Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СПОРЕД НВО ИНФОЦЕНТАР: МНОГУ ВЕСТИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈАТА, МАЛКУ АНАЛИЗИ

July 2, 2021 Filed Under: Македонија

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Во известувањето на медиумите, доминираат изјави, кратки вести и речиси идентични прилози, додека анализи односно аналитичко-проблемска обработка на определени теми поврзани со имунизацијата на населението речиси и нема

АНАЛИЗИ Графички приказ на анализата на Инфоцентар

Процесот на вакцинација против КОВИД-19 и во текот на мај беше една од најзастапените теми во медиумите во Република Северна Македонија. На најголемиот агрегатор time.mk имаше вкупно 10.699 медиумски прилози поврзани со вакцините и имунизацијата против Ковид-19.

Ова е нешто помалку во споредба со април, но сепак, станува збор за голем број прилози кои се однесуваат на вакцините и процесот на вакцинација. Во просек, дневно беа објавувани над 350 медиумски содржини и оваа бројка недвосмислено покажува дека имунизацијата и натаму е тема од најголем јавен интерес за медиумите во државава.

Министерот за здравство, Венко Филипче и натаму е главен извор на информации кога станува збор за процесот на вакцинација и борбата против Ковид-19, иако, неговото присуство во споредба со април беше речиси двојно намалено. Во текот на мај, министерот Филипче беше застапен во 2.289 медиумски содржини на агрегаторот time.mk или во просек, во 74 прилози дневно.

Во известувањето на медиумите, доминираат изјави, кратки вести и речиси идентични прилози, додека анализи односно аналитичко-проблемска обработка на определени теми поврзани со имунизацијата на населението речиси и нема.

Што се однесува до содржината на медиумските прилози, најголем дел се однесуваа на процесот на вакцинација во земјава, бројот на вакцинирани граѓани и бројот на пристигнати вакцини. Секојдневно се следеа и светските искуства со вакцините против Ковид-19, како и препораките и истражувањата на релевантните меѓународни здравствени организации и институции.

Набљудувањето и анализата на медиумското известување за Ковид-19 имунизацијата се реализира преку агрегаторот на вести – Time.mk, кој опфаќа вкупно 125 медиуми[1] – вести (63), портали (48) и спортски медиуми (14) и тоа, со пребарување според клучни зборови – „вакцинација“, „Филипче“ и „антиваксери“.

Основната цел на набљудувањето е да се утврди интензитетот, квалитетот и доминантните наративи во известувањето на медиумите за целокупниот процес на Ковид-19 вакцинацијата во државава.

Овој втор извештај го опфаќа периодот од 1 до 31 мај, 2021 година.

 

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Македонија

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП
СЕРГЕЈ ЛОЗНИЦА: ПУТИН И СТАЛИН СЕ РАЗЛИЧНИ, АМА ИМААТ ИСТА МОЌ И СИСТЕМ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (1)

Најново

  • ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
  • МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
  • И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet