Против Јаковлева во Обвинителството има и други кривични пријави, за кои нема информација колку се и до каде се постапките за нив. Нема одговор ниту до каде е предметот што го отвори републичкиот јавен обвинител по допрен глас, врз основа на изјава на премиерот

ФРОСИНА ФАКОВА СЕРАФИНОВИЌ
Директорката на Агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева по наредба на Христијан Мицкоски вршела внатрешна контрола во Агенцијата и му доставувала класифицирани информации, псевдоними на соработници, кои потоа премиерот јавно ги кажуваше. За нејзината работа, Јаковлева воопшто не ја информирала претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Кривичната што стигна до нашата редакција, а која како што ни потврдија, е стигната и во Јавното обвинителство, е со потпис „студенти од Факултетот за безбедност Скопје“. На повеќе од десет страници се нотирани кривичните дела за кои има сомнеж дека ги направила директорката, откако Мицкоски од собраниска говорница читаше делови од класифициран извештај од Агенцијата, споменувајќи псевдоними „Цилиндер“ и „Џокер“, кои наводно тајно го следеле.
Мицкоски, но и Сиљановска-Давкова во ТВ-настапи открија дека премиерот добил класифициран извештај од Агенцијата, дека наредил истрага внатре, во институцијата. „Слободен печат“ праша зошто директорката не ја известила претседателката за затворената владина седница на која присуствувала, а на која се разговарало за следењето на премиерот.
Со кривичната е анализирано кои членови од Законот за Агенцијата за разузнавање ги прекршила Јаковлева. Има сомнежи дека сторила четири кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, издавање службена тајна и злоупотреба на државна, службена и воена тајна.
Од Обвинителството за „Слободен печат“ потврдија дека ваква пријава стигнала до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, но поради надлежноста, пријавата е препратена во скопското Обвинителство и велат дека се постапува по неа.
Во пријавата се бара Обвинителството да утврди каков извештај е изнесен од Агенцијата и доставен до Владата, што содржи извештајот и дали можеби се доставени и псевдоними на други соработници. Дали се доставени оперативни извештаи и записници од внатрешни процедури и активности и дали евентуално се доставени идентитети на вработени во Агенцијата, но и дали биле презентирани невистинити содржини во извештајот до Владата, во кој, според пријавата, е невистинито прикажано дека постоело тајно следење, а што не е засновано на факти и аргументи и така е презентирана погрешна фактичка состојба и Владата е доведена во заблуда за да се нанесе штета на друг.
– Ова се потврдува и во интервјуто на премиерот за „360 степени“ каде што се констатира дека немало тајно следење, спротивно од она што било презентирано во извештајот. Тоа се индиции и за кривичното дело „фалсификување службена исправа“ – се вели во пријавата.
Во неа, детално се прецизирани членовите од Законот за разузнавање, според кои произлегува дека е незаконско давањето класифицирани извештаи на Владата, потоа наредбата на Мицкоски да се спроведе внатрешна истрага во АР, како и објавувањето псевдоними.
Аргументите се дека АР е институција под надлежност на претседателот, односно, според Законот за АР, Агенцијата е посебен орган на државната управа, со која раководи директор што го именува и го разрешува претседателот и директорот му одговара на претседателот и дека е самостоен во извршувањето на работите во Агенцијата.

Владата во Законот за агенцијата за разузнавање се споменува само петпати
Во Законот за АР, Владата се споменува само петпати, и тоа во контекст што не се однесува на барање одговорност, давање задачи или испитување на работата на АР.
– Во ниту еден член од Законот за агенцијата за разузнавање не е предвидено дека Владата може да бара внатрешна истрага или внатрешна контрола во Агенцијата. Според член 7 став 5 од Законот за АР, единствено директорот донесува наредба за вршење внатрешна контрола. Владата не смее да дава задачи за спроведување „истрага“, бидејќи единствен надлежен орган е Судот и Јавното обвинителство – се додава во дел од пријавата.
