Дали стечајот во „МПМ“ е вистинската пречка поради која Керим повеќе не е под прогон ќе се знае кога ќе финишира истрагата за предсметот „Империја“, каде тој повторно се јавува како осомничен. Постојат сериозни индиции кои упатуваат на можноста стечајот во „МПМ“ да е лежен
Со решение на Судечки совет на скопскиот кривичен суд, обвинетиот Срѓан Керим, како одговорно лице и правното лице „Медиа Принт Македонија“ се ослободуваат од натамошна прекршочна одговорност за сторена финансиска недисциплина!
Скопскио кривичен суд, на трети овој месец, донел решение со кое ја запира постапката иницирана од Министерството за финансии, односно од Управата за јавни приходи.
Во образложението на одлуката, која во меѓувреме ќе стане и правосилна, судот само кратко ќе констатира дека „МПМ“ е фирма во стечај, кој, пак, е завршен и затоа, а согласно Законот за финансиска дисциплина, одредени одредби не се однесуваат на економските оператори од приватниот сектор над кое е отворена стечајна постапка, а во согласност „со Закон кој ја уредува стечајната постапка“!
Сето горе наведено подразбира дека судот го ослободува Керим од натамошна одговорност, а на основ на неподмирување на долг кон фирми кои соработувале во „Медиа Принт Македонија“.
Имено, Керим, кој во моментов си живее мирни пензионерски денови во Опатија, Хрватска, како одговорно лице беше обвинет за финанасиска дисциплина, односно дека и покрај добиените предупредувања избегнал да им плати на на две компании 208.000 денари или близу 3.500 евра, односно 500 евра.
Дали стечајот во „МПМ“ е вистинската пречка поради која Керим повеќе не е под прогон ќе се знае кога ќе финишира истрагата за предсметот „Империја“, каде тој повторно се јавува како осомничен. Постојат сериозни индиции кои упатуваат на можноста стечајот во „МПМ“ да е лежен, односно да е реализиран од луѓе и компании блиски до него и до притворениот Орце Камчев.