Доаѓате бучно со музика и коли на власт, заминувате трагично со аболиции, го барате Стразбур. Јас машки доаѓам на власт и машки си одам. Одговорно ги обавувам своите функции“, рече Јакимовски.во гостувањето на Канал 5
„Имам потпишувани договори преку милијарда евра, но сум работел согласно закони. Пари не ме интересирале, јас не сум среброљубец. Но, ако не се душманите нема да можеш добри работи да правиш“, рече актуелниот градоначалник на општина Карпош и кандидат за претседател на претстојните избори во гостување на Канал 5.
А зошто би ме погодило тоа што Бујар Османи не ме кани на ифтарска вечера. Што очекувате вие од него. Само покажува дека ќе продолжи да слугува. Ова вечерва во емисијата Само вистина на Канал 5 го изјави актуелниот градоначалник на скопската општина Карпош и претседател на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски и кандидат за претседател и еден од кандидатите за претседател на државата на претстојните претседателски избори.
„Има чесни и нечесни луѓе. Одвоени сме едни од други. А веројатно јас и Билјана Ванковска спаѓаме во чесните луѓе. Османи и неговите другари имаа шанса да направи убавина од оваа држава. Кој им бранел досега да направат европска Македонија. Но, никој во државата, ниту Македонци, ниту Албанци немаат чувство дека правеле европска Македонија. Нели водеа војна, бараа да седнат во институциите, се договоривме, влегоа. Очекувавме дека нивното учество во власта ќе ја направи администрацијата поефикасна, но тоа не се случи“,
рече Јакимовски.
На Османи му посака убава ифратрска вечера.
„Нека му е со среќа. Прашање е и дали би бил во можност да одам. Речиси секоја вечер сум поканет на ифтарски вечери“, додаде тој.
За тоа што неговото име се најде на „црната листа“ на САД, рече дека кога би бил на местото на претседателот би се спротивставил, односно како што вели, македонските граѓани да се ставаат на „црни листи“, уште повеќе тоа да се вклучи тоа во домашното законодавство.
„Сето тоа се носи врз база на наратив. Цело време се создаваше наратив по изборите во 2017 година да бидам уапсен. Стевче има станови, има милиони, има ова, она. Ништо од тоа не е точно. Тоа се обични паушални обвинувања, на нивни доушници, жал ми е што им даваат погрешни информации. Не ме познаваат добро“, рече Јакимовски.
Според него, Карпош е единствена општина ослободена од каков било политички притисок.
„Имам потпишувани договори преку милијарда евра, но сум работел согласно закони. Пари не ме интересирале, јас не сум среброљубец. Ако не се душманите нема да можеш добри работи да правиш“,
вели тој.
На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ би можеле да имаат влијание врз американската администрација, Јакимовски рече дека нивните членови први ликуваат.
„Ова е директно мешање во изборната кампања. Тоа е казниво дело,
рече кандидатор за претседател.
Им порача на ВМРО-ДРПМНЕ, дека може да заигра мечката и во нивниот двор.
„Доаѓате бучно со музика и коли на власт, заминувате трагично со аболиции, го барате Стразбур. Јас машки доаѓам на власт и машки си одам. Одговорно ги обавувам своите функции“, вели Јакимовски.
За себе, рече дека тој е политички играч кој може да игра под притисок.
„За мене секогаш интересите на Република Македонија ќе ми бидат на прво место“, рече тој. Посочи и дека немал никакви особени контакти со Руската амбасада во земјава.
Американскиот Стејт департмент во понеделникот преку соопштение информира дека ексшефицата на поранешното Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева и градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, се ставени на „црната листа“.
За Јакимовски се наведува дека како градоначалник бил вмешан во коруптивни дела, односно дека службената положба ја користел да влијае во урбаниот развој на Општината, во процесите за јавни набавки, со цел преку нив да прибави корист за себе и своите соработници.
Покрај него, САД на листата ги ставија и неговите двајца полнолетни сина – Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски.
Ден потоа, Јакимовски ја поднесе кривичната пријава во зградата каде што се наоѓаат републичкото Јавно обвинителство, Основното јавно обвинителство Скопје и скопското Вишо јавно обвинителство.
Тој во изјава за медиумите обвини дека со ставањето на „црната листа“ се врши директно мешање во изборната трка тврдејќи дека функцијата градоначалник ја извршувал најсовесно.
Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, во изјава што на својот фејсбук-профил ја пренесе Амбасадата вели дека САД ќе продолжат да ги именуваат официјалните лица од која било партија, структура на власта или заедница, кои се вмешани во значителна корупција.