Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СТОБИ ПОВТОРНО ГО ПРИВЛЕКУВА ВНИМАНИЕТО

April 8, 2026 Filed Under: Ревија

Само што започнаа нови ископувања кај оваа археолошка ризница откриен е значајна кутија со украсни предмети, засега во непознат контекст

ВПЕЧАТЛИВО НАОЃАЛИШТЕ Стоби секогаш привлекувал љубители на старини и на историјата но не е доволно искористен од наша страна иако е до самиот автопат што во ди во Грција

Сензационално откритие во Стоби по само два дена од почетокот на годинешните ископувања: бронзена кутија со десет масивни златни белегзии, пронајдена во сè уште неразјаснет контекст!

Кутијата, внимателно изработена и украсена, била делумно вкопана во земјата, што дополнително ја усложнува интерпретацијата на нејзината намена. Белегзиите, изработени со исклучителна прецизност, упатуваат на висок социјален статус на сопственикот, но нивната точна функција: дали станува збор за накит, ритуален депозит или скриено богатство, засега останува непозната.

Ова откритие отвора нови прашања за економските, културните и ритуалните практики во Стоби, најавувајќи понатамошни истражувања кои би можеле да понудат возбудливи наоди и интерпретации.

Стоби или Стобој бил антички град во Пајонија, подоцна освоен од Македонија, и конечно претворен во главен град на римската провинција Македонија Салутарис. Се наоѓа во близина на Градско, на главниот пат што води од Дунав до Егејското Море.

КОЛЕКЦИЈА Десет златно белегзии со филигранска обработка се најдени полузакопани во овој локалитет

Стоби е древен град кој со својот урбан дел се наоѓа на три тераси, што се спуштаат кон Црна Река, опкружени со ѕидови, а на устието меѓу Црна Река и Вардар, покрај автопатот Е-75, од Скопје до Гевгелија. Археолошкиот локалитет Стоби е со површина од 1.600 квадратни метри. Познато е дека тука минувале главните патишта, кои ги сврзувале областите на преден Дунав со медитеранските земји, уште од предисторискиот период.

По овој главен пат на Балканскиот Полуостров се движеле културните влијанија од југ кон север и обратно. Црна Река, од друга страна претставувала природен пат, кој ги сврзувал централните области на Македонија со Јадранското Море. Во римскиот период покрај Црна Река водел значаен пат. Тоа е патот кој го поврзувал со Виа Игнација кај Хераклеја Линкестис, близу до денешна Битола.

Така градот заземал мошне значајна стратегиска, воена и трговска позиција во античкиот период. Јужно од градот се наоѓаат траги од предградија. Тука е и портата на градот што води кон Хераклеја, а по падините од Гробјанската црква до базиликата во Паликура, се наоѓаат повеќе некрополи. Тие некрополи се од хеленистички, римски, византиски и словенскиот период.

Filed Under: Ревија

ПРОГНОЗИТЕ СЕ ДРAМАТИЧНИ, ШТО СЕГА ЈА ЧЕКА ЕВРОПА?
ТРЕТАТА ВЛАСТ ПОД ПОСТОЈАНИ УДАРИ ПО ИЗБОРОТ НА НОВИОТ РЕПУБЛИЧКИ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
УБИВАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ – ИНДЕКС ЗА ДРЖАВНАТА ТОРТУРА
СТОБИ ПОВТОРНО ГО ПРИВЛЕКУВА ВНИМАНИЕТО
ФИЛИП СЕНДС:  МИСТЕРИЈА Е ЗОШТО ЛУЃЕТО ВО БУГАРИЈА СО НИВНАТА ИСТОРИЈА ПОД РУСКАТА ЧИЗМА ЈА ПРИФАЌААТ ИСТАТА

Најново

  • ПРОГНОЗИТЕ СЕ ДРAМАТИЧНИ, ШТО СЕГА ЈА ЧЕКА ЕВРОПА?
  • ТРЕТАТА ВЛАСТ ПОД ПОСТОЈАНИ УДАРИ ПО ИЗБОРОТ НА НОВИОТ РЕПУБЛИЧКИ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
  • УБИВАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ – ИНДЕКС ЗА ДРЖАВНАТА ТОРТУРА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet