БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Ако решите да си седите дома на 12 април или да излезете и да гласате за чипираните идиоти кои во неколку наврати ве силуваа и вас и вашите најмили, тогаш е тоа исто како да сте решиле да си ја запалите куќата додека семејството ви спие. Малку е жестоко ова, но жестокоста е неопходна
Не се согласувам со тврдењата дека изборите во април нема да имаат историска димензија. Ќе имаат. Како што имаа сите избори и меѓуизбори од осамостојувањето до денес. Историјата се прави од секој гест на секој од нас секој ден. Макар што не изгледа дека ние правиме историја додека ги гледаме радиоактивните дебати на смрдливите телевизии. Или додека со виски и лаваца во омиленото кафе се убедуваме колку е глуп Антонијо и колку е ограничен неговиот лидер. Историјата не се прави само од политички и други подвизи туку преку бавното и неприметно таложења на културните промени за кои не сме свесни додека еден ден не ни се појават како промена на нас самите. Како второ име, нова димензија на луѓето што ги предузвикуваат.
Но, да се вратиме на изборите. Ова ќе бидат последни избори на вмро-дпмне во овој формат. Ако ги загуби, тие ќе испарат како капка вода на рингла шестка. Ќе се дематеријализираат. Аш. Ќе отидат у пизду материну на рециклирање. Тие што ги водат работите, значи не оваа неписменост што е формално на некои позиции, ја знаат таа перспектива. Јас не сум сигурен дали ќе одат на победа по секоја цена, значи и по цена на крвави насилства, или ќе решат да се соочат со реалноста и самите ќе пуштат да им се случи поразот како најбезболен начин за ослободување од потрошеното, бесперспективно, поразено, најштетно чудивиште во историјата на Македонија.
Ако победат тоа ќе биде крај на Македонија. Македонија ќе се дематеријализира. И декултивира. Ќе исчезне. Не во некоја поетска смисла, туку како груб крај во геополитичка, физичка, културна и духовна смисла. Затоа што Македонија нема повеќе ресурси со кои на грбот може да поднесе толкаво количество лага, лицемерство, грабеж, некултура, примитивност, временска, вредносна и историска контра на светот и на времето.
Разделбата со Македонија нема да биде мафтање со марамчиња, на некаков перон, како кога Бебек ја испраќал Селма на студии во Загреб. Тоа ќе биде жестоко откинување на парчиња духовност, култура, идентитет од секој од нас. А ќе биде и откинување на по некое парче од нашите тела, на кого рака на кого нога, а на некои богами, ќе им го снема и целиот живот. Така исчезнуваат државите во ваквите култури и геополитички амбиенти.
Вие се разбира можете да речете дека ова е тенденциозно црнобелизирање на перспективите. И ќе бидете во право. Јас со целото свое битие навивам и се борам за светлата страна на Макединија. За јазик во кој вмро ќе означува мртов феномен за кој може да се разговара за време на големите ретроспеции на националната глупост и ништо повеќе. Животот во Македонија не е можен или не може да биде нормален ако не е девмровизиран.
Среќна Нова година.
Ако решите да си седите дома на 12 април или да излезете и да гласате за чипираните идиоти кои во неколку наврати ве силуваа и вас и вашите најмили, тогаш е тоа исто како да сте решиле да си ја запалите куќата додека семејството ви спие.
Малку е жестоко ова, но жестокоста е неопходна.
Мораме да се соочиме си вистината, а тоа значи да престанеме да се тралалализираме. Да бидеме пристојни со непристојноста.
Ќе ни биде потребна голема среќа.
Но, ниту една среќа не може да не спаси ако не го ангажираме сиот актуелен и напластен разум.