Мурињо беше отпуштен од Манчестер Јунајтед по болниот обид да се оствари неговиот сон. Сега може да видиме како 55-годишен човек во Сетубал кој, во долга јакна, со побелена неуредна коса, си говори во брадата
УРОШ ЈОВИЧИЌ
Некаде во Сетубал, во Исусовиот манастир, на една од дрвените клупи под таванот држен со испреплетени столбови, тој седи во последните денови од 2018 година. Декември е прекрасен во овој португалски град, ако сакате дожд, бидејќи, температурата е 15 степени и во средината на зимата.
Туристите се посветуваат на медитација во манастирот, каде сега седи и старецот кој е замаслен и си ги преуредува мислите за животот – од мигот кога го напуштил својот роден град, се до моментот кога тој го напушти својот последрн тим од другата страна на Каналот.
Сетубал е Католички замок а таму доаѓаал малку фудбалери. И градот е познат по поетите и уметниците.
Хозе Марио дос Сантос Мурино Феликс.
Тука започна сè. Син на професионален фудбалер и учителка во респектабилно основно училиште, тој одлучи да учи за спортот од сосема друга позиција. Тој се обиде да ја промени улогата на тренерот, користејќи го своето знаење од училишниот тим, преку помладите категории на Виторија, до позицијата на помошник на Боби Робсон и само малку на Луј ван Гал. И тогаш дојде вистинското – можност за генијот и егото на Жозе Мурињо, рака под рака, да се пробијат на големата сцена.
„Кога разговарав со Ван Гал за враќањето во Португалија за да бидам асистент во Бенфика, тој ми кажа дека треба да одам таму само ако им е потребен прв тренер”, рече Мурињо.
Тој го замени Јупа Хајнкез и го предводеше тимот од клупата на само девет натпревари. Фрустрацијата поради раното напуштање на клубот ќе се појави дури години подоцна. Особено кога Порто го презеде од претходникот. Тогаш беше јасно дека момчето од Сетубал знаеше што прави. Целиот тим, составен од млади португалски играчи и некои многу искусни играчи, а нивните „Pressao alta” (висок пресинг), давејќи ги како змија жабата сите ривали во западниот дел на Пиринејскиот Полуостров. И потоа дојде финалето на Купот на УЕФА против Селтик.
За кусо време двајца португалски фубалери донесоа предност ама тоа за кусо време го неутрализираше Хенрик Ларсон. И тогаш Дерлиј добива вистинска топка во продолжението, навивачите полудуваат од возбуда, а Мурињо смирено гледа надолу и запишува нешто во белешките. Се чинеше дека веке вечерта гледа подалеку од другите. Излегува дека дури и го видел Гелзенкирхен.
На тој стадион следната година, во финалето на големиот европски натпревар, реагираше малку поинаку на целите на неговиот тим.
Натпреварот во финалето против Монако беше само врвот на ледениот брег, последниот чин во одличната сезона на тимот од стадионот Драгаанао. Во групата имаше три бода зад Реал Мадрид, оставајќи ги зад себе Олимпик Марсеј и Партизан.
Во осминафиналниот натпревар, тој беше на линијата во победничката трка, која ја напушти фамозниот Алекс Фергусон и неговиот „Сон театар”. И кога ќе се направи такво нешто, со сета почит на Олимпик Лион, Депортиво Ла Коруња и Монако, сите пречки паднаа надолу.
Тогаш почна приказната за „месијата”, кој водеше група на играчи да ја освојат Европа. Порто го немаше најдобриот стрелец на натпреварот (МекКарти ја попгоди мрежата само четири пати), немаше најдобра одбрана, ниту најдобар „домашен терен” – но го имаше најдобриот тренер. Имаше бројни понуди пред него, а повеќето од нив беа оние од Островот.
„Ливерпул е тим за кој се заинтересирани едноставно сите, и името Челзи навистина не привлекува премногу. Тоа беше нов проект со многу инвестиции. Парите ги нудеше Роман Абрамович, тренерот имаше на располагање можност да ангажира квалитетни играчи, но никогаш не се знаете дали таков проект ќе успее”, вели Мурињо.
Набрзо потоа, Ливерпул го ангажираше Рафаел Бенитез, а Португалецот ја прифатија понудата на Роман Абрамович.
Од почетокот на неговиот прв мандат на клупата на сините, тој предизвикуваше интриги. Тој направи чуда и во исто време создаде проблеми и ги порази сопствените непријатели на секој чекор. Сепак, првото нешто што ќе се случи кога некој ќе го спомне Специјалниот, ќе биде резултатот. Тој освои две титули со сините во Премиер Лигата, два Лига Купа, еден ФА Куп и еден Комјунити Шилд. Тој ги постави темелите на Челзи, кој ќе се искачи на покривот на Европа веќе по неколку години. И тогаш реши да замине. Образложението беше дека имало отстапување на мислења со Роман Абрамович, кој купил играчи како да се работи за роденденски подарок за неговиот син, по што додатно објаснување едноставно немаше. Сите беа на страната на Мурињо.
