Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СТОЛТЕНБЕРГ: НЕ Е ОДГОВОР НА ПРОПАГАНДАТА – ПРОПАГАНДА

June 22, 2020 Filed Under: Македонија

За време на пандемијата видовме многу примери кога и државни и недржавни актери се обидоа да ја искористат кризата, да ги поделат сојузниците, да ја поткопаат довербата во нашите демократски институции – вели генералниот секретар на НАТО

СТОЛТЕНБЕРГ Со вистина против – невистината

Не верувам дека одговорот на пропагандата е пропаганда. Верувам дека најдобар начин да се одговори на пропагандата е со изнесување на фактите“, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг зборувајќи за дезинформациите кои се шират за пандемијата на ковид-19, на синоќешната прес-конференција по втората сесија на состанокот на министрите за одбрана на Алијансата.

– За време на пандемијата видовме многу примери кога и државни и недржавни актери се обидоа да ја искористат кризата, да ги поделат сојузниците, да ја поткопаат довербата во нашите демократски институции. Видовме напори, обиди да се обвинат НАТО сојузниците за целата пандемија, за корона вирусот. И видовме дека тоа се прави на многу различни начини, вклучувајќи ги, секако, и социјалните мрежи – рече Столтенберг, одговорајќи на новинарско прашање.

Ова е трет пат од почетокот на пандемијата НАТО на највисоко ниво, на состанок на Северноатлантскиот совет, да дискутира како да се справи со кампањите на пропаганда и дезинформации за вирусот. Прв пат на почетокот на април, на првиот состанок на кој македонски министер учествуваше како претставник на полноправна членка, и прв преку видео конференциска врска. Две недели подоцна, пропагандната кампања беше тема и на вонредниот состанок на министрите за одбрана.

На овој состанок, на 15 април, Столтенберг го истакна излагањето на министерката за одбрана Радмила Шекеринска како пример за борба против лажните вести и пропагандата:

– Министерката Радмила Шекеринска денеска изложи листа на сојузници кои помогнале и помошта која и ја пружиле на Северна Македонија во борба со пандемијата. Мислам дека тоа е најдобриот начин за спротивставување на секој обид за спроведување на кампања за дезинформирање, затоа што со дејствување праќаме јасна порака, нагласи тогаш Столтенберг.

Генералниот секретар синоќа нагласи дека НАТО одговора на пропагандата и дезинформациите, им помага на сојузниците да ги обезбедат фактите, а во борбата со ваквите кампањи тесно соработува со Европската унија, затоа што, како што рече, „се соочуваме со многубројни идентични типови дезинформации и пропаганда“.

– Долгорочно, вистината ќе надвладее. Силно верувам дека најдобар одговор на пропагандата и дезинформациите е да имаме слободни, независни медиуми, новинари кои си ја вршат својата работа, кои поставуваат тешки прашања, кои си ги проверуваат изворите. Со тоа, тие ги откриваат и обидите за дезинформирање и пропаганда. Затоа, слободно и независно новинарство е најдобар начин да бидеме сигурни дека добиваме точна информација, особено во време на криза – рече Столтенберг.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet