Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СРПСКАТА ОПОЗИЦИЈА ПОДЕЛЕНА ОКОЛУ ОДЕЊЕТО НА ИЗБОРИ!

April 22, 2024 Filed Under: Свет

Сите оние кои ја гледаа дебатата на опозиционите лидери во петокот навечер на ТВ N1 не беше пријатна за гледање – како лесно се разби цврстото единство на српската опозиција, која претходно практично побеци во Белград и Ниш

ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ ЗАЕДНО Оваа слика не се повтори пред камерите – водителот седеше меѓу две групи разделени во ставовите

Прашање е дали најголемата опозициска колона ќе опстане по средбата овој петок. За бојкот се изјаснуваат моќната Партијата за слобода и правда, Срце и Заедно. Лидерот на ПСП, Павле Грбовиќ за „Време“ вели дека останатите ќе одат на избори во што поголема коалиција.

Најпрво не е јасно дали сите комисии на ССП ќе ја прифатат одлуката за бојкот на изборите, додека новосадскиот комитет Заедно веќе најави дека ќе оди на избори.

Така, според сите сметки, коалицијата „Србија против насилството“ ќе остане поделена и веројатно ќе остане во историјата по средбата во петок навечер. Практично, како што претходно изјавија повеќе извори за „Време“, на избори одлучиле да излезат Зелено-левичарскиот фронт, Народното движење на Србија, Еколошкото востание, Движењето на слободни граѓани и Новиот лик на Србија, додека Демократската партија се приклучила нив при гласањето во самата партија.

„Сите членови дојдоа со одлуките на нивните партиски органи и ги соопштуваа. Мнозинството е за одење на избори“, официјално потврди за „Време“ предводникот на ПСЖ, Павле Грбовиќ.

„Се зборуваше за тоа дали има шанси и останатите да се приклучат на мнозинската позиција, но не се најде заеднички јазик. Немаше тензии или груби зборови, се беше професионално направено“, додава Грбовиќ.

На прашањето што ќе биде понатаму, тој вели за Време:

„Ќе постапиме согласно нашата одлука, така што ќе се обидеме да одиме на избори во што е можно поширок формат, со сите овие шест организации кои се за избори. Не е исклучено и евентуалното проширување на таа коалиција, иако во моментов тоа не е на повидок“, додаде Грбовиќ.

Пред се, Демократската партија се залагаше – според претходниот договор на „Србија против насилството“, коалицијата НАДА и ПроГлас – да инсистираат на изборните услови како и одложување на изборите на есен. Но, од Демократската партија додаваат дека ќе ја поддржат одлуката на мнозинството од коалицијата бидејќи единството на опозицијата е пред се.

Извори од делот на коалицијата што планира да оди на избори претходно изјавија дека би било „лудо“ да не се оди на избори откако владата ќе ги исполни трите поставени барања.

Лидерот на еколошкиот бунт, Александар Јовановиќ Ќута, претходно во петокот ги повика сите да излезат на гласање и предупреди дека намерата на режимот е да ја разедини оваа најголема опозициска коалиција.

Милош Јовановиќ, лидерот на Новата ДСС, претходно изјави дека до 2 јуни нема време за подобрување на изборните услови, но дека партијата ќе донесе одлука во сабота.

Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ во четврток најави дека на 2 јуни ќе се одржат локални избори во останатите градови и општини, а во Белград ќе има повторени избори.

Претходно власта демонстративно се согласи со првите две барања на опозицијата, поправедна застапеност на РТС и контрола на избирачкиот список.

Иако после состаноклот наводно немало никакви расправии, секој секому израил „добар пат“ во однос на бојкото или одењето на гласање, на малите екрани тешк осе сокриваа разликите во опсервацијата на методите за натамошна борба за демократска Србија.

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet