Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СПАСОВСКИ: ДУИ И ПОМАГА НА ВМРО-ДПМНЕ

October 1, 2024 Filed Under: Македонија

ДУИ и помага на ВМРО-ДПМНЕ, ние само ги гледаме потезите кои се влечат во Собранието во овој период и врз основа на тоа што се прави, ние излегуваме со ставовите, вели во интервју за Радио слободна Европа пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничка група, Оливер Спасовски

СПАСОВСКИ По изборите ДУИ за ВМРО ДПМНЕ беше дефакторизирана партија!

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник Спасевски во интервјуто за Радио Слободна Европа потсети на изјавите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ е дефакторизирана и дека е минато во македонската политика.

– Вие се сеќавате дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по завршување на изборите и формирањето на владата рекоа дека ДУИ е минато во македонската политика. Дека ДУИ е партијата која за ништо не се прашува и не може да одлучува. Дека тоа е партија која е целосно дефакторизирана и никој нема да ја прашува за ништо. Дел од македонските граѓани дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ токму поради ваквиот пристап кон ДУИ. А ние во суштина што имаме после изборите? Со формирање на влада, дури и пред да се формира, веднаш имавме прва успешна средба и соработка или преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои се одвиваа во законодавниот дом, а се однесуваа за поддршка на Законот за организација на државната управа, рече Спасовски.

Вториот пат е гласањето за Законот за локална самоуправа кој треба да се донесе со двотретниско мнозинство, кое е целосно го девастира уставниот поредок во државата. Бидејќи после носење на законско решени со кое вие кажувате дека не треба да има избори како што кажува Уставот туку ние како една елита ќе си утврдиме кога ќе има, дека ќе се одвиваат како со Закон ќе пропишаме, повторно соработка меѓу ДПМНЕ и ДУИ, додаде тој.

– Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е поставена на едни добри односи, потенцира Спасовски во интервјуто за Радио слободна Европа.

Кредитот од Унгарија е договорен вонинституционално, сите разговори се водени од опозиција, има сомнежи за корупција и дека парите се всушност кинески, вели во интервју за Радио слободна Европа пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

– Ние ги кажавме нашите аргументи зошто сметаме дека ваквото задолжување не е добро. Беше договорено вонинституционално. Вие имате партија и лидер во опозиција кој најавува и преговара дека ќе има одредено задолжување од 1 милијарда евра. Сите разговори и договори се одвиваа вонинституционално. Тоа јасно покажува, ако работите ги правите вонинституционално не се во интерес на државата, рече Спасовски.

Второ, укажувавме и на одредбите кои стојат во делот на провизиите и трошоците кои воопшто не се дефинирани во законскиот текст и можат да бидат од до одредена сума која секако може да биде коруптивна, додава Спасовски.

– Најважно е што сите сомнежи дека тоа се во суштина пари од Кина, кои ги има земено Унгарија и понатаму се пласирани во државата. И во тој аспект, сметаме дека апсолутно ниту е добро, ниту е поволно, ниту ќе допринесе за подобрување на животниот стандард на граѓаните, вели во интервју за Радио слободна Европа пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Ние го поднесовме предлог Законот за бранителите затоа што сметаме дека треба да се затвори ова прашање, што предолго е отворено, каде семејствата на починатите бранители не се обештетени, каде треба да влезат во оваа категорија и оние кои ги дале својот живот во некои незгоди кои се случија, трагедии, како хеликоптерската несреќа итн, вели во интервју за Радио Слободна Европа пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски.

Тој ја обвини власта за двој и аршини во македонското Собрание и неосновано прекинување на законската постапка.

– Не може законско решение за кое се отвора дебата во законодавниот дом да биде предмет за креирање некакви тензии. Напротив, законодавниот дом е местото во коешто треба да ги отвориме сите дебати, да расправаме и да ги затвориме прашањата. Само ако отвораме прашања и дебати вонинституционално може да создадат тензии. Треба да продолжи постапката. Иако гледаме потези кои се влечат со прекинување на постапката за носење на законот.  Гледаме дека претседателот на Собранието, Гаши, има двојни стандарди во однос на свикување на седницата. Кога е задолжувањето од Унгарија може да се свика седница на Комисијата, а кога се работи за Законот за бранители тоа не може. Двојство има и во одлучувањето. Постапката треба да продолжи согласно прописите, вели Спасовски.

 

Filed Under: Македонија

БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА
ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ
АЛШАР КАКО РУДНИК ОД КАДЕ СЕ ГЛЕДА СОНЦЕТО

Најново

  • БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА
  • ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
  • КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet