Најголемата шанса за членство во НАТО Македонија ја имаше на самитот во Букурешт во 2008 година. Но, поради ветото на Грција, нашата земја остана надвор од Алијансата. Македонија, доколку го реши спорот со името до самитот во јули, има големи шанси да добие покана за полноправно членство
Сите технички услови за членството се исполнети, сега се очекува само решението на спорот со Грција. Доколку не се реши овој спор, Македонија ќе треба да изнајде друг модел. На оваа тема ја имаме поддршката од највлијателните европски земји, како и од САД. Ова го потврдуваат средбите со највисоките преставници на овие земји.
На сите овие теми имавме можност да разговараме со Националниот координатот за НАТО интеграции Стево Пендаровски, кој не почести со неговата посета во редакција „Земан“.
Која е улогата на Националниот координатот за НАТО интеграции?
– Оваа институција отсекогаш постоела. Но, последниот кој раководел со институцијата е сегашниот министер за надворешни работи, во 2005 – 2008 година. Потоа претходнат влада не направи ништо за членство во НАТО. Мојата задача е да ги координирам сите институции кои се поврзани со НАТО интеграцијата. Но, тоа не значи дека го завземам местото на министрите. Министерот за одбрана и министерот за надворешни работи се тие кои прават реформи во тој правец. Целта е да биде засилена екипата која работи за НАТО интеграцијата.
Во изминатиот период сте биле на различни функции во државата. Според вас, кога Македонија забележа најголем напредок?
Најголемиот напредок Македонија го забележа во периодот по конфликтот во 2001 година, по потпишувањето на рамковниот договор. Како што знаете, гаранти на рамковниот договор беа ЕУ и САД. Меѓу потписниците на рамковниот договор беа Џејмс Парду во име на американскиот претседател и Франсоа Леотар во име на ЕУ.
Во периодот потоа направени се големи реформи во правосудниот ситем и другите делови од општеството. Со тоа не подготвуваа за асоцијациите. Кога во 2005 нѝ дадоа статус на кандидат за влез во ЕУ, имавме исклучителен напредок. Кога во 2006 дојде новата политичка структураљ која почна да ја враќа државата наназад на сите полиња. Видете, во таа година Македонија беше 34 на листата на Репортери без граници, а во 2014 беше на 123 место. Тоа е уназадување за 90 места. Toa е слободен пад. Мислам дека најголемиот труд Владата го вложува за да можеме да се вратиме на позицијата на која бевме во 2005 година.
Така, јас мислам дека во тие години имавме најдобар напредок. Претходно во 90-тите не можевме да правиме многу реформи. Бевме нови во демократијата, имаше еден куп војни околу нас. По 2006 година, со новата структура ние имаме големо назадување.
Македонија има свои војници во мисиите на НАТО, но не е земја членка. Како ја коментирате оваа ситуација?
– Ние имаме војници во мисијата на НАТО во Авганистан уште од 2002 година. Тука нема ништо чудно. Има земји кои не сакаат да бидат земји членки на НАТО, но учествуваат во разни мисии, како што е Шведска. Зошто го правиме ние ова? Доколку сакаме еден ден да бидеме членка на Алијансата мораме да докажеме дека сме способни за тоа.
Со присуството на нашите војници, ние докажуваме дека сме способни и дека имаме капацитет да испраќаме свои војници во различни мисии. Од друга стана, целта е да покажеме дека имаме капацитет на способни војници. Веќе 15 години го штитиме главниот штаб на НАТО силите во Кабул. Од воен аспект, покажуваме колку сме способни за овие мисии, бидејќи војниците се тие кои учествуваат во овие мисии.
Колкави се шансите Македонија да добие покана за влез во НАТО?
– Македонија заслужи да влезе во НАТО уште на самитот во Букурешт во 2008 година. Меѓутоа таа година ни поставија плус уште еден услов, откако Грција го стави своето вето. Тоа беше услов кој никогаш до сега не беше применуван. Според практиката, НАТО одлучува едногласно. Тогаш ние ги исполнивме сите услови, остана само името. Во меѓувреме се случија неколку НАТО самити. Во 2016 врз овие услови беа додадени дополнителни услови. Според образложенитео, Македонија е во длабока политичка криза. Тоа ја одалечува земјата од основните вредности на Алијансата, како што се демократијата и основните човекови права. Новата влада се обиде да ги острани лошите услови настанати со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Јас сум убеден дека сме многу блиску до членството. Ги исполнивме сите услови. Освен тоа, додадовме 20 отсо повеќе војници во мисиите каде што учествуваме, го направивме Министерството за одбрана потранспарентно и поблиско до народот. Сите критери ги исполнивме. Мислам дека до самитот во Бруксел во 11-12 јули ќе ги средиме сите потребни услови за добивање покана за влез во НАТО. Што значи дека останува само името.
Дали може да се каже дека 2018 ќе биде одлучувачка година за Македонија? Како треба да ги толкуваме посетите на сите европски челници како Туск, Стотенберг, Могерини, Хан?
– Како големо признанние за Македонија. Последниот извештај на ЕК тоа го потврди. Со читањето на извештајот гледаме дека Албанија е преставена како водечка во демократијата, но беше наведено дека ние имаме најдобар напредок. Во поновата европска историја не постои држава која за само 10 месеци премина од автократски режим, успеа да достигне до еден позитивен извештај од ЕК. Во 2005 добивме препорака за започнување на преговорите. Значи само 3 години по конфликтите во 2001 година. Тоа ниту една земја до сега го нема направено. Не велам дека тоа го прави некоја политичка партија или Влада, туку сите фактори во државата. Тие имаат надеж дека Македонија ќе биде следната успешна приказна на Балканот. Могерини и Столтенберг привлекуваат внимание на настаните минатата година и ни даваат надеж, воочувајќи го напредокот на државата.
Дали Македонија има друга алтернатива, ако не добие покана за влез во НАТО и ЕУ?
– Во последниот период учествував на многу трибини, каде што ми го поставуваа истото прашање. Јас им одговорив „Да, има“. И почнаа да се чудат „коортдинаторот за НАТО вика дека има друга алтернатива освен НАТО. Јас им реков дека има други алтернативи, но дека не се добри. Почнав да им ги кажувам тие други алтернативи. Можебе да прогласиме политичка и воена неутралност. Ова е илузија за една балканска држава. Тогаш нема да има потреба да трошиме пари за одбрана. Но ова не е реално. Бидејќи на Балканот секои 10 години има по една војна. Многу убаво би било кога би трошеле пари само за образование и здравство. Но, ова би било нереално.
Можеме да бараме дел во Неврзаните. Има организации кои се раководени од Кина и Русија во Азија и Евроазија. Тие не бараат никаков услов за влез. Некои се залагаат да се зачлениме во овие Алијанси. Но, јас велам дека ЕУ и НАТО се буквални школи за демократијата и пример за тоа како треба да се организира едно општество. На пример, земјите со најмалку корупција се Германија, Велика Британија, Франција, Скандинавсите држави и САД. Тука се наоѓаат најдобрите универзитети. Најголемите плати се во овие земји. Кога емигрирате, во која земја се преселувате? Се разбира дека одиме во европските земји. Овие земји имаат најдобар систем. Имаат најголема стабилност. Понекогаш се случуваат терористички напади, но со векови никогаш не се случила војна.
Во Шведска веќе три века нема војна и оваа земја е членка на ЕУ. Не треба да заборавиме дека Македонија е хетерогена земја и дека немаме друга алтернатива и проект освен оваа. Не постои систем кој подобро го поддржува ваквиот вид општество. Ние ќе продолжиме да бараме решенија, иако не го достигнеме врвот.
Без разлика што ќе се случи на самитот на НАТО, дали ќе има предвремени избори во Македонија?
Премиерот Зоран Заев се обидува да го зголеми парламентарното мнозинство. Се разбира дека во моментот не се размислува за предвремени услови. Според Владата, земјата доживеа многу избори во последниот период. Доколку Заев би сакал како Груевски да го има апсолутното мнозинство, можеби би се одело на предвремени избори. Но, иако не добиеме покана од НАТО, сепак мислам дека нема да има предвремени услови. Јасни се работите што треба да се направат и нема потреба од анализи. Македонија нема потреба да чека самит за да добие покана. Тоа може да се случи и на редовните состаноци кои се одржуваат секоја недела. Досега не видов достоинствен потег од Грција за решавање на спорот со името. Треба да се убеди народот дека јазикот и националната припадност не се предмет на разговорите. Досега има барања од Грција кои не можат да бидат исполнети.
Има тврдења дека ќе следи притисок кон Грција од западните земји за омекнување на ставовите. Колку се точни овие тврдења?
– Ако Грција сака да биде поконструтивна, ќе изврши притисок. Првиот принцип е дека Грција е членка на ЕУ и НАТО. Ниту една од овие организации не би сакала Грција да замине и на нејзиното место да дојде Македонија. Не верувам дека ЕУ и НАТО би користеле ваков принцип. Но што би се случило кога не би и давале кредит на Грција? Тогаш би паднала владата и на нивното место би дошла опозицијата. Грчката опозиција нема различен став на оваа тема. Без разлика дали ќе бидеме членка на НАТО или не, ние ќе продолжиме со реформите. Од причина што наредната година ќе има избори и во двете земји, се формираат динамики за побрзо решавање на името.
Според последната изјава на Заев, како да е паузиран спорот за името. Како го оценувате ова?
– Премиерот Заев секогаш позитивно размислува на оваа тема. Всушност тој на секоја тема има позитивно мислење. Овие изјави се даваат за да го мобилизираат општеството. Да не се опуштаа премногу. Да видиме што ќе се случи овие два месеца, па потоа ќе го дадеме максимумот. Лидерите треба да ги мотивираат останатите. Политичар од Владата никогаш не треба да биде депресивен.
(„Земан“)