На економијата и се неопходни добро платени работници. Така се стекнува и можност за продуктивно работење и иднина на овој сектор

Неопходно е итно зголемување на платите на работниците во приватниот сектор. Тој сектор во Македонија е главен двигател за економската состојба на државата. Приватниот сектор е нешто што мора веднаш да се подобри со квалификуван кадар и млади луѓе, истакна на неодамнешната прес-конференција потпретседателот на ССМ за приватниот сектор Иван Пешевски.
Но, за овие две работи потребни се достоинствени односно безбедни услови за работа и повисоки плати. Повисоки плати не се 500 евра плата туку 500 евра минимална плата која ќе се множи со коефициентот на сложеност за да платите во овој сектор надминат 50 и 60.000 денари. Онолку колку што минимум треба да земаат вработените во приватниот сектор особено вработените во трудо-интензивните дејности.
„Ова наше барање се однесува на сите работодавачи од приватниот сектор особено оние кои пред некој ден се изјаснија дека недостасува кадар во државата. Уште повеќе ќе недостасува доколку не зголемите плата. Со сета почит кон одредени работодавачи исто од приватниот сектор кој почитуваат и Закон и колективен договор па овие проблеми се оддамна надминати но тоа е сосема мал процент од вкупниот број вработени. За овие вработени покрај вработените од јавниот сектор ССМ има поднесено низа пријави и обезбедено бесплатна правна помош особено засегнати во делот на неосновано намалени или воопшто неисплатени плати во законски рок, неисплатен регрес за годишен одбор, неосновано неисплатени додатоци на плата како минат труд итн.“ – вели потпретседателот на ССМ за приватниот сектор, Иван пешевски.
Медиумскиот сектор не е исклучок каде работодавачите не ги почитуваат своите вработени особено во делот на договорите на определено работно време и неисплаќање на плати, надоместоци, прекувремена работа и здравствено осигурување.
„Тоа пријавување, еднаш засекогаш, треба да ги освести тие работодавачи да ги пријават новинарите со договори на неопределено и да исплаќаат плата онака како што ви следува и на вас во приватниот сектор, по закон, со се минат труд со се ртабота з авреме на државни празници и.т.н. Сето она што ви следува како вработени во приватниот сектор. Точно е дека ССМ се залагаше и за намалување на договорите на определено време од 5 на 1 година но нажалост до ден денес не е донесен новиот закон за работни односи и се уште има голем дел манипулации со тие хонорарци, договори на дело како кај медиумските работници така и во многу државни институции меѓу кои би ги набројал сите здравствени домови и општи болници, сите работатат на одредени договори кои што ниту се покриени со здравство и пензиско ниту со било кои други надоместоци освен некоја нето плата со персонален данок.“ -вели потпретседателот на ССМ за приватниот сектор, Иван пешевски.
Само во текот на 2024та година бесплатна правна помош и заштита добија 12.234 работници кои се обратија до ССМ и синдикатите здружени во ССМ.