Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СО ГЕНЕРАЛИЗАЦИИ И СПИНОВИ ВМРО ДПМНЕ БЕРБАТИ СЕ ШТО СРАБОТИ СЈО

October 1, 2019 Filed Under: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ, која е најзасегната од работата на Специјалното обвинителство, со извртување на вистината дека СЈО му служело на Заев и само за рекетирање, а притоа наводно биле потрошени 12 милиони евра јавни пари, фрла кал врз сите предмети што ги отвори и ги тера(ше) СЈО за 4 години. Партијата ова го прави користејќи го случајот „Рекет“ и преку овој него се обидува да го сруши сето она што го сработи СЈО од неговото основање. Пораката која се обидуваат да ја испратат до јавноста е дека нивната партија и лицата засегнати од обвиненијата и истрагите се апсолутно чисти и се само жртви на политички прогон и на рекет

ТЕОФИЛ  БЛАЖЕВСКИ

БЕЛАТА ПАЛАТА Од деновите кога таму беше постојано полно – поголем дел д функционерите таму сеобвинети

Главната опозициска партија издаде соопштение во кое по наша оценка има извртени вистини, т.е. спин:

Спин: СЈО 4 години испумпа 12 милиони евра пари на граѓаните кои се потрошија за плати и хонорари за обвинителите рекетари и нивните роднини вработени како административен персонал.

СЈО ги трошеше парите на граѓаните, а работеше за Зоран Заев. Заев најавуваше хајка, а СЈО веднаш отпочнуваше монтирана истрага.

На обвинителите на СЈО им беа овозможени сите услови и комоција за работа, истите злоупотребија се и беа маша за рекетирање…

… Многу дадени пари од граѓаните, а ефект никаков. СЈО беше само маша во рацете на Зоран Заев за спроведување на хајки и криминал. Одговорност за целото незаконско работење ќе има.

[ИЗВОР: ВМРО-ДПМНЕ/веб страна – Соопштение – датум: 20.09.2019]

Контраспин: Партијата која е најзасегната од работата на Специјалното обвинителство со извртување на вистината дека СЈО му служело само на Заев и само за рекетирање, а притоа биле потрошени 12 милиони евра јавни пари, фрла кал врз сите предмети што ги отвори СЈО за 4 години. Пораката која се обидуваат да ја испратат до јавноста е дека нивната партија и лицата засегнати од обвиненијата и истрагите се апсолутно чисти и се само жртви на политички прогон и на рекет. Но, вистината е малку поинаква.

Во соопштението/ставот на ВМРО-ДПМНЕ се прави општа генерализација, се манипулира со медиумски написи кои кажувале колкави биле платите на доскорешната специјална обвинителка Катица Јанева и на другите обвинители (на пример, ден порано од нивна страна беше поименично споменат и Гаврил Бубевски и повеќе други), се потенцираат непотистички вработувања во СЈО и на крај се заклучува дека биле „многу дадени пари од граѓаните, а ефект никаков“.

ПОСТОЈАНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ Хрисијан Мицковски постојано ги зголемува за два пати трошоците на СЈО

ЕФЕКТИТЕ ДОПРВА ЌЕ ДОАЃААТ Ефектот засега можеби не е многу видлив, освен ако не се земе предвид дека во случајот „Тенк“, правосилно осуденииот Никола Груевски, експретседател и сегашен почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ е во бегство за да не ја издржува казната, а имаме и една ослободителна пресуда во прв степен за Драган Павловиќ- Латас во случајот „Тревник“. Но, да не се заборави и фактот дека според извештаите на СЈО, особено последните три, во предметите што ги застапуваа обвинителите од ова обвинителство осудени се над 10 лица од кои апелација ја потврдила пресудата за петмина (заклучно со 15 март 2019).

Патем, свен овие погореспоменатите случаи/процеси водени по обвиненија на СЈО, во судовите има уште 20 -тина други, вклучувајќи ги и Талир 1 и Талир 2, случаи кои директно се однесуваат на перење пари од страна на поранешниот и дел од сегашниот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ и незаконска изградба на седиштето на партијата, т.н. Бела палата, поради што и имотот на партијата е сè уште замрзнат.

Така што, основниот спин, т.е. извртување на вистината од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се состои во фактот што ефектот, односно проценка на објективноста на обвиненијата ќе има кога ќе заврши севкупната судска постапка. Исто така, ефектот ќе се согледува и во поглед на истрагите – 10 –тина готови и уште десетици предистраги. Со префрлањето на ингеренциите на СЈО во Јавното обвинителство на државата, само ова обвинителство е надлежно да каже дали и кои предистраги и истраги ќе продолжат до ниво на обвиненија, додека тековните предмети веќе продолжија со работа со назначување на дел од поранешните обвинители на СЈО да продолжат да ги застапуваат обвиненијата пред судовите.

Севкупно земено, ефектот од четиригодишното работење на СЈО не е, ниту може да бид мал и занемерлив. А особено не може да станува збор за „никаков ефект“, како што оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ, кои за да го поткрепат овој спин, се служат со уште еден, а тоа зголемување на вкупно потрошените финасиски средства, што не им е прв пат.

НЕМАШЕ ПРОБЛЕМИ До сега никој не ги проблематизираше трошоците на СЈО

НЕВОМОЖНО Е ДА ПОТРОШИЛЕ 12 МИЛИОНИ ВЕРА ЗАШТО НИКОГАШ НЕМАЛЕ ТОЛКУ! ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СЈО за 4 години потрошило 12 милиони евра, што не одговара на вистината. Во еден друг текст во април, кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излегуваше со тврдења дека СЈО потрошило 15 милиони евра пари на граѓаните, „Вистиномер“ ја оцени изјавата како невистина, изнесувајќи аргументи дека заклучно со крајот на 2018 година СЈО потрошило дупло помалку за периодот 2015-2018 година, односно околу 8 милиони евра.

Сега повторно се врши преувеличување на трошоците. Имено за 2019 година СЈО имало за трошење одобрени пари од државниот буџет околу 228,6 милиони денари, односно околу 3,7 милиони евра. Според последниот објавен извештај за севкупното па и финансиското работење на СЈО, во периодот од почетокот на 2019 до 15-ти март 2019, потрошиле околу 37 милиони денари или 604 илјади евра. Останува непознато колку потрошиле од 15 март до 15 септември оваа година, зашто тој извештај сè уште не е објавен и не е доставен до Собранието. Но, дури и да претпоставиме дека ја дотрошиле сумата за цела 2019 година, што досега никогаш не се случило во работењето на ова обвинителсство, повторно станува збор за помалку од 12 милиони евра. Исто така, факт е дека во овие четири години од постоењето на СЈО никој никогаш не го довел во прашање, ниту го проблематизирал начинот на трошењето на средствата што му се доделени на ова обвинителство.

Имајќи ги предвид погоре посочените аргументи, оценуваме дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ изнесени во соопштенито се тврдења во кои се извртува вистината, т.е. се спин.

 

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet