Ескобар откри дека притиска кон макрон да биде поостар кон Бугарија во нејзиниот анимозитет за приемот во ЕУ на нови членки. Францускиот амбасадор во Скопје „не олади“ во однос на очекувањата
Иако изјавата на Ескобар од минатата недела посветена на македонско – бугарскиот спор зслужи простор во македонските медиуми, тие, пред се заради тоа што беа оркестрирани да имаат црната костимографија во амбиентот, наспроти прогласувањето на новата Влада на Ковачевски во Парламентот, па одвај да и обратија внимание. Пред се заради негоивата позиција на балканските простори.
Зборувавме со Франција што е можно побрзо да почнат преговорите на Македонија со ЕУ, рече Ескобар во својата изјава. Тој подвлече дека САД остануваат на позицијата дека Северна Македонија и Албанија не треба да се одвојуваат во процесот на пристапување во ЕУ
Заменик – помошникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, инаку за Гласот на Америка на македонски, рече дека зборувал со Франција за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, која од први јануари го презеде шестмесечното претседателство со Унијата.
„Веќе зборувавме со Франција. Ставивме јасно до знаење дека ние веруваме дека членството во ЕУ за сите држави од Западниот Балкан е од суштинско значење за сите нас. Веруваме дека тие се дел од Европа, веруваме дека како што ги исполнуваат условите со затворање на поглавјата треба да бидат се` повеќе интегрирани во ЕУ и мислиме дека тоа ќе биде решение за сите држави. Секоја држава што влегла во ЕУ станала подемократска, попросперитетна и постабилна“, изјави тој, и додаде:
„Пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ треба да го реши Европа. Сепак, ние силно ја поддржуваме кандидатурата на Северна Македонија за ЕУ, веруваме дека има завршено огромна работа, таа е веќе европска држава, културно и историски европска држава. Оттаму, сакаме да видиме да го почне процесот што е можно побрзо“, рече Ескобар.
Тој рече дека верува оти ЕУ не ја разочарала Северна Македонија бидејќи и натаму продолжува да ѝ помага. „Верувам дека ќе постигнеме соодветен договор за многу кус временски период. Ќе работиме на тоа“, кажа тој.
Ескобар смета дека шест месеци, како што најави бугарскиот премиер Кирил Петков за решавање на спорот со Северна Македонија, се доволни да се решат проблемите, иако нагласи дека постои фрустрација меѓу европските партнери оти процесот не се одвива брзо.
Тој, исто така, рече дека САД остануваат на позицијата дека Северна Македонија и Албанија не треба да се одвојуваат во процесот на пристапување во ЕУ.
„Нема промена во позицијата на САД. Веруваме дека двете држави ја завршија работата, двете држави се движат во вистинска насока, двете држави имаат европски фокус и ориентација, и сакаме да ги видиме да се движат заедно. Сакаме да видиме дека се движат заедно брзо“, вели Ескобар.
Тој кажа дека Амбасадата на САД во Софија работи со бугарската Влада на бројни прашања.
Бугарскиот претседател Румен Радев, по последниот состанок на Советот за безбедност, повтори дека нема да го тргне ветото за Северна Македонија, и оти дава дозвола за почеток на пристапните преговори на ЕУ само со Албанија.
Во овој момент е невозможно да се утврди точен датум, но, јасно е дека француското претседателство постојано ќе ја поддржува земјата“, рече минатата недела францускиот амбасадор во Скопје Сирил Бомгартнер и прилично ги олади македонските очекувања од Париз. Франција, која во наредните 6 месеци ќе претседава со Европската унија, уверува дека ќе го поддржува проширувањето. На пример, според францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер кој во Собранието ги презентираше приоритетите на неговата земја, не значи и јасен временски период кога Северна Македонија би ги почнала преговорите за членство – блокирани поради бугарското вето.
Брисел, преку својот амбасадор во Скопје, ги исцрта очекувањата од новата влада – реформи, напредок во разговорите со Бугарија, но и консолидирање на напорите кон европскиот пат.
„Важно е да видиме напредок во билатералното прашање со Бугарија и да видиме дека Северна Македонија продолжува да напредува со реформите на својот европски пат. Консолидирање на патот кон Европската Унија. Со новата Влада, со новиот премиер очекуваме продолжување на реформскиот пат со уште поголем жар, почитување и јакнење на владеењето на правото и борбата против корупција“, истакна Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Северна Македонија.
На седницата на Советот за евроинтеграции учествуваше и Никола На тоа место Никола Димитров. вицепремиерот за европски прашања, кој во изминатиот ден беше во центарот на вниманието поради прес-конференцијата на која изјави дека не си заминува од владата туку дека нема да биде дел од новиот кабинет зашто некому не му одговараат неговите ставови за спорот со Бугарија, ја повтори позицијата дека на примерот на Северна Македонија „се крши“ кредибилитетот на Унијата на Балканот.
„Ние сме во ситуација на заеднички успех или заеднички неуспех. Македонскиот случај е најубедливиот, најдрастичниот тест за кредибилитетот на политиката на ЕУ кон регионот на Западен Балкан. Тоа го кажа и самата Комисија во пакетот за проширување во октомври, тоа го кажуваат и официјални претставници на Франција. Затоа ако успееме, успехот ќе биде и на ЕУ, ќе биде добар за регионот, ќе биде добар за Северна Македонија и за Бугарија. Неуспехот е исто така пораз и голем проблем за сите, вклучувајќи не и нас нашите комшии и самата ЕУ“, рече Димитров.
Општиот впечаток од мината недела дека кај странскиот фактор се уште не ј нагазил папучата за гас за да се добие потребниот притисокот а дека новата Влада во Софија си доби релативно лесно шест месеци рок да работи на претставување на својата позиција во однос на спорот со Скопје.