Експремиерот, Мијалков, Качев, неговата мајка, Ристо Новачевкки и Ненад Јосифовиќ треба да седнат во судница пред поритата која ќе ја води судијата Трпков. Обвинението е правено според пистрагата на поранешното СЈО
Судењето за случајот „Плацови на Водно“, каде што меѓу осомничените се бизнисменот Јордан Камчев, Сашо Мијалков и експремиерот Никола Груевски, почнува на 16 јули. Првото судско рочиште беше закажано откако Основниот кривичен суд информираше дека во целост е одобрен обвинителниот акт. Судијата Илија Трпков ќе го водат случајот, а од судот информираат дека обвинителството и одбраната се известени за датумот и времето на првото судско рочиште. Покрај споменатите, обвинети се и Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ и мајката на Камчев, Ратка Куновска-Камчева.
Истрагата за случајот „Плацови на Водно“ беше отворена во октомври лани, а Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го поднесе обвинението во мај годинава.
Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1.3 милион евра (79.972.140 денари), а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Станува збор за земјиште на кое имало шума, а кое со промените во Генералниот урбанистички план (ГУП) било пренаменето во градежно. Покрај имотот на Водно, обвинението опфаќа и два стана во главниот град и две парцели во Крушево за кои обвинителството тврди дека се прикривал вистинскиот сопственик.
Груевски е обвинет за делата перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот. Камчев, неговата мајка, како и Новачевски и Јосифовиќ се товарат за перење пари, додека Мијалков е обвинет за помагање во делото перење пари.
Од обвинетите, Камчев веќе 3 месеци се наоѓа во притвор за овој предмет, а Мијалков е во притвор за случајот „Трезор“ каде е неправосилно осуден на 8 години затвор. Со поднесувањето на обвинението, Јосифовиќ и Куновска-Камчева добија обврска да се јавуваат еднаш неделно во судот, а на мајката на Камчев ѝ беа одземени и македонскиот и бугарскиот пасош.
Судот тогаш одреди притвор и за Груевски, но со оглед дека тој е во бегство во Унгарија мерката за него би стапила на сила ако некогаш биде достапен за македонските органи. Но поради неговата недостапност, во останатите предмети на експремиерот му се суди во отсуство.
Покрај плацевите на Водно, за кои минатата недела обвинителство отвори истрага против поранешниот премиер Никола Груевски, се истражуваат и други недвижности во врска со овој предмет, рече првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески во гостување на Телевизија 24.
„Обвинителството презема дејствија во насока да се утврдат докази за тие недвижности и овие плацови се замрзнати што значи е забрането нивно оттуѓување и располагање. Тоа се однесува за недвижностите во Скопје. Обвинителството истражува и други околности во врска со овој случај и ќе видиме до какви факти и податоци ќе се дојде во текот на истраната постапка“, рече Јовески во гостување на ТВ 24.
Во рамки на истрагата за случајот „Плацови на Водно“ лани во октомври му беше одреден притвор на кумот на Никола Груевски, Ристо Новачевски
Притворот за кумот на Груевски тогаш го побара Обвинителството, откако Новачевски беше осомничен за перење пари и други приноси и беше изведен пред судија на претходна постапка.
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска побарала и замрзнување на имотот на Новачевски, додека за Груевски рече дека не е побарано замрзнување на сметките, од причина што тој ги испразнил пред бегството во Будимпешта.
Првоосомничен во случајот како што може да се очекува е Груевски, за кого истрагата покажала дека тој со пари на партијата си купил плацеви во вредност од над 1,3 милиони евра. Се бара одговорност за ривичното дело – перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик Во тој контекст се бара и улогата на другите учесници во аферата.
Во периодот од октомври 2012 година до септември 2013 година средствата прибавени со кривичното дело – Затајување од чл.239 ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик Груевски ги пуштил во оптек со купување на градежно земјиште на Водно. Второосомничениот, иако знаел дека паричните средства се прибавени со кривично дело, стапил во контакт со сопственик на веќе регистрирана офшор фирма во Белизе и побарал документацијата, печатите и жиро-сметката да му бидат дадени на располагање. Во јули 2012 година била основана фирма – ќерка во Скопје на која, по претходен договор со првоосомничениот, станал управител третоосомничениот. На сметката на правното лице во повеќе наврати биле пуштени во оптек средствата прибавени со кривично дело. По постигнување на согласност за купопродажната цена, третоосомничениот во својство на управител на правното лице извршил плаќање кон сопствениците на земјиштето, со што бил прикриен изворот на парите и вистинскиот сопственик на земјиштето со вкупна површина од 11.000м2.
Во периодот од 20 јули 2015 до 26 јуни 2019 година, по јавно објавените разговори што ја откриваат сопственоста на градежните парцели во КО Центар 2, со цел да се прикрие вистинскиот сопственик Третоосомничениот како управител на правното лице, ја пренел сопственоста на друго правно лице. Тој, по претходен договор со првооосомничениот, користејќи полномошно издадено од сопственикот на правното лице од Белизе ја пренел сопственоста на правното лице чиј управител е петоосомничениот, а шестоосомниченото лице се јавува како краен сопственик на правното лице. За да се прикрие локацијата, движењето и сопственоста на имотот „новите сопственици“ донеле одлука за преименување на правното лице и одлука за физичка делба на парцелата од 6785м2 на три нови парцели. За да ја прикријат локацијата и сопственоста плацовите биле пренесени на физичко лице без платен удел, но со определен рок од 3 години за исплата на купопродажната цена.
Овој случај го отвори згаснатото СЈО.