ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Не знам дали Драги Рашковски барањето со гаранциите од 500.000 евра го напишал со толку стручни термини што Обвинителството и судот не го разбрале и затоа се сложиле да му го укинат притворот, но чуди како не се укинува притвор и за понуда која е за 21 пат понисока
„Зборувај им ти со стручни термини, а тие се глупави и ништо нема да те разберат!“ Вака некако гласел советот којшто Драги Рашковски му го дал на сега еден од осомничените за набавката на софтверот кој никому не бил потребен, ама бил набавен и платен.
Дали Драги Рашковски, кога поднесувал гаранции во списите користел термини коишто се неразбирливи за обвинителите или тие навистина биле глупави и затоа дале позитивно мислење по добиениот предлог останува да видиме, но она што е извесно е дека Рашковски не си ја заврши работата до крај! Имено, за 500.000 евра, ( за кои никој и не прашува од каде му се на професорот и иноватор), Рашковски не очекуваше куќен притвор, туку комплетно ослободување.
За мене, барањето на Рашковски е максимално легитимно, оти кој е будала да дава гаранции за да остане заклучен во сопствениот дом? Но, за да ми биде Рашковски до крај анти-херој од него очекувам да почне да размислува и за бегство! Ова не значи дека го поттиквувам на такво нешто или за да ми го направи меракот, туку да им покаже на правосудните органи дека навистина се наивни, но и за да „испозаглави“ негови блиски кои од прв ден веруваат во неговата невиност, иако тие многу добро знаат дека Рашковски за само една, не цела година, успеа(л) да купи си џип, плац во Побожје на кој треба да никне хациенда со големина од неколку стотици квадрати, да уплати годишен одмор во Мексико….Многу се тоа пари и за еден универзитетски професор! Премногу!
Некој можеби ќе каже дека човекот земал кредит, ама ако се види износот на кредитот и рокот за враќање, тогаш повторно се отвораат прашања од типот: Дали е можно да се вратат толку пари во толку краток временск
Како ќе заврши ова со екс-генералниот секретар на Владата ќе знаеме наското. Не сакам да бидам скептичен, но нешто ми зборува дека нема да излезе на арно?!
Кој знае, можеби се ќе биде како што треба, ама за 500.000 евра нема многу на што да се надеваме. Конечно, половина милион евра и некоја гаранција…..Секако дека е мала, но и ништожна во споредба со она што како гаранција ( и тоа за куќен притвор – з.а.) го понуди Сашо Мијалков. Имено, Мијалков понуди 10,8 милиони евра или 21 пат повеќе пари и се уште чека и се надева дека понуденото ќе му биде прифатено како гаранција!
Да сум јас на местото на Мијалков јас би го заложил и „Мериот“! Малку од потреба, малку од каприц, а малку и од инает!
Со уште едно вакво „надополнување“ на гаранциите мислам дека никој не ќе има против тој да биде отпуштен од „Шутка“. Со една таква понуда ниту на Мијалков не би му паднало на памет да бега.
Ако сме до крај искрени ќе се присетиме што кажа Мијалков во судница и надвор од неа, а рече дека тој не е човек кој бега и дека бегањето не е негов стил на живеење.
Изгледа дека ни претстои интересен период?!
Една одлука за заменет притвор со куќен притвор беше изречена. Сега ни претстои да почекаме да видиме каква нова одлука ќе биде изречена и во вториот случај.
П.С.
Малку време откако овој текст беше напишан дојде соопштение со кое Јавното обвинителство потврди дека Сашо Мијалков нема да биде кривично гонет за обид за бегство, бидејќи истрагата покажала дека немало такво нешто