпи секој срам

Тоа што тој им го направи на македонските политичари од врвот, го доживеа самиот во Софија, само што тука „шамарите“ пукнаа погласно, заради тоа што се работи за посета во странство.

И така, шефот на државата, бегајќи од скопските коментари во соседството, претседателот Иванов наиде на повеќе од лош дочек таму. Скандалозниот пречек со кој се соочи и кој требаше да биде порака за него, пред се од ЕУ, сепак не го премисли. Иако Радев му порача на Иванов да биде водач, а не само учесник.

 

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet