Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СТОЛТЕНБЕРГ: КОВИД-19 НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ БЕЗБЕДНОСНА КРИЗА

April 21, 2020 Filed Under: Македонија

Членките на НАТО треба сериозно да го сфатат секој обид за искористување на здравствената криза за ’пренесување лажни наративи, дезинформации и пропаганда – смета генералниот секретар на НАТО

ВНИМАТЕЛНО Отпорноста е основна задача за НАТО – вели генералниот секретар

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг минатата недела  предупреди дека вирусот Ковид-19 не смее да стане безбедносна криза.

Во интервју за бриселскиот портал „Еуроактив“, тој рече дека светот мора да се бори против вирусот Ковид-19, но во исто време мора да се обезбеди здравствената криза да не стане безбедносна.

– Во исто време, ние мора да се бориме против вирусот Ковид-19, но исто така да се занимаваме и со други закани и предизвици со кои се соочуваме, рече Столтенберг и ја нагласи промената на глобалната рамнотежа со подемот на Кина и поголема упорност на Русија -истакна тој.

На прашањето дали тоа предизвикува загриженост во Алијансата, Столтенберг рече дека членките на НАТО „треба сериозно да го сфатат секој обид за искористување на здравствената криза за ’пренесување лажни наративи, дезинформации и пропаганда’“.

Столтенберг исто така истакна дека воените способности на НАТО се релевантни и во соочувањето со здравствената криза, поради што одбранбените средства можат да му дадат на цивилното општество поголема способност која може да се искористи „во криза како оваа“ во која, како што вели Столтенберг, „воениот персонал постојано им помага на здравствените работници на линијата на фронтот“.

– Отпорноста е основна задача за НАТО. Тоа всушност е нешто што е загарантирано во Договорот за основање на НАТО, кој наметнува одговорност да ги направиме нашите сојузници отпорни и на заканите по здравјето, заклучи Столтенберг.

На вонредниот состанок на министри за одбрана на НАТО 15 април 2020 г. се разговараше за низа аспекти поврзани со пандемијата предизвикана од COVID-19, се истакнува во соопштението објавено од страна на НАТО. Министрите за одбрана, преку видео конференција, разговарале за долгорочните последици од пандемијата COVID-19 наглаувајќи дека Алијансата и земјите членки мора да се подготват за тоа.

Во своето обраќање, Генералниот секретар на НАТО истакна дека од исклучителна важност е борбата против дезинформациите кои доаѓаат од страна на државните актери но, и оние кои доаѓаат од актери кои не се поврзани со државата.

ДО СЕГА Алијансата до сега успешно одговарала на своите должности во време на кризата

Целта на овие дезинформации е да се направат поделби во Алијансата и во Европа и да ги поткопаат нашите демократии– истакна Столтенберг.

Работиме одблизу да се спротивставиме на овие лажни наративи и факти со конкретни акции. Исто така, работиме одблиску со сојузниците и Европската Унија да ги идентификуваме, мониторираме и разобличиме дезинформациите, и да имаме силен одговор на нив – заклучи Столтенберг.

Исто така, предвид биле земени низа аспекти како што се падот на економијата која отвора можност за инвестиции во клучните гранки од страна на сомнителни инвеститори, кои на долг рок може да ја поткопаат безбедноста и стабилноста на алијансата.

„Некои може да се обидат да го искористат економскиот пад како можност да инвестираат во нашите клучни индустрии и инфраструктури, што може да влијае врз нашата долгорочна безбедност и можноста да се справуваме со следните кризи кога ќе се случат” – изјави Столтенберг.

Во врска со тоа како Алијансата досега одговарала на пандемијата, Столтенберг информираше дека се реализирани повеќе од 100 мисии за транспорт на медицински персонал и материјали, дека е асистирано во поставување на 25 полски болници, обезбедени се повеќе од 25.000 болнички кревети, а повеќе од 4.000 воен медицински пероснал е распореден како поддршка на цивилните напори за справување со пандемијата.

 

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet