Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СО СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈА ДО ЕВТИНА СТРУЈА

May 23, 2023 Filed Under: Македонија

Анализите по прашањето за враќањто на поранешната попладневна евтина струја ќе завршат наскоро и се очекува од јуни или јули да се воведе таа тарифа на струјата – вели Дарко Николовски од Агенцијата за енергетика

СТАБИЛНА БЕРЗА Николовски вели дека берзата на струја кај нас се стабилизира благодарејќи на зголеменото производство

„За дневната евтина тарифа на струјата ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, но по се ова што се случуваше, инвестициите во обновливи извори на енергија, бројќите на веќе инсталираните капацитети, вклучувањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија даваат право да очеквуаме РКЕ да донесе одлука за евтина дневна тарифа“ рече Дарио Николовски, директор на Агенцијата за енергетика во „10 минути“ на ТВ21.

Тој додаде дека анализите по ова прашање ќе завршат наскоро и рече оти очекува од јуни или јули да се воведе дневната евтина тарифа на струјата.

„Изминатата грејна сезона, која ја поминавме  во светска енергетска криза, со успешно спроведените мерки и политики ја поминавме со зголемено домашно производство и без зголемување на цените“ рече Николовски.

Директорот на Агенцијата за енергетика исто така кажа дека конечно е во функција Македонската енергетска берза со која се докажува дека институциите имаат капацитет и дека енергетскиот сектор е стабилен и поткрепен со исправни политики.

ЌЕ ТРЕБА ЛИ ВРЕМЕ Секако е важно да се земе во предвид и приодот на ново адаптирано користење на попладневната евтина струја

„Енергетската берза ја гарантира стабилноста на цената и овозможува македонските компании да бидат што е можно поконкуретни. Очеквуам оваа берза да стане компатибилна со останатите берзи во регионот, а со тоа и домашните компании да станат поконкурентни“ рече Николовски.

Според нив ќе треба време да се прилагодат броилата за евтината струја, за што ќе се работи по реони. Најавуваат дека процесот за сите домаќинства ќе го завршат до крај на октомври. Прилагодувањето на секое поединечно бороило е рачно за што е потребно физички контакт со секое броило од страна на читачите на броилата.

Да се потсетиме дека претходната власт ја укина оваа бенефицирана цена која многу им знчеше на пензионерите а дека истата беше вратена во октомври 2017 година, по преземени активности и од вработените во ЕВН. Беше неопходен голем зафат за сетирање на броилата.

Проценката која ја дадоа тогашниот премиер Заев и заменикот Анѓушев

Беше дека по домаќинство оваа тарифа ќе донесе заштеда од 30 – 40 отсто.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet