Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„СПАСИТЕЛОТ НА СВЕТОТ“ ДОБИ 20 ГОДИНИ ПРЕСТОЈ ВО МЕНТАЛНА КЛИНИКА

November 13, 2018 Filed Under: Македонија

Судот оценил дека Македонцет Панде Велевски не е виновен за убиство на еден Французин бидејќи е ментално болен, но затоа идните две децении ќе мине во клиника за ментално болни

АВСТРАЛИСКИ СЛУЧАЈ Трагедијата во Северна територија се случила од неземање на лекови на болен човек – фотографија на Панде Велевски

Македонецот Панде Велески ќе биде сместен во психијатриска установа во наредните 20 години за убистството на француски турист во 2016 година во Австралија. Судот оценил дека Велески не е виновен за убиство поради нарушеното ментално здравје. Сепак, еднаш годишно пред судот ќе биде доставуван извештај за неговата психичка состојба.

Како што објаснил Македонецот во своето сведочење, тој изгубил разум поради тоа што не ги земал лекарствата, па го убил Филипе Џегузо. Велоски талкал низ Сверената Територија чекајќи „сигнал да убие некого за да го спаси светот“.

Врховниот суд на Северната Територија утврдил дека Велески боледувал од шизофренија и параноја во ноември 2016 година кога го избодел Џегузо повеќе од 20 пати во вратот и грбот, пред очите на неговата сопруга додека двојката пиела кафе на одморалиштето покрај автопатот.

„Според утврдените факти во случајот, Велески престанал да ги зема лековите во деновите пред убиството, а го напуштил својот дом во Мелбурн за да почне да се вози кон Северната Територија, каде што тој имал намера да се вклучи во „граѓанска војна“. Тој го слушал радиото чекајќи сигнал дека треба да убие некого, изјави пред судот вишиот обвинител на Кралството, Стивен Робсон“.

Северната Територија е дел од Австралија кој е прилично пуст, но кој е омилен за туристите, кои можат слободно да кампуваат, како и за номадите што живеат во овој дел од континентот.

ЖИВЕАЛИШТЕ Велевски се клриел по ваквите привремени живеалишта што ги има во ова област

Велески на 30 ноември 2016 со својот автомобил запрел на истото одморалиште каде претходно застанале Џагузо и неговата сопруга Аурелија Чориер, па на чешмата покрај нив ги измил своите влечки. Тој потоа се упатил кон автомобилот од каде извадил ножици. Велески му се приближил на Французинот, кој му рекол „здраво“ и се завртел. Тогаш убиецот ги зарил ножиците во вратот на Џагузо и продолжил да го прободува, а Чириер се обидувала да го запре Велески удирајќи го со маса на расклопување. Нашинецот сталожено и мирно си заминал кон автомобилот и се одвезол.

ЕДНА ОД ПОСЛЕДНИТЕ ФОТОГРАФИИ Велески станал душевно болен откако го напуштила сопругата

Македонецот потоа се обидел да се засолни во оддалечена заедница на Абориџините, каде што бил сигурен дека ќе го прифатат бидејќи „го спасил светот“. Наместо тоа, тој беше пронајден наредното утро во дивината, гол, дехидриран и покриен со расекотини и модринки. Тогаш нападнал двајца полицајци додека се обидувал да им избега за што беше обвинет и за напад на полицајци и како и за обид за бегство.

Семејството на Французите објаснило дека сопружниците шест месеци патувале низ светот за на крајот да стигната во Австралија, но биле смирени бидејќи ги оставиле во уверување дека сега се во безбедна земја. Тие вината за убиството ја префрлија на лекарите кои не го хоспитализирале Велески и покрај неговите тешки проблеми со менталното здравје, кои прв пат биле откриени во 2008 година.

НЕ ГО САКАЛЕ НИТУ ТИЕ Абориџините не сакале да му помогнта на „спасителот“

При изрекување на пресудата Судот нагласил дека на двете страни им е јасно дека во моментот на убиството Велески знаел за природата на неговото однесување и бил во можност да управува со своите постапки, но дека не можел да сфати со ниту еден степен на смисла дека неговото однесување не е во ред.

Според она што е достапно на профилите на Велески на социјалните мрежи, тој бил рибар и гулабар. Неговите блиски сметаа дека бил параноичен и бегал од полицијата за која мислел дека го бара зошто не сакал да сведочи. Тој бил претепан неколку месеци пред убиството во својот стан од двајца насилници, кои буквално упаднале во неговиот дом и го демолирале. Од страв тој го напуштил станот и се преселил кај родителите, но не сакал да сведочи. Блиските веруваат дека состојбата му се влошила откако сопругата го оставила на почетокот од бракот и ја зела нивната едногодишна ќерка со себе, па оттогаш немал контакт со детето.

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet