Епископот Иринеј вели дека, ако се случи тоа, таа поделба ќе биде поголема од сите претходни во историјата на Црквата. На православието му се заканува уште построга пишува белградска „Политика”, меѓу другото и заради веројатното признавањето на МПЦ од страна на Васеленската патријаршија
„За првпат во историјата на Православната Црква таа е оптоварена со вистинската опасност од нов голем раскол, овојпат не помеѓу христијанскиот Исток и Запад, туку и во рамките на Истокот. Ако тоа се случи и се надевам дека нема, и покрај сè, тоа ќе биде поголем и потежок рааздор од сите претходни во историјата на Црквата, квантитативно поголем од распаѓањето од 1054 година, со оглед на сегашниот број православни цркви и нивното ширење во светот “, вели бискупот бачки Иринеј за „Политика“.
Неговиот коментар се надоврзува на предупредувањето на Светиот Синод на Руската Православна Црква дека целиот православен свет е во опасност по одлуката на Светиот Синод на Цариградската патријаршија за именување на двајца егзархи во Киев, да бидат на ќчло на Украинската Православна црква.
„Тие не се таму именувани, но испратени за некое време во конкретниот план за имплементација на мисија да се даде автокефалност на Украина. Расколниците се од повеќе бои и видови, додека таму во Украина има само една канонската Црква во Украина, призната од страна на сите цркви, почнувајќи од Цариградската Патријаршија “, објаснува Иринеј, посочувајќи дека зборот „егзарх”, во овој случај значи едноставно пратеник, портпарол.
На прашањето дали опасноста од расколот веќе станува реалност бидејќи изјавата на Вселенскиот патријарх означува неповратен процес и ќе продолжи, Владиката Иринеј изјави дека верува дека во историјата нема неповратни процеси, дури и кога тие се завршени, „а камоли кога тие се во тек, а сепак треба да се завршат”.
Во исто време, тој изрази надеж дека Цариградската Патријаршија „нема да го премине Рубиконот за дасе стори фатална грешка и дека светоста на единството на Црквата се става над световниот примат, антагонизмите, интересите, влијанијата … ”
Тој истакна дека Српската православна црква не го прифати постоењето на две различни центри на православието, едно „фанариотско“ а второ „московско“, но се верува во една, света, соборна и апостолска Црква Христова.
„Накусо, не навиваме за Москва, туку за почитување на многувековниот канонскиот поредок, и не сме против Цариград, туку против секоја иницијатива што, дури и независно од добрите намери, секако, предизвикува уште земјотреси и поделби кои веќе ги имаме”, рече Иринеј .
На прашањето дали постои можност ако „неканонската“ Црква во Украина на овој начин добие автокефалност, слично се случува и во Македонија, каде што исто така има непризнаените структура, епископот бачки предупредува дека ако нешто се прави во Украина, тоа ќе биде не само во Македонија, тука и во Црна Гора, Абхазија „и ккко што договорните органи и сторителите ги замислиле, можеби дури и во Грција”.
Оваа белградска реакција е сосема очекувана откако дојде абер од Стамбол дека МПЦ ќе биде призната од најголем дел од православните цркви како рамноправна православна црква, која ќе може да сослужва и да комуницира на рамноправна основа, како што на средината на септмври истакна владиката Тимотеј. Изјавата следуваше, да потсетиме, за одлуката на Цариград да објавува независност на црквите и без согласност на останатите цркви.
– МПЦ е подготвена за разговор со Цариград за изнаоѓање пат и начин за решавaње на македонското црковно прашање, изјави Владиката дебарско – кичевски Тимотеј за Радио Слободан Европа, коментирајќи ја одлуката што ја донесе Вселенската патријаршија на соборот во Истанбул од 1 до 3 септември, да објавува независност на црквите и без согласност на останатите православни цркви.
До оваа одлука на Вселенската патријаршија доаѓа отако претходно во Истанбул имаше тензична средба меѓу рускиот патријарх Кирил и Вартоломеј и обид на руската црква да спречи томос за украинската и македонската црква. Како и да е Вселенската патријаршија во наредниот период треба да донесе одлука за решавање на афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.
