Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СОЈУЗНИЧКИ АРМИИ НА КРИВОЛАК: НАПАД И СО ПОМОШ НА РОБОТ- ВОЗИЛО

May 30, 2023 Filed Under: Македонија

Хеликоптери, оклопни возила, топовски орудија, како и борбено робот-возило што беше првпат употребено се вклучија на полигонот Криволак во рамките на воената вежба „Брз одговор 23“ што се одржа од 22 мај до 5 јуни

ПРОЕКТОТ ЗА КОЈ СЕ ГОВОРИ Претставување на Пројецт оригин – робот кој треба да ги намали ччовечките загуби

Дури 1.800 војници ќе учествуваат на вежбата „Брз одговор 23“

На вежбата „Брз одговор 23“ на Криволак првпат ќе биде употребено и роботизирано борбено возило „Project Origin“ кое е сè уште во развојна фаза. Целта на возилото е зголемување на борбената моќ на пешадиските единици и избегнување на човечките загуби.

Хеликоптери, оклопни возила, топовски орудија, како и борбено робот-возило што ќе биде првпат употребено, ќе бидат вклучени на полигонот Криволак во рамките на воената вежба „Брз одговор 23“ што ќе се одржи од 22 мај до 5 јуни.

Учествуваа повеќе од 1.800 припадници од македонската армија, како и од армиите на САД, Албанија, Црна Гора, како и од Косово.

„Главната цел на оваа вежба е развивање на способностите за здружено дејствување, кои се гарант за безбедноста на регионот и на алијансата“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа додаде дека е исклучително важно што ќе се прикаже капацитетот на армискиот полигон Криволак.

„Имаме способност, како земја домаќин, да го приредиме ова и да вложуваме и понатаму во развојот на интероперабилноста“, истакна Петровска и додаде дека вежбата е приказ за стратешкото сојузништво со САД, наш докажан партнер и сојузник во Алијансата.

ИСТОВАРУВАЊЕ Пешадијата излегува од воениот транспортер

Од македонска страна ќе учествуваат 500 припадници на армискиот состав, додека од САД ќе има околу 1.000 учесници. Вежбата се организира под водство на Командата на Армијата на САД за Европа и Африка.

Заменикот амбасадор од Амбасадата на САД, Ерик Мејер истакна дека и натаму ќе продолжи поддршката за македонската армија да ја одржува својата борбена подготвеност.

„Армијата на Република Северна Македонија докажува дека е подготвена, добро позиционирана и спремна да се интегрира со мултинационалната бригада и со силите на САД за Европа. Преку новите стратешки концепти, ние ги покажуваме нашите комбинирани способности, нашите здружени капацитети за одбрана“, рече Мејер.

На полигонот ќе се користат оклопните возила од моделот „HMMWV“, борбени хеликоптери „апачи“, транспортни хеликоптери „black hawk“, „chinook“, како и транспортните хеликоптери „Ми 8/17“ од македонската армија.

За првпат ќе биде употребено и роботизирано борбено возило „Project Origin“ кое е сè уште во развојна фаза. Целта на возилото е зголемување на борбената моќ на пешадиските единици и избегнување на човечките загуби.

КРИВОЛАК Капацитетот на овој полигон постојано се преиспитува и – потврдува – вели минисстерката за одбрана

За време на вежбата ќе се користи стандардна маневарска и бојна пешадиска и артилериска муниција.

Во текот на вежбата, во соработка со универзитетската лабораторија „Амбикон“ од Штип ќе се мери и контролира присуството на суспендирани честички на просторот на армискиот полигон.

Специјално по повод вежбата, на 21 и на 28 мај во Куманово и во Кавадарци ќе се организираат и отворени денови за граѓаните, каде беа изложени дел од борбените возила и летала.

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet