Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СОЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИЦИИ ВО ГЕРМАНИЈА: ШТО СЕ МЕНУВА?

October 21, 2025 Filed Under: Свет

Акцентот е ставен на сериозни рестриктивни мерки кои ги нагласуваат обврските на невработените во Германија активно да бараат работа и да соработуваат со напорите на државата. На пример, се предвидуваат построги санкции за непојавување во бироата за вработување.

РЕСТРИКЦИЈА Во мигот во оваа земја разни видови социјална помош добиваат 5,5 милиони лица

БИСТРА УЗУНОВА

Во Германија се воведуваат нови и построги правила за доделување социјални бенефиции. Што точно предвидуваат промените, зошто се наметнуваат и кого најмногу засегаат? Еве ги најважните прашања.

Владејачката коалиција во Германија, предводена од канцеларот од редовите на христијанските демократи Фридрих Мерц, се согласи за промени во системот за доделување социјални бенефиции. Досега, во земјата има речиси 5,5 милиони луѓе кои ја примаат оваа социјална поддршка.

Што се менува?

Акцентот е ставен на сериозни рестриктивни мерки кои ги нагласуваат обврските на невработените во Германија активно да бараат работа и да соработуваат со напорите на државата. На пример, се предвидуваат построги санкции за непојавување во бироата за вработување.

Доколку по првото непојавување следува веднаш втора покана за интервју, а оној што ќе го пропушти без сериозна причина ќе добие социјална помош намалена за 30%. Оние што нема да се појават трет пат ќе останат без никаква социјална помош. Доколку примателите на државна помош продолжат да не се појавуваат во следниот месец, мерките предвидуваат и одземање на нивните парични надоместоци за плаќање кирија, информира АРД.

До границите на она што е дозволено со уставот

„Оние што одбиваат да соработуваат ќе се соочат со тешкотии“, рече министерката за труд Бербел Бас. Според неа, промените ги допираат границите на она што е дозволено со уставот. Сепак, ќе се земе предвид постоењето на валидни причини за отсуство и околности што не дозволуваат социјални крајности.

Друга промена што е планирана се однесува на имотот на засегнатите, кој сега ќе биде помалку заштитен. Наместо тоа, заштитениот имот ќе зависи од должината на стажот акумулиран со текот на годините.

Зошто е неопходна реформата?

Главните критики за сегашниот систем за социјална помош беа дека е премногу скап за државата, дека не стимулира активност за започнување работа и дека прекршувањата на правилата не доведоа до сериозни последици. Покрај тоа, неодамна имаше силно незадоволство од постоењето на бројни измами со социјална помош.

„Оние што работат треба да добиваат значително повеќе од оние што не работат“, вели лидерот на ЦСУ, Маркус Зедер. ЦДУ, сестринската партија на канцеларот Фридрих Мерц, се надева дека најмалку 100.000 невработени лица сега ќе бидат дополнително мотивирани да започнат со работа, што би обезбедило заштеда од 1,3 до 1,5 милијарди евра.

Какави се бенефициите?

Социјалните бенефиции во Германија, кои сега ќе се нарекуваат „Основна заштита“, го гарантираат минималното ниво на егзистенција предвидено со Уставот. Примателите кои не се членови на семејството моментално добиваат 563 евра месечно, а постои и посебен надомест за плаќање кирија. Децата добиваат, во зависност од нивната возраст, од 357 до 471 евро.

Какви се реакциите?

Претставниците на организациите на работодавачи и деловните кругови генерално ги поддржуваат новите, построги мерки. Според нив, новите правила водат во вистинската насока. Напротив, лидерката на Левичарската партија, Хајди Рајхинек, зборува за „масовен напад врз социјалната држава“ и ги нарекува плановите на владата „нехумани и правно сомнителни“.

Колку луѓе одбиваат работа?

Нема точна статистика, но бироата за труд известуваат дека во последните 12 месеци (до септември 2025 година) имало 25.000 одбивања за започнување на понудена работа, обука или преквалификација. Поради оваа причина, на 25.000 луѓе им биле делумно намалени бенефициите.

Filed Under: Свет

ПО ПРВИОТ КРУГ: ВМРО-ДПМНЕ ГО ГУБИ ГЛАСАЧКОТО ТЕЛО АМА ПАК ПОБЕДУВА
КАКО ИЗЛЕЗЕ ТРКАТА МЕЃУ ФАВОРИТИТЕ ВО АЛБАНСКИОТ БЛОК
ЕВРОИНТЕГРАЦИИ: ЦРНА ГОРА И АЛБАНИЈА ОДАТ ПОНАТАМУ
MАКЕДОНСКИТЕ ФИЛМАЏИИ ЖНЕАТ НАГРАДИ ПО СВЕТОТ
УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН И СОСТОЈБАТА СО МЕДИУМИТЕ НА БАЛКАНОТ НА ЛОКАЛНИТЕ ЛИДЕРИ?

Најново

  • ПО ПРВИОТ КРУГ: ВМРО-ДПМНЕ ГО ГУБИ ГЛАСАЧКОТО ТЕЛО АМА ПАК ПОБЕДУВА
  • КАКО ИЗЛЕЗЕ ТРКАТА МЕЃУ ФАВОРИТИТЕ ВО АЛБАНСКИОТ БЛОК
  • ЕВРОИНТЕГРАЦИИ: ЦРНА ГОРА И АЛБАНИЈА ОДАТ ПОНАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet