Звучи како шега ама не е – таму каде што народот мислеше дека експремиерот живее семејно, тој имал внатрешно поврзан влез ви уште три други!
Иако од Обвинителството не соопштуваат детали за неодамнешните претреси, сепак, медимуите откриваат дека Никола Груевски имал уште три стана, од кои два ги впишал на име на мајка му и еден на неговата секретарка, јавува pravosudstvo.mk.
На барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска бил извршен претрес во повеќе објекти во Скопје. Како што потврдуваат од обвинителството претресите се дел од истрагата за предметот познат како „Плацеви на Водно“, односно за купување на недвижен имот за сметка на бегалецот Никола Груевски.
„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на целосно расчистување на предметот“, се вели во краткото соопштение кое доаѓа оттаму. Но, за разлика од Обвинителството неколку портали веќе излегоа со комнкретни информации поврзани до овој случај. Така, според пишувањето на „Сакам да кажам“, истрагата открила уште три стана чиј што сопственик е пиранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и екс -пrемиер, Груевски.
Имено, Груевски, во зградата на „Бихаќка“ поседувал уште два стана кои ги запишал на име на неговата мајка Нада, а третиот на неговата техничка секретарка, која, пак, во даден исказ пред Јавен обвинител призмала дека таа само формално се води како сопственик, а реално тоа е Никола Груевски.
Случајот „Плацеви на Водно“ беше обелоденет уште во првата половина на 2015 година, со објава на таканаречените „бомби“. Неколку години подоцна Специјалното јавно обвинителство отвори предмет со кој Никола Груевски, неговиот браѕучед Сашо Мијалков, Јордан Камчев и кумот Ристо Новачевски беа осомничени за перење пари, односно за помагање. Досегашниот тек на истрагата покажа дека Груевски, од 2006 до 2012 година, дел од донациите дадени за финансирање на партијата ги задржувал за себе, односно дека успеал да присвои 1.300.360 евра или 79.972.140,00 денари. Овие средства тој ги пиштил во оптек со тоа што започнал да купува плацеви на Водно, преку фирма од Белизе, а чиј управител бил неговиот кум.
Во еден од становите, според медиумите, имало огромна библиотека, а другиот Груевски го користел како работен кабинет.
Од обвинителството во врска со претресите соопштија само дека се во рамки на истрагата „Плацови на Водно“, каде токму Груевски е првоосомничен. Меѓутоа, официјално не соопштија повеќе детали.
„Денеска е извршен претрес во повеќе објекти. Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како ’Плацови на Водно‘. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на целосно расчистување на предметот“, се наведоа од Обвинителството.
Постојат информации, кои излегоа и во дел од медиумите, дека претрес е правен и во стан во Прилеп кој се поврзува со ексминистерот Миле Јанакиески, што не е потврдено од Обвинителството не ја потврдија оваа информација. Ниту, пак, адвокатите на Јанакиески имаа таква информација. Бившиот министер не е еден од осомничените во истрагата позната како „Плацови на Водно“ која обвинителството соопшти дека ја отвора на 19 октомври лани.
Според соопштението издадено при отворање на истрагата, Груевски се сомничи дека во периодот од 2006 до 2012 противправно си присвоил пари од донации за ВМРО-ДПМНЕ, а потоа од октомври 2012 до септември 2013 ги пуштал во оптек преку фирма-ќерка на офшор фирма од Белизе и така ги купил атрактивните плацови на Водно. Станува збор за земјиште од 11 000 квадратни метри и сума од 1,3 милиони евра.