Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ОД РАЦЕТЕ НА ФИНАНСОВАТА ПОЛИЦИЈА КАЈ ОБВИНИТЕЛИТЕ

August 13, 2018 Filed Under: Македонија

Дали последните контроли го отворија досието Стевчо Јакимовски за обвинителите? Финансовата полиција поднесе пријава до Обвинителството кое се бави со организираниот криминал а тоа започна истражни дејствија

БЕЗ ГАРАНЦИЈА Јакимовски дал работа на фирми без да им земе банкарски гаранции

Почетокот на август годинава мина во знакот на покренување на истражна постапка за ексгадоначалникот Стевче Јакимовски. Тој еден мандат мина како градоначалник на СДСМ а потоа го смени дресот и доби нови четири години. Дојде смена на локалната влкаст во многу локални заедници а и во нашата најградска општона. Резултат – во мигот само му е одземен пасош и донесена мерка на редовно пријавување во судот, како мерките на претпазливост кои Судот им ги изрече и на четворица негови соработници.

Ове петтмина се сомничат дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување во три постапки за јавни набавки.

Јакимовски, по излегувањето од Кривичниот суд, остана на ставот дека се работи за политички монтиран случајкој се прави со цел да се дефокусира јавноста.

– Нема потреба од вакви спектакли, нема што да кријам, изјави Јакимовски.

Тој се заблагодари на полицијата, финансиската и судската полиција, како и на Бирото за јавна безбедност за коректниот однос.

– Ниту сме ја злоупотребиле службената функција, ниту имало организиран криминал, ниту некој нешто украл, ниту некој нешто однел дома. Општинските бараки се таму, плоштадот е таму и навистина нема смисла што се малтретираат моите колеги за работа што нема никаква врска со корупција и уште помалку со организиран криминал, рече Јакимовски.

Адвокатот на Јакимовски најави дека ќе поднесе жалба на мерките за претпазливост, посочувајќи дека се работи за случај во кој воопшто не постои дело.

Јакимовски минатата недела, пред влегувањето во Судот, се обрати со вулгарни зборови кон новинарите. На новинарско прашање дали ќе им се извини на новинарите за неговиот однос, Јакимовски по излегувањето од Судот, рече дека нема намера да се извинува.

БЕЗ ГАРАНЦИЈА Јакимовски дал работа на фирми без да им земе банкарски гаранции

– Кон одредени луѓе немам намера да се извинувам. На оние кои се коректни сакам да ги поздравам на нивната коректност и сакам да им честитам за нивната професионалност. Кон оние кои не се професионални немам намера да се извинувам, додаде Јакимовски.

Од Основното јавно обвинителство, денеска соопштија дека злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања Јакимовски и неговите соработници го оштетиле буџетот на општината Карпош вкупно за 36.634.675 денари, овозможувајќи им да се стекнат со противправна имотна корист на правните лица Алконпроект во износ од 33.789.441 денари и С.М. Компани во износ од 2.845.234 денари.

Да потсетиме дека пријавата во овој случај до Обвинителството за гонење на организиран криминал ја поднесе Финансовата полиција, а „насловот“ гласи – злоупотреба на буџетот на Општина Карпош за 600 илјади евра.

Што содржи пријавата. Според информациите кои излегоа од почната процедура, Јакимовски во 2012 и 2013 година во две јавни набавки незаконски ја ангажирал фирмата Алконпроект ДООЕЛ од Тетово, иако оваа компанија не доставила банкарска гранција дека квалитетно и навремено ќе ја заврши работата, што и било законска должност според тендерската документација и членот 48 од Законот за јавни набавки. Јакимовски наместо да го раскине договорот и да ја наплати банкарската гаранција на понуда, му дозволил на изведувачот да започне да работи согласно договорите, а потоа поради ненавремено и неквалитетно извршување на работите го раскинал договорот, со што и овозможил на фримата да се стекне со противправна имотна корист на име на неплатени и необезбедени банкарски гаранции во висина од 15.000 евра, а на штета на буџетот на општина Карпош.

ПОДЕЛБА Ексфункционерот под истрага успеа да ги подели новинарите на „хиени“ и други

Покрај ова, Јакимовски се товари и дека му дозволил на Алконпроект да започне со градежни активности без одобрение за градење, без идеен проект и без основен и изведбен проект. Исто така, според пријавата Јакимовски давал усни инструкции на изведувачот да реализира позиции во поголеми количини од предвидените во техничката спецификација, како и да реализира позиции кои воопшто не биле предвидени во техничката спецификација со што овозможил на фирмата  да се стекне со противправна имотна корист во висина од околу 540.000 евра од сметката на општина Карпош.

Јакимовски се товари и дека и во 2016 година потпишал договор со фирмата ДГПТУ СМ Компани од  Свети Николе за партерно уредување на паркот во Жданец, иако знаел дека фирмата не понудила банкарска гаранција  за квалитетно и навремено извршување на работотата.  Исто така, иако Јакимовски знаел дека изведувачот не може да започне со градежни работи, бидејќи во договорот пишувало дека тој ќе биде валиден од моментот на достава на банкарска гаранција, тој му озвоможил на  изведувачот да ја заврши работата предвидена со договорот, со што му озвоможил да се стекне со противправна имотна корист од 47.000 евра.

Кривични пријави се поднесени и против поранешниот раководител на Секторот за јавни набавки, Претседателот на комисијата за јавни набавки и против член и заменик член во комисијата за јавни набавки, за злоупотреба на службената положба.

Во меѓувреме, четворицата соработници на Јакимовски за кои се поднесени кривични пријави се спроведени во судот каде судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе има мерки на претпазливост. (Р.Г.)

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet