KАТЕРИНА КОЛОЗОВА
Минималниот обид за дигитализација беше прогласен за „луда“ реформа на „лудата“ Мила, и „пребрзана“. И сега што сакате, да ни ги тупнат така парите кога не се квалификуваме? Србија си ги заслужи парите
Упорно се протестира зошто Србија добила толку повеќе од останатите од Стратешкиот инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан од 2020. Тој план беше компетитивен, се тркаме за тие пари и имаше услови: jaсно пишува дека тие инвестиции треба да водат кон ЕКОНОМИЈА БАЗИРАНА НА ИНОВАЦИЈА, комплетна дигитализација на пазарот, и длабоки образовни реформи – за да се развие меѓународната и истражувачка компонента, врзана за дигитализација на целиот систем.
Врската меѓу економија и високо образование е експлицитна, нацртана секој да ја разбере. Освен кај нас – никој, од институциите со полуписмен кадар до донаторите кои не сфаќаат дека на тие институции им треба куче-чувар од експертски цивилен сектор. Парите, на регионално ниво, се даваат на принцип на натпревар.
На овој план – Србија е далеку пред нас и немавме шанси. Кај нив Еразмус стварно се применува (високообразовните установи самите „нострифицираат“, на пример) и принципите на Болоња се почитуваат суштински а не декларативно (институциите сами носат стратешки одлуки). Транспарентни се но мобилни, не кочат со смешни тендери за секоја ситница (ко овде – а на крај пак ги местат, но согласно Уставот и законите) и излишна бирократија. Не – во споредба со нас.
Дигитализација или иновативно образование не се случи во Македонија, министерот вика да не учиме факултет, туку за физичка работа да се спремаме, (направија одлив на студенти од масовни размери), а не па да реформира високо образование.
Минималниот обид за дигитализација беше прогласен за „луда“ реформа на „лудата“ Мила, и „пребрзана“. И сега што сакате, да ни ги тупнат така парите кога не се квалификуваме? Србија си ги заслужи парите.