Владиката Тимотеј вели дека со последната одлука на Вселенската патријаршија процесот за признавање на МПЦ е отворен.
„Тоа ќе значи дека МПЦ ќе биде призната од најголем дел од православните цркви како рамноправна православна црква која ќе може да сослужува и ќе може да комуницира на рамноправна основа, а дали ќе биде СПЦ или некоја уште со неа согласна или не тоа не треба да не вознемирува зашто ова не го решаваме ние, туку го решава вселенската патријаршија која е прва по чест, но не само по чест туку има и некоја власт ако си прв. А тие одлучија да дадат онаму каде подолго време тлее црковен проблем и мајката црква на канонски начин не сака да го реши тоа, а другите православни цркви кои се наоѓаат во таква состојба бараат помош од Цариград како апелација на некој начин и велат дека ние сме повикани да им помогнеме на тие цркви и на тие народи и во тој поглед одговорноста ја презема цариградската патријаршија, а не МПЦ“, изјави владиката Тимотеј.
Премиерот Зоран Заев на прашањето на Слободна Европа дали очекува дека македонското црковно прашање ќе се реши откако Вселенската Патријаршија одлучи самостојно да дава томоси за автокефалност, рече дека ги охрабрува црквите да гледаат низ призмата на пријателство и соработка во интерес на верниците.
„Се случува во регионот едно градење на пријателство од секој аспект. Регионот е свесен, барем политичкиот дел од регионот, дека нашата иднина и перспектива е во соработка помагање и заедничка агенда- унапредување прво на соработката внатре во регионот, а потоа и на целиот регион со остатокот на светот. Се надевам дека и во православните цркви ќе се гради тоа пријателство. Не сакам да навлегувам во вакви прашања, но можам само да охрабрам и да испратам апел да гледаме низ призмата на пријателство, соработка и бенфитите од таа соработка“, изјави премиерот Зоран Заев
Дел од аналитичарите посочуваат дека согласно вековните начела Цариградската патријаршија е единствен субјет кој издава томос и оти тоа е правило.
Универзитетскиот професор Цане Мојановски очекува дека решавањето на црковното прашање на Украина ќе биде проследено и со решавање на македонското црковно прашање, а оти ставовите на српската и на руската православна црква ќе останат како дел од прашањата на несогласување кои често пати се случуваат во православната црква.
„Очекувам дека ќе се реши. Вселенскиот патријарх и положбата на вселенската патријаришија е единствена инстанца која другите православни цркви ги информира дека е востановена нова црква и издава томос или ги информира другите помесни цркви.Вселенскиот патријарх е единствена инстанца која другите православни цркви ги известува дека е создадена нова црква, а таа нова црква се темели обично на некоја историска црква како што е во случајот со нас Охридска архиепископија за која оваа година 1000 години се славеше, вели Мојановски.
Инаку во јавноста веќе се појавија коментари дека одлуката на Вселенската патријаршија може да предизвика остри несогласување со руската православна црква, но Мојановски вели дека во целата историја има разлики по гледањето за одделните прашања, меѓу кои порано за БПЦ, а сега дека се уште има разлики за црквата во Молдавија каде има руска и молдавска црква. Издавањето томос е во надлежност на вселенската патријаршија и во таа смисла се остварува единство меѓу сите православни цркви, вели Мојановски.
Владиката Тимотеј очекува дека во наредниот период ќе има средба на комисиско ниво од страна на претставници на Цариград со дел од архиереите на МПЦ на кои ќе има разговори пред Вселенската патријаршија да донесе одлука.
Инаку во изминатиот период и премиерот Зоран Заев испрати замолница до Вселенската патријаршија да посредува да се реши македонското црковно прашање.
Во меѓувреме немаше придвижување напред и во односите на МПЦ со Српската православна црква и со Грчката православна црква поради немање желба за признавање на МПЦ под името Македонската православна црква – Охридска архиепископија.