Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СПАСОВСКИ: ПОЛИЦИЈАТА ЈА НАБЛУДУВАШЕ ЈАНКУЛОВСКА ДА НЕ ИЗБЕГА

October 6, 2020 Filed Under: Македонија

Првиот човек на МВР рече дека на ексминистерката и био оставено доволно време за да се подготви за одење во затвор  и за простување со семејството

НА ДРУГО СУДЕЊЕ Јанкуловска оди на друго судење од затворот во Идризово

Полицијата ја набљудувала поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за да не го напушти живелиштето, односно Скопје, бидејќи судот ѝ имал определено ваква мерка во еден од другите случаи кои се водат против неа, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во неодамнешното гостување на ТВ 24, еден ден откако Јанкулоска беше спроведена во затвор на издржување на затворската казна.

Според него со ваквиот начин на постапување, празнините кои постојат во системот при извршувањето на санкциите се пополнети, за да не дојде до злоупотреба на овие празнини, што беше случај со поранешниот премиер, Никола Груевски кој избега во Будимпешта додека полицијата го бараше за да му го даде упатниот акт за во затвор.

Во првите осум месеци на 2020 година до Министерството за внатрешни работи се поднесени 46 преставки за работата на полицијата, изјави вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во гостување на емисијата „24 Анализа” на TВ 24.

– Минатата година за истиот период имало 33 преставки за работата на полицијата. Неосновани преставки ова година се 15, додека во 2018 биле 11 преставки. Делумно основани преставки годинава има една, додека минатата година немало вакви преставки. Ова покажува дека оваа година има зголемување на полициски службеници кои ги пречекориле своите полициски овластувања. Поведени постапки за утврдување на дисциплинска одговорност за првите осум месеци за 2019 г.се осум, додека за 2020 се девет постапки, рече Спасовски.

Во однос на врачени откази и суспендирани полициски службеници, министерот Спасовски рече дека за првите осум месеци во 2019 година немале суспендирани полицајци, додека оваа година за истиот период има тројца суспендирани полициски службеници и еден врачен отказ.

СПАСОВСКИ Да не бевме брзи со носењето на Јанкуловска во Идризово ќе ме обинувавме зошто одолговлчекувавме

Истовремено министерот Спасовски, вечерва говореше и за настанот на полициската бруталност кој пред неколку дена се случи во Битола. Тој истакна декна без разлика за каков настан се работи, не смее да има полициска бруталност.

Министерот Спасовски, уште најави дека за настаните во Чашка и Битола, заедно со Факултетот за безбедност, ќе направат студија и врз основа на овие истражувања ќе се преземаат и превентивни мерки во двата аспекти.

– Во текот на оваа недела веќе е закажан првиот состанок на којшто ќе се покрене таа постапка, ќе се аргументира и ќе добиеме конкретно предлози што се поткрепени на научна основа и предлози што пред се ќе бидат и во делот на некаква споредбена анализа која што не е само во нашиот регион туки пошироко, додаде министерот Спасовски.

Во текот на оваа недела веќе е закажан првиот состанок на којшто ќе се покрене таа постапка, ќе се аргументира и ќе добиеме конкретно предлози што се поткрепени на научна основа и предлози што пред се ќе бидат и во делот на некаква споредбена анализа која што не е само во нашиот регион туку и пошироко, додаде министерот Спасовски.

ВО ХОТЕЛ Човекот кој придонесе за одење во зтавор на дузини приврзеници – Груевски ужива во хотел во Будимпешта

Оливер Спасовски за 24 анализа изјави дека на поранешната министерка Гордана Јанкуловска и бил оставен простор да се поздрави со семејството од околу половина час, за да се подготви и да се поздрави со семејството.

„Ако акцијата за спроведување на Јанкулоска не беше експресна ќе ме прашавте зошто чекате и зошто уште се губи време за тоа. Постапката беше врз основа на наредба од судијата за извршување на санкции врз основа на пресудата на Врховниот суд и така беше спроведена во затворот „Идризово“. Наредната гласеше веднаш да се приведе лицето и моравме врз основа на тоа брзо мораше да реагираме. Законот мора да важи подеднакво за сите“, соопшти Спасовски.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet