Кај мас ме доби простор реакцијата на некогашниот претседател на Косово Пацоли, воедно и најбогат Албанец во светот – нема личност која може да одбегне контрола на аеродромите!
Јавноста е во целосна конфузија по инцидентот со претседателката на Косово Вјоса Османи откако сите страни излегоа со своја верзија на настанот. Власта по почетните разлики какода се обидува да најде заедничка толчка на стабилизацијата, но факт е дека како што одминуваат деновите се покажува и една слика за претседателката Османи како навоидна вознемирувачка фигура на повеќе аеродроми во светот. Дури и премиерот Курти покажа една доза на резервираност кон Османи, сметајќи дека би ризикувал ако би ја поддржувал безрезервно! Парадоксот е секако во тоа што нејзин најсилен „адвокат“ е македонскиот премиер кој прашањата пд безбедноста ги гледа низ својот театрален обид за „кавалерство“.
Од СДМС прашуват дали се прикрива вистинската верзија за тоа што се случило на Меѓународниот аеродром Скопје и од кои причини. Оттаму додаваат дека Косово го окарактеризира настанот како „дипломатски скандал“, додека јавноста не била удостоена ниту со прес-конференција на МВР за да се разбере што се случило. „Вистина ли е дека лице од обезбеувањето на Гаши се заканувало со огнено оружје на вработени на ТАВ и каква била неговата улога? Дали ова во детали ќе го истражи и соопшти МВР или ќе се обиде да го забошоти случајот? Повеќе од очигледно е дека некој се обидува да стави одредени факти под тепих. СДСМ бара целосно расчистување на настанот и транспарентно соопштување од страна на МВР“, се вели ви соопштението на СДСМ.
Од таму велат дека како и за повеќе други ситуации, во овој краток мандат на Владата, граѓаните не знаат што се случува и која е вистината. „Ние гледаме секојдневно спротивни информации на многу теми и тоа директно од највисоките претставници на власта. Муцунски зборува едно за кредитот за пругата кон Бугарија, Николовски друго. Мицкоски вели дека ќе најде начин да се намалат платите на функционерите, министереката за фиансии дека ќе си оди ако се намалат платите. Албанските партии во власта се со сосема различни тврдења од ВМРО-ДПМНЕ по сите прашања од нивни интерес, без разлика дали е тоа албанска МАНУ или балансерот. Оваа Влада е многу нечесна кон граѓаните и повеќе од јасно е дека вистината тешко ќе се дознава“, смета СДСМ.
Аеродромски службеник се обиде да ја турне и да ѝ го земе телефонот на претседателката – реагираат од кабинетот на Вјоса Османи. Кабинетот на Гаши го демантира МВР: Обезбедувањето на претседателот на Собранието беше на аеродромот за да ја смири состојбата
ТАВ Македонија за инцидентот на скопскиот аеродром: спроведена е стандардна безбедносна проверка на претседателката на Косово
Член од обезбедувањето на спикерот Гаши направил инцидент на скопскиот аеродр Инцидентот се случил откако вработен во ТАВ побарал од претседателката на Косово, Вјоса Османи да го остави телефонот и да помине низ скенер, потег шѕо наишол на негодување од страна на обезбедувањето на претседателката. Половина час по случајот, на аеродромот пристигнало лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши кое е полициски службеник, заедно со уште двајца припадници на полициските служби и започнал да се заканува на вработените во ТАВ.
Првата реакција на МВТ беше дека „Член на обезбедувањето на собранискиот спикер Африм Гаши кој воедно е полициски службеник, направил инцидент со вработени во ТАВ Македонија“ – стои во информација од Министерството за внатрешни работи за „360 Степени“. Имено, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи поминувала на гранична контрола, во моментот кога од неа било побарано да го остави телефонот за да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработеното лице од ТАВ, за таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Иако вработениот бил оттргнат, сепак багажот бил вратен и поминал на скенер.
Половина час по случајот, на аеродромот пристигнало лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши кој е полициски службеник, заедно со уште двајца припадници на полициските служби и започнал да се заканува на вработените во ТАВ и го барал „виновникот“ кој и направил проблем на Османи, притоа туркајќи полициски службеник кој бил вработен на граничниот премин.
„Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со ОЈО за ГОКК се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“,информираат од МВР.
Апелираме во што поскоро време МВР да истражи што се случило и со вистински информации да ја информираат јавноста, кажа о шрвиот чпбелма СДСМ – Филипче. Министерството за внатрешни работи да го истражи случајот и да излезе со детали за инцидентот на скопскиот аеродром, порача лидерот на СДСМ Венко Филипче. Според него различни информации стигнуват од инволвираните страни, што остава впечаток дека институциите се обидуваат да ја сокријат вистината.
„Сметам дека тоа е апсолутно недозволиво затоа што се добива впечаток дека некој сака да ја скрие вистината. Граѓаните тоа не го заслужуваат. Апелираме во што поскоро време МВР да истражи што се случило и вистински со вистински информации да ја информираат јавноста, граѓаните тоа го заслужуваат. Меѓутоа, мене ова не ме изненадува. Вакви дисонантни тонови, вакви различни ставови. Во изминатиот месец повеќе работи се случуваат. Од една страна, премиерот Мицкоски и министерот Николовски една работа кажуваат за пругата кон Бугарија, а министерот Муцунски нешто сосема друго. Премиерот кажува една работа за намалувањето на платите на функционерите, министерката Кочоска најавува дека ќе си оди ако се случи тоа,“ рече Филипче.
Реакција испратија и од ДУИ. Според нив станува збор за скандалозен дипломатски инцидент против претседателката на Косово, Вјоса Османи. „Ваквиот однос на државата кон секој граѓанин, а особено кон највисоките претставници на државата, а во овој случај нашите сестри и браќа од Косово, е неприфатлив и мора да биде најстрого казнет. Скандалозна е и инволвираноста на шефот на обезбедувањето на нелегитимниот претседател на Собранието Африм Гаши во инцидентот, и продлабочувањето на истиот, без никаква надлежност, без да биде повикан и без право, а тоа гласно говори за мизерната и вазална позиција на нелегитимната албанска застапеност во моноетничката влада“, велат од ДУИ.
На реакцијата од ДУИ возврати министерот за здравство и еден од лидерите на „Вреди“ Арбен Таравари кој посочи дека тие шират лаги и манипулации , а ги нарушуваат и односите меѓу Северна Макеоднија и Косово“.
„Министерството за внатрешни работи и државата немаат надлежност за безбедноста на аеродромот, туку тоа е во надлежност на концесионерот, во случајов ТАВ. Според Виенската конвенција, државните лидери имаат посебен третман за време на патувањето, но деталите за безбедносните протоколи ги одредува концесионерот на аеродромот. Слично недоразбирање се случи и кога технички премиер беше Талат Џафери. Зошто ДУИ не зборува за тоа? Ја повикуваме ДУИ да одговори дали за време на нивни патувања избегнуваат скенери“, вели Таравари.
Од кабинетот на Османи велат дека откако претседателката влегла во авионот, скопскиот аеродром не дозволувал комерцијалниот авион да полета кон Љубљана повеќе од еден час под изговор дека словенечката држава не го дозволувала тоа затоа што тамошниот аеродром не бил подготвен за слетување. Но, се додава во реакцијата, од кабинетот на Османи стапиле во контакт со словенечката страна од каде им било кажано дека тоа не било точно и оти авионот ќе можел да слета во предвиденото време.
Од ТАВ Македонијапосочија дека се почитувани стандардните безбедносни проверки и категорично ги отфрлија наводите дека вработен од одделот за обезбедување се обидел да ѝ го одземе телефонот на косовската претседателка Османи при прегледот во ВИП-салонот на Меѓународниот аеродром Скопје.
Претседателот на Алијансата за Ново Косово, поранешен косовски претседател и еден од најбогатите Албанци во светот, Беџет Пацоли, објави дека првиот човек на Одделот за безбедност на патници при Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) од Торонто, со кого патувал за Италија, потврдил дека не „постои тип на имунитет што може да го оправда избегнувањето на контролата на секој патник кој лета со авион”.
КоментариЕкспретеседателот на Косово за Вјоса: Нема имунитет за избегнување на контрола! Наивно е да се каже дека преку рендген се клонира телефон!Avatar
ОдСкопје1.мкОбјавено на 04/08/2024

Оваа негова реакција следува по случката со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на скопскиот аеродром.
„Стана збор за настанот во Скопје. Бев на кусо патување за Италија со кој ми потврди (она што веќе го знаев) дека не постои тип на имунитет што може да го оправда избегнувањето на проверка на кој било патник што лета во авион, особено на јавен авион каде што безбедноста на другите патници е доведена во прашање. Во случај некој патник да одбие да биде проверен од службата за безбедност, таа, меѓу другото, го известува пилотот на соодветниот авион и пилотот автоматски одлучува авионот да не полета“, напиша Пацоли во објава на Фејсбук, пренесе Лајм.
Понатаму, Пацоли наведува дека не постои инстанца која може да му нареди на пилотот да го стартува авионот, доколку е информиран дека во авионот може да има неконтролиран патник.

„Ова се случило на скопскиот аеродром, каде пилотот одбил да го започне патувањето со патници кои не биле подложени на безбедносна проверка и поради тоа било предизвикано одложување на полетувањето на авионот со многу патници внатре. Што се однесува до клонирањето телефони, наивно е да се каже дека телефонот може да се клонира додека поминува низ рендген апаратот“, напиша Пацоли на Фејсбук.