Како што оценува ексминистерот Спасовски, се слушаат најави дека нема да се спојат само АНБ и АР, туку и Дирекцијата за безбедност на класифицираните информации би се припоила кон нив
Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се сомнева дека најавите на власта за спојување на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ќе донесат „целосно непочитување и кршење на сите слободи и права“, односно продолжување на праксата што беше прекината во 2016 година.
Тој го изнесе овој став нанеодамнешно гостување во емисијата „Вин-Вин“ на телевизијата Телма.
Според Спасовски, неодамнешната најава на директорот на АНБ Бојан Христовски на Фејсбук, дека ова ќе биде последниот роденден на Агенцијата за национална безбедност, укажува на фактот дека ќе се оди кон укинување на службите, односно спојување и формирање на нова служба.
Тоа, како што рече, не го бара никој од Македонија, затоа што веќе претходно се направи реформата. „Со овој процес, дополнително се праќа пораката на сите вработени и во АНБ и во АР, ‘или ќе се построите во текот на реформата или ќе имате проблеми во однос на селектирањето коешто ќе се прави во новата агенција’. Ова создава една неизвесност и место тие луѓе да се ангажираат и да работат за државата, тие повеќе ќе мислат каде ќе биде нивниот статус во наредниот период“, рече Спасовски.
Како што додаде тој, се слушаат најави дека нема да се спојат само АНБ и АР, туку и Дирекцијата за безбедност на класифицираните информации би се припоила кон нив.
Според Спасовски, каков и да е предлогот што ќе се понуди, треба сериозно да се разгледа, со вклучување на научната и стручната јавност и на невладините организации.
„Дали така ќе биде? Според ова до сега што ни се случува нема да биде, туку напротив ќе се оди на носење на законски решенија на брза лента за да се формираат институциите коишто очигледно сакаат да биде по мерка на оваа владејачка гарнитура“, рече Спасовски.
Пратеникот ги коментираше и последните случувања со меѓуетничките односи и рече дека кога некој сака тензии, настануваат конфликти.
„Затоа и СДСМ повика на лидерска средба со која ќе се повика на разум. Но, одбивањето на овој предлог и од ВМРО-ДПМНЕ и од владејачките партии укажува дека немаат сериозен пристап кон менаџирањето на овие работи. Сведоци бевме дека премиерот најавуваше дестабилизација, а претседателката кажуваше дека нема индиции за нестабилност, што јасно укажува дека сето ова се користеше само за да се јакнат политичките структри“, рече Спасовски.
„Од прагматичен пристап спојување можеме да направиме, но не смееме да го сметаме тоа само како физичко спојување и само како донесување на закон. Капацитетот на оваа власт и на тие која ја подготвуваат под тајни превези оваа реформа е всушност во таа насока. Ние само ќе кажеме дека ги спојуваме, ќе бидеме поекономични итн., но се плашам дека суштината ќе ја изгубиме, а впрочем и однесувањето на власта во делот на безбедноста практично тоа и го покажува“, вели пратеничката и ексминистрка за одбрана Славјанка Петровска во неделното интервју за РСЕ.
Според неа, овие случувања во безбедносниот сектор може да влијаат на угледот на земјата и на разузнавачката заедница во очите на нашите партнери во НАТО.
Пратеничката на СДСМ во Собранието и ексминистерка за одбрана Славјанка Петровска вели оти нема да биде изненадена ако во наредните неколку недели во парламентот биде поднесе закон за спојување на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР). Со тоа, како што вели таа во неделното интервју за Радио Слободна Европа, власта на „елегантен“ начин ќе го „разреши“ директорот на АНБ, Бојан Христовски по многубројните прашања што ги отвори неговото назначување, и ќе назначи нов директор на таа нова Агенција.
Според неа, актуелната власта нема капацитет да го спроведе спојувањето на АНБ и АР, но под притисок на скандалот со Христовски ќе сака да го направи тоа што е можно побргу.
„И не би се изненадила ако во наредните неколку недели, до крајот на оваа година тој закон биде поднесен во Собранието, затоа што мислам дека тоа ќе им биде исто така еден „елегантен“ начин како тие да го избегнат повлекувањето на овој директор, едноставно ќе назначат нов на таа заедничка, да речам, разузнавачка служба, односно една Агенција“, вели Петровска во нејзиниот одговор на прашањето што мисли за идејата за спојување на двете агенции во една.
Околу тоа како би функционирале тие заедно, имајќи го предвид објаснувањето на премиерот, Христијан Мицкоски дека ваква пракса со една безбедносно-разузнавачка агенција има во дел од европските земји, коментарот на Петровска е дека од прагматичен аспект може да се направи спојување. Но, како што додаде, тоа да не биде само физичко, со донесување на закон, туку решението треба да ги опфати и суштинските елементи, а тоа се департизацијата и деполитизацијата на службите
„Секоја земја е слободна да го уреди, особено делот на безбедносните структури онака како што смета, ѝ прилега или е приспособена на состојбата на државата. Сите држави коишто се членки на НАТО, каде што сме и ние не се во подеднакво геополитичко опкружување, не се соочени со подеднакви предизвици, безбедносни особено. Не се соочени со подеднакво исти закани. Да, глобалните закани се генерални и ги знаеме, меѓутоа секоја земја си има своја специфика и оттука нема наметнување за тоа што треба да се направи од аспект на структурата, односно институциите. Меѓутоа има што треба да се направи од аспект на суштината, а тоа е департизација и деполитизација, процес кој започна, меѓутоа сега очигледно ќе застане и ќе се уназади. Можеме да најдеме примери на земји кои го имаат тоа, тоа се позитивни примери, меѓутоа ако влезете длабоко во суштината како функционираат тие, ќе видите дека и таму има поделени мислења околу тоа дали треба или не треба. Од прагматичен пристап спојување можеме да направиме, но не смееме да го сметаме само како физичко спојување и само како донесување на закон. Капацитетот на оваа власт и на тие која ја подготвуваат под тајни превези оваа реформа е всушност во таа насока. Ние само ќе кажеме дека ги спојуваме, ќе бидеме поекономични итн., но се плашам дека суштината ќе ја изгубиме, а впрочем и однесувањето на власта во делот на безбедноста практично тоа и го покажува“, вели пратеничката на СДСМ.
Во однос на назначувањето на Христовски и прашањата што тоа ги отвори, Петровска повтори дека многу од нив и понатаму остануваат неодговорени и како партија апсолутно сметаат дека новиот директор на АНБ бил назначен незаконски.
„Апсолутно, и имаме многу аргументи за тоа, бидејќи не сакаме да се сведе се на испраќање соопштенија од една или од друга страна. А во рамките и на надлежностите на Комисијата за надзор, ние не да вршиме понатаму на било која Агенција надзор, без разлика дали е тоа АНБ и Агенцијата за разузнавање ако знаеме дека директорот или некој од челната позиција е незаконски поставен“, рече Петровска во интервјуто.
На прашањето што е за нив поспорно, дали сомневањата околу валидноста на ТОЕФЛ-сертификатот за познавање на англискиот јазик, образованието на директорот или неговиот претходен политички ангажман во ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката вели дека сите подеднакво се важни, бидејќи Законот за АНБ во тој дел е јасен.
„Во законот, во членот којшто уредува кои се условите за избор на директор стои се кумулативно, едно со друго не се исклучува, така што подеднакво се важни, особено ако зборуваме за фалсификатот кој е направен, тогаш нема дилема дека таков човек, таков лик воопшто не смее да биде ниту во близина на безбедносно разузнавачките служби, а камоли да биде директор, ако навистина се покаже и докаже, и тој изјави дека не е тоа вистината со сертификатот. Гледате колку долго му требаше на Министерството за внатрешни работи да отвори истрага, ако тие беа убедени, тоа ќе го направеа веднаш“, посочува Петровска.
Според неа овие случувања во безбедносниот сектор може да влијаат на угледот на земјата и на разузнавачката заедница во очите на нашите партнери во НАТО.
„Затоа што партнерските односи значат и дека меѓусебно си помагаме, се разменуваат информации на таа пријателска и партнерска основа, информации кои во даден момент можат многу да значат за државата. Зошто сево ова? За да се исполни нечија лична желба или нечиј личен хир. Не е ова битка којашто власта ја води со опозицијата, ова е постапка со која власта и наштетува на државата и тоа треба да го имаат во предвид“, вели Петровска.
Повикот до претседателката на државата, лидерот на СДСМ Филипче го упати коментирајќи го назначувањето на новиот директор на АНБ, чија неодамнешна објава на Фејсбук сугерира на заложбите на актуелната влада за спојување на АНБ и Агенцијата за разузнавање во една институција.
Назначувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), премиерот Христијан Мицкоски и Владата го направија во диктаторски манир и со киднапирање на една од најсериозните институции во сферата на безбедноста.
Ова го изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче кој, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Собранието, рече дека назначувањето на ваков кадар од страна на актуелната власт не значи ништо друго освен понижување на професионалците што работат во АНБ.