„Фудбалскиот Месија”, потоа одлучи да дојде во градот на модата. Во првата сезона со Интер, тој го освои Суперкупот на Италија и Скудето, а во втората тој направи тројка.
Војуваше со навуивачите на Јувентус, им се потсмевнуваше на ривалите ама сликата од тој период која ги освои сите беше простувањето на Мурињо со Марко Матераци по победата над Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите. Ексцентричен бек и уште поексцентричниот тренер плачеа. Јавноста беше потресена и сите плачеа со Мурињо.
Повторно „месијата” ги спакува куферите и отиде во светот за да направи чуда. Веќе во Мадрид, тој беше пречекани од бариери. Од друга страна, тука беше неговиот иден најголем фудбалски ривал, Пеп Гвардиола, а на негова страна беа несреќните играчи.
Така, покрај локалните и интернационалните клубови од Барселона Мурињо си создаде непријатели во Мадрид. Еден Куп на кралот, една шампионска титула и еден Супер куп, го дополнија неговиот биланс. Тој отиде од „Сантијаго Бернабеу” и на јавноста не и беше јасно, за прв пат дали да биде на негова страна. Враќајќи се на Островот, на Стемфорд Бриџ, оваа јавна поддршка дополнително се намали.
Повторно, Челзи стана шампион, што дотогаш ја претставуваше стратегијата на Специјалниот на патот кон целта – „Сите се против мене. сите се против нас” – парола која стана повеќе цел сама по себе.
Прес конференциите беа претворени во отворени жолчни расправи со медиумите, кои во Обединетото Кралство ги претвораат своите херои во вреќи за удирање. Жозе не им остануваше должен.
На 17 декември 2015 година, кога беше отпуштен од работа, Мурињо беше блиску до постигнување на својот долгорочен сон. Фергусон долго време зборуваше за амбициите да биде заменет од Португалецот на Олд Трафорд, но егоистичниот Шкот често ги менуваше плановите. Сепак, на 27 мај 2016 година, Алек и Жозе испија шише вино како во добрите стари времиња, овој пат во чест на тригодишниот договор што Мурињо го направил со Јунајтед.
Сепак, по првата сезона, сите беа против него.
Малкумина се’ уште веруваа во улогата што Португалцот ја имаше со години, правејќи чуда во светот на фудбалот.
Менаџментот на клубот отворено изјави дека спортските резултати не се примарни за семејството Глејзер, кое е сопственик на мнозинството од акциите на клубот, а најголемата добивка во претходниот транзициски период управата ја сметаше што го доби Чивас, како генерален спонзор.
Тие и дозволија на ѕвездата Пог Поба да внесе непријатна атмосфера во соблекувалната, а Мурињо, во сето тоа, дејствуваше како агресивен старец кој на прес-конференциите го обвинуваше целиот свет за секој лош резултат. Освен некои духовити забелешки по ретките победи на неговиот тим, тој најчесто имаше летаргичен и смирувачки поглед.
И така, за жал, неговиот пристап кон теренот изгледаше слично. Тој знаеше да биде човек кој прави „висок пресинг“ кога тимот треба да се брани и потоа по одземената топка да ги рашири играчите на теренот, но тој наиде на тим кој не е во состојба да ја игра таа негова тактика. И во отсуство на идеи, тој не направи ништо да додаде барем една црта на идентитет на безличниот Јунајтед. Затоа, точно три години по отказот во Лондон, следеше отказ и во Манчестер.
Прашањето е каде е следната станица на Мурињо.
Во Шпанија вратите насекаде му се затворени. Во Англија, исто така. Единствениот клуб со највисоки амбиции во Франција е Парис Сен Жермен, а таму Томас Тухел беше донесен како долгорочно решение. Борусија Дортмунд прави чуда на почетокот на сезоната и Лусијан Фавр, секако, не е проблематично место на клупата, па единствена опција за португалскиот тренер, според германски експерти е Баерн Минхен. На чизмата има можност да се најде „егзистенција“, бидејќи односите меѓу клубовите, како и резултатите не се постојани, но Жозе сигурно не сака да биде втор. Во Јувентус дефинитивно е персона нон грата.
Тој не беше заинтересиран за нешто конкретно, бидејќи неговиот сон беше само Манчестер Јунајтед и најмалку 15 години сонуваше да биде тренер на Олд Трафорд.
Значи, ако се случи да се шетате пак во Сетубал, и да наминете во Исусовиот манастирот во градот, можете да видите 55-годишен старец во долга јакна, со неуредна бела коса, како колне говорејќи си во брадата.