Всушност, единствено надлежна за контрола над работата на АР и на АНБ е собраниска комисија, односно Собранието. Владата нема право да бара информации и податоци што се однесуваат на соработници, оперативни активности и идентитет на вработени и со објавување на псевдонимите, загрозен е идентитетот на изворите и на оперативните соработници на Аге Веднаш по објавата на псевдоними на извори „Цилиндер“ и „Џокер“ во јавноста, на социјалните мрежи и во медиумите се објавени идентитети на лица за кои се тврди дека стојат зад тие псевдоними. На овој начин, Јаковлева ја загрозила безбедноста на соработниците и севкупната оперативна работа на Агенцијата, затоа што и пред постојната и идна соработничка мрежа ја претставува Агенцијата како несериозна институција, која не се грижи за безбедноста на најсензитивниот сегмент во работата на една тајна служба – изворите на информации.
Мицкоски, но и Сиљановска-Давкова во ТВ-настапи открија дека премиерот добил класифициран извештај од Агенцијата, дека наредил истрага внатре, во институцијата. „Слободен печат“ праша зошто директорката не ја известила претседателката за затворената владина седница на која присуствувала, а на која се разговарало за следењето на премиерот.
Во кривичната е анализирано кои членови од Законот за Агенцијата за разузнавање ги прекршила Јаковлева. Има сомнежи дека сторила четири кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, издавање службена тајна и злоупотреба на државна, службена и воена тајна.
Пријавата пристигнала, ни потврдија од Обвинителството
Од Обвинителството за „Слободен печат“ потврдија дека ваква пријава стигнала до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, но поради надлежноста, пријавата е препратена во скопското Обвинителство и велат дека се постапува по неа.
Во пријавата се бара Обвинителството да утврди каков извештај е изнесен од Агенцијата и доставен до Владата, што содржи извештајот и дали можеби се доставени и псевдоними на други соработници. Дали се доставени оперативни извештаи и записници од внатрешни процедури и активности и дали евентуално се доставени идентитети на вработени во Агенцијата, но и дали биле презентирани невистинити содржини во извештајот до Владата, во кој, според пријавата, е невистинито прикажано дека постоело тајно следење, а што не е засновано на факти и аргументи и така е презентирана погрешна фактичка состојба и Владата е доведена во заблуда за да се нанесе штета на друг.
– Ова се потврдува и во интервјуто на премиерот за „360 степени“ каде што се констатира дека немало тајно следење, спротивно од она што било презентирано во извештајот. Тоа се индиции и за кривичното дело „фалсификување службена исправа“ – се вели во пријавата.
Во неа, детално се прецизирани членовите од Законот за разузнавање, според кои произлегува дека е незаконско давањето класифицирани извештаи на Владата, потоа наредбата на Мицкоски да се спроведе внатрешна истрага во АР, како и објавувањето псевдоними.
Аргументите се дека АР е институција под надлежност на претседателот, односно, според Законот за АР, Агенцијата е посебен орган на државната управа, со која раководи директор што го именува и го разрешува претседателот и директорот му одговара на претседателот и дека е самостоен во извршувањето на работите во Агенцијата.
Владата во Законот за агенцијата за разузнавање се споменува само петпати
На 1 ноември минатата година, Мицкоски на брифинг со новинари објави дека поседува класифицирани информации, а во декември од собраниска говорница читаше деловни од класифициран извештај кој го добил од АР. По објавувањето на овие класифицирани информации, директорката не презела мерки и активности во насока, прво да се утврди кој имал пристап до таквите извештаи и кој неовластено ги пренел, иако актуелниот премиер тогаш сè уште не бил избран на функцијата – пишува во пријавата.
Против Јаковлева во Обвинителството има и други кривични пријави, за кои нема информација колку се и до каде се постапките за нив. Нема одговор ниту до каде е предметот што го отвори републичкиот јавен обвинител по допрен глас, врз основа на изјава на премиерот.
Пријави за Јаковлева и за нејзината заменичка Ивана Стојановска имаше и до Државната комисија за спречување на корупцијата, но слично како и за постапката против директорот на АНБ, Бојан Христовски, ДКСК ги запре и овие.
(Слободен печат – изборот а фотографиите е на Глобус)