Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СПАСОВ: ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК СЕ НАПРАВЕНИ СО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

October 14, 2025 Filed Under: Македонија

Tие норми се направени за тогаш, а не да траат до денес вели редовниот професор по правна теорија и филозофија на правото, на панел дискусијата  на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

СПАСОВ И прагот од само 1 отсто беше висок за независните кандидати

Редониот професор по правни науки на трибината подвлече дека  измените на Изборниот законик се направени со Пржинскиот договор. Тие норми се направени за тогаш, а не тие да траат до денес.

„Со овие локални избори видовме што се случи, целиот процес во Парламентот беше блокиран од инает. Прагот од 1 посто беше преголем за независните кандидатури, особено во Скопје. Потоа видовме дека ДИК беше ставен во улога на законодавец.

Платеното политичко рекламирање беше злоупотребено од власата на Никола Груевски. Но, реформите не се случија, се уште нефер се распределуваат средствата за платено политичкото рекламирање.

Кампањата за локални избори на сè личи освен на кампања за локални теми. Сега кампањата се сведе кој е партиот кој е предавник.

Во албанските партии кампањата се сведе на тоа кој ќе победи политички ќе преживее, а кој ќе изгуби ќе замине во историја. Таквата реторика е играње со оган и може да донесе сериозни инциденти.

Политичките партии треба да седнат да донесат нов Изборен законик заедно со Работната група која беше формирана во рамки на Министерството за правда“, рече Спасов.

Спасов додава дека треба да се внесат нови политички играчи, особено на локално ниво.

„Треба да се направи децентрализација. И најдобриот градоначалник да го имате нема ништо да направи ако зависи од централната власт“.

 

Filed Under: Македонија

ЗАШТИТА НА ВОДИТЕ: ФЕКАЛИИ, СЕПТИЧКИ ЈАМИ И ПЕСТИЦИДИ
АНАЛИЗА: РЕфОРМАТА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ , КОЈ ЌЕ ГО ПЛАТИ „ЦЕХОТ“?
ПОДБИВНАТА ПТИЦА НА КРИЗАТА
ЗАМИНА АКТЕРКАТА СО ТАЖНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА
ШТО ПОКАЖА САМИТОТ НА НАТО ВО АНКАРА: КОМИЧАРИ ВО РИЗИЧЕН ТАНЦ

Најново

  • ЗАШТИТА НА ВОДИТЕ: ФЕКАЛИИ, СЕПТИЧКИ ЈАМИ И ПЕСТИЦИДИ
  • АНАЛИЗА: РЕфОРМАТА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ , КОЈ ЌЕ ГО ПЛАТИ „ЦЕХОТ“?
  • ПОДБИВНАТА ПТИЦА НА КРИЗАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet