Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СПРОТИВСТАВЕНИ СТАВОВИ ЗА ЕДНА СПОГОДБА

January 21, 2020 Filed Under: Свет

Кој губи, кој добива од Спогодбата за отворено небо? Има ли корист само Москва или кориата е обострана?

СПОГОДБА Отвореното небо може да се корити и за сликање бз ограничувања

Спогодбата која има цел јакнење на меѓусебната доверба, беше предмет на жесток критицизам од влијателни членови во Конгресот и други, кои сметаат дека САД треба да се повлечат зашто Русите не ја почитуваат и ја ставаат земјата во подредена позиција.

Жителите на Вашингтон почнаа од април 2017-ма да забележуваат авион на ниски височини кои вообичаено беа ограничени во воздушниот простор околу главниот град на САД, поради спомениците и владините згради.

Многумина беа изненадени дека леталото за кое станува збор е руски Туполјев ТУ-154 шпионски авион, со мисија која претходно била одобрена од американските власти.

Инцидентот го покрена прашањето за Спогодбата за отворено небо од 1992-ра, со која САД, Русија, и други 32 држави се согласија да дозволат беспилотни мисии во стриктно ограничени услови.

Идејата, кој првично била претставена во 1950-те, од страна на претседателот Ајзенхауер е дека секој е безбеден, ако секој знае што прават другите. Секоја година се изведуваат стотина вакви летови.

Спогодбата која има цел јакнење на меѓусебната доверба, беше предмет на жесток критицизам од влијателни членови во Конгресот и други, кои сметаат дека САД треба да се повлечат зашто Русите не ја почитуваат и ја ставаат земјата во подредена позиција.

Критичарите на Спогодбата, вклучувајќи го и сенаторот од Арканзас Том Котон, претседавач со армискиот конгресен поткомитет за воздушни летови, е фокусиран на руските рестрикции за летови над одредени чувствителни области, вклучувајќи го Калининград и некои проблематични зони во Грузија.

РУСКИ ЗОДУХОПЛОВ Дплжината на авионот јсно покажува дека во него има доста хардвер и софтвер

Тие исто така обвинуваат дека Москва користи летови за да идентификува и истражува витална американска инфраструктура. Едно беспилотно летало направило прелет и врз голф-игралиштата во Бедминстер, Њу Џерси, додека таму престојувал претседателот.

Поддржувачите на Спогодбата, пак, инсистираат дека има поголема корист отколку ризици од неа, а таков бил случајот со приведување на 24 украински морнари од страна на руската морнарица во ноември 2018-ма.

„Спогодбата за отворено небо и овозможи на Украина да има увид што прави Русија зад нејзините погранични линии, да се увери каде Москва го позиционира армискиот капацитет, и што треба да се очекува во иднина“, изјави Иан Кинг од Центарот за стратешки и меѓународни студии.

АМЕРИКАНСКИ АВИОН ВО УКРАИНА Се зема гориво во Киев – голема е Русија за прелет

САД веќе презедоа реципрочни мерки против некои кршења на Спогодбата од страна на Русија. На пример, откако Русија ги ограничи летовите над Калининград и делови од Грузија, САД ги блокираа летовите над Форт Грили во Алјаска и одредени делови од Хаваите.

 

Filed Under: Свет

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet