Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СТОЛТЕНБЕРГ: ОДВАЈ ЧЕКАМ ДА БИДЕТЕ СО НАС

June 4, 2019 Filed Under: Македонија

Генералниот секретар на НАТО во Скопје порача дека Алијансата е подготвена да ја прими Северна Македонија во семејството. Целта, според Генералниот секретар, е Северна Македонија да има стабилни и кредибилни безбедносни институции кои ќе можат да оперираат во рамките на НАТО

ПОРАКА Самитот на НАТО во декември годинава во Лондон ја гледаме како одлична можност за симболично да ја одбележиме завршнициата – му порача Заев на Столенберг

Состанокот на Северноатлантскиот совет, врвното политичко тело на НАТО, и Комитетот за интеграција на земјава, што за првпат се одржа во Скопје, само потврди дека во прашање се месеци кога Северна Македонија ќе стане 30-тата членка на Алијансата.

Генералниот секретар Јенс Столтенберг, придружуван од амбасадорите на 29-те земји – сојузнички, порача што значи оваа посета и што за земјата ќе донесе полноправното членство.

„Нашата посета праќа јасна порака дека сме подготвени да ве примиме во НАТО семејството. Откако сите членки ќе го ратификуваат пристапниот прокол Северна Македонија ќе стане 30. членка на Алијансата. Членството ќе донесе поголема сигурност и просперитет за сите граѓани. Ќе учествувате во формирањето на политиките на НАТО, вашиот глас ќе важи како и секој друг глас на сојузниците“, рече тој.

Досега 13 земји – членки го ратификувале пристапниот Протокол, а остануваат уште 16. Алијансата за потенцијален термин за завршување на овој процес го смета првото тромесечје од идната година. Владата се надева дека тоа ќе се случи порано.

ЗНАМЕ Пред Парламентот беше поставено знамето на НАТО во чедт на гостите

„Ратификацијата на пристапниот Протокол во националните парламенти се одвива со забрзано и посакувано темпо. Самитот на НАТО во декември годинава во Лондон ја гледаме како одлична можност за симболично да ја одбележиме завршнициата на овој процес на 70-годишнината од формирањето на НАТО со приемот на 30. НАТО – членка, но, секако нема суштинско значење ако процесот на ратификација заврши и на почетокот на 2020 година“, изјави премиерот Зоран Заев.

Столтенберг го пофали постигнатото, врз основа на што, како што рече, се темелела поканата за членство, но, и потсети дека мора да продолжат натамошните реформи во одбраната и во разузнавачките структури.

Целта, според Генералниот секретар, е Северна Македонија да има стабилни и кредибилни безбедносни институции кои ќе можат да оперираат во рамките на НАТО.

Друго очекување на Алијансата е државата да ги зголемува средствата за одбрана и да се постигне бараното ниво од два отсто од БДП.

– Низ историјата на НАТО, нашата политика на отворени врати се покажа како успешна и ја зацврсти Алијансата и безбедноста. Го очекувам денот кога РСМ ќе стане полноправна членка на НАТО.

Тој го посочи посебно Преспанскиот договор како инспирација и укажа дека треба да е модел за регионот, за да ги надминат разликите и за придвижување кон заедничка иднина.

СРЕДСТВА Столтенберг очекува повеќе пари од буџетот за одбраната

Одговарајќи на новинарско прашање за напливот на лажни вести, во контекст на неодамнешниот состанок во НАТО посветен на хибридната војна, генералниот секретар на Алијансата укажа дека за борбата против ваквата пропаганда се потребни отворена дебата, слободни медиуми и новинари кои ќе ја шират вистината.

– Видовме во неколку НАТО сојузници дека ова користење на социјалните медиуми и пропагадна се алатки за поткопување на демократските институции и се мешаат во домашните политички процеси. Тоа не е прифатливо и на тоа треба да одговориме, пред се со одбрана на нашите сајбер мрежи, но и одговор на лажните информации. Најдобриот одговор е да ја шириме вистината. Имаме факти, имаме отворена дебата, а за тоа ни се потребни слободни медиуми, новинари, кои ќе ги проверуваат изворите, со различни ставови за иста тема. Потребно е да се осигураме дека се придржуваме на демократските вредности на кои се базира нашата Алијанса и слободните медиуми кои не треба да бидат жртви на пропагандата, туку да ги осигураат аргументите, рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО и честиташе на Власата за како што реќе способноста да надмине сериозни препреки, да обезбеди сериозен напредок на демократијата, слободни и фер избори, дебата и да обезбеди атмосфера во која новинарите ќе можат да поставуваат и тешки прашања.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet