Во конкуренција останаа главно позн атите имиња од писателската сфера
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредниоти „Славко Јаневски“, во состав: Симона Јованоска (минатогодишен лауреатка и претседателка на Комисијата), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра десет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.
Да се потсетиме дека на годинашниот конкурс пристигнаа 35 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот го стесни на девет романи. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март.
Наградата „Роман на годината“ годинава ќе се врачи по 24 пат. Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.
Втора селекција на жирито за наградата на „Роман на годината“ за 2022 ги остави во конкуренција следните наслови:
„Водни тела“, Ана Аврамовска, „Паблишер“
- „Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“
- „Писмо за Глорија“, Живко Грозданоски, „Или Или“
- „Анатрос“, Хари Кацановски, „Арс Либрис“
- „Времето пред приказната“, Митко Маџунков, „Три“
- „Нема шума без волци“, Велко Неделковски, „Пагома Прес“
- „Столб што пее“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
- „Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“
- „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“
- „Естом“, Николина Андова Шопова, „Или Или“
Првата книга на списокот е дело на авторката која живее во Австралија Ана Аврамовска (32) Таа е родена во Кманово а по дипломирањето на Универзитетот Викторија работи на Канал 7 на седмиот континент.
Авторот Живко Гроздановски ((36) е роден во Кичево. Автор е на „Писмо за Глорија“ . Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, ИЛИ-ИЛИ, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, Антолог, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.
Големата жанровска рамка на „Анатрос“ е научната фантастика, иако во овој кус роман се преплетуваат повеќе различни пристапи и понирања и во други раскажувачки формати. Психологијата на ликовите, траумите од растењето, релациите со другите… во книжевното писмо на Кацановски се поставени како наджанровска база, како суштина на постоењето сега, порано или подоцна., беше речено на промоцијата на ром,анот на Хари кацановски. Ова е негов прв роман а тој инаку е скопјанец и дипломирал и на Машинскиот и на Фармацевстскиот факултет.
Михајло Свидерски („Синовите на Адам“) е автор кој е познат и до сега со конкурираше со романот „Последните денови на Ханс“ и влезе во потесен избор за наградата Роман на годината во2019 година.
„Некој бил тука“, романот на Николина Андова Шопова во 2018 година хо освои престижното признание Роман на годината. Сега е во конкуренција со понов наслов.
Останатите конкуренти се доста попознати на читателската публика и за нив ќе дадеме кус осврт пред доделување на овогодинешната награда.