Во соседна Србија имаме проект иа „народни патроли“ и протест пед Владата за спречување на „насилството на дојденците“. Ние бевме во тој поглед авангарда – во 2017 година претставниците на тогашна и сегашна опозиција бараа одржување на референдум (!) дали сме за поголемо присуство на мигрантите кај нас. И во Србија и кај нас се ближат избори, темата е одеднаш „жешка“ и како и секогаш на неа се греат амбициите на десницата
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Кога еден скопски таксист ме донесе пред многу години пред зградата каде се одржуваше една трибина, ме изненади со прашањето – дали е можно многубројните мигранти кои минува низ земјава, да останат во Македонија. „Знам дека тие не сакаат да живеат тука, видливо е како живееме и самите, ама да не се случи да не можат да заминат никаде и едноставно да ни останат…“.. Му реков дека тоа не е повеќе тема за разговор, со што ги сопрев доскусиите, парите за возењето и онака ди добројав а на таксистот некако му беше мило што едно гајле ќе има помалку во својот веројатно животец.
ИЗБОРИ СЕ БЛИЖАТ На оваа ситна епизода се сетив деновиве, кога прашањето за нов бегалски бран кој би не заплиснал станува пореален а со тоа приказните од ареалот на стравот на јавноста да не ни се случи „босанската реприза“ (мигрантите кои остануваат закотвени, против својата волја, во делот крај границата со Хрватска кои и денес се сериозен безбедносен проблем за БиХ) има асоцијативни поводи со она што се случува на грчко-турската граница. Уште повеќе што кај нас се ближат избори, па можеме да сметаме дека сите теми кои извираат од бунарот на стравот ќе станат адути на дел од претендентите за освојување на мнозинството во Парламентот, оној кој би се формирал во втората половина на април а можеби и подоцна.
Кон темата на иззвлекуваме паралели, ме потурна и еден текст објавен во култниот „Пешчаник“ на авторот Саша Ѓорѓевиќ, аналитичар од белградскиот Центар за безбедносна политика, кој смета дека темата на мигрантите веќе се разгорува во Србија, паралелно со почетокот на кампањите на партиите за сеопштите избори на север од нас (парламентарни и локални). Писанието под наслов „Десничарење заради политички лов“, ги обвинува партиите кои денес владеат со Србија дека веќе формираат „народни патроли“ со кои започнале малтретирањата на оние бегалци кои веќе се подолго време во прифатните центри со кои официјалниот Белград се фалеше низ светот. Одеднаш, тоа не е приказна за која се фаќаат мозочните вибрации крај гласачките кутии и медиумите се појавуваат со наслови со кои мирните, тивки сограѓани, стануваат зло со кое треба да се плаши народот. Се споменуваат кривични дела кои ги направиле овие гости, иако статистиката, вели Ѓорѓевиќ, говори дека тие од 2016 година сториле 55 кривични дела а вкупниот број на кривични дела во тој период во таа земја биле речиси сто илјади а во 2018 година, на пример „црномурните дојденци“ направиле 10 од 92.870 кривични дела, колку што бележи српската полиција. И така натаму. Инаку тоа не се кривични дела од формат на напади на соседите или уште помалку „силување на српските жени и девојки“ како што велат членовите на овие патроли, за да ја жестат јавноста кон кутрите бегалци, туку дела сторени во самите кампови, меѓу самите тамошни кампери, како меѓусебни тепачки и слично! Авторот Ѓорѓевиќ потсетува дека кога во 2015 година низ Србија минале 800 илјади бегалци немало т.н. народни патроли. Ама немало ниту избори..
НОВО-СТАРИ НАСЛОВНИ СТРАНИЦИ Но сега има избори и многу насловни страници се полни со лажни вести, полни со стари фотограии од претепани жени кои немаат врска со мигрантите. Или, се објавуваат статии за изгорени и ограбени викенд куќи од многу стар датум, но важни е дека нив никој не ги проверува. Ама истите си создаваат очекуван ефект.
Целната линија е избор на „висински лидер кој ќе ја спаси Србија од мигрантскиот бран“. Ете, излезе Вучиќ и истакна дека е подготвен за два часа да ја затвори границата со Македонија! Ете тоа се вика „спасител“, нели. И што е поважно, на наводна молба на жителите на Шид испрати во ова место единица на жандармеријата за да ги чува тамошните, преплашени од лажни вести граѓани, од „насилството на мигрантите“. Ѓорѓевиќ потсетува дека фашистите први формирале „народни патроли“ за да спречат „силен налет на окупаторот“, што создава непријатни асоцијации и упатува на некои стари, опасни ревири на насилство.
Дали овие сознанија имаат врска со нас? Секако. Па знаеме дека и нам ни претстојат парламентарни избори од кои не делат пет недели. Темата на страв од мигрантите кај нас се експлоатира малку подолго, и тоа постојано има свои политички и медиумски покровители, споени со садови кои не се кријат. Па дури имаат и свои директни конекции со дел од антимигрантската алијанса која ја сочинуваат унгарскиот политички лидер, десничарот Орбан, потоа неговиот идеолошки близнак во Словенија – Јанез Јанша, од неодамна и повторно премиер во дежелата, спомнатиот Вучиќ од Србија, долгоремен близок политичр со бегалецот Груевски (и ученик на крајниот десничар Шшељ, да не заборавиме) и конечно одразот на сите овие фигури со амбиција да дојде допрва на власт по секоја цена – тоа е Мицковски од ВМРО ДПМНЕ!
Да се потсетиме кусо на домашната атмосфера од пред помалку од три години.
„ПРЕБУКИРАЊЕ НА ЃОРЧЕ ПЕРОВ“ Текстот под наслов „Стратегија на Владата: Масовно доселување мигранти во Македонија, давање државјанства, вработување, станови и куќи“ е објавен од Нет-прес на 21 јули 2017 година. Во истиот
(https://netpress.com.mk/strategija-na-vladata-masovno-doseluvanje-migranti-vo-makedonija-davanje-drzavjanstva-vrabotuvanje-stanovi-i-kuki/) се тврди дека „Владата на Зоран Заев преку министерката Мила Царовска подготвува стратегија за масовно доселување на мигранти во Македонија следниве 10 години. Се посочува извесен документ на Министерството за труди социјална политика под „кодно име“ „Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017 – 2027 година, како и Акциски план 2017 – 2020 г.“ Наводно документот предвидува „масовно давање на државјанства на мигрантите, семејно обединување, со тоа што секој мигрант ќе може да го донесе целото свое семејство, кое натаму забрзано ќе добие државјанство, нивно вработување и нивно сместување по станови и куќи низ цела Македонија“. Во таа насока наводно ќе се изградат 100 згради..
Во сличен тон, на места идентичен е и текстот (https://skopjeinfo.mk/kje-se-gradat-li-stanovi-za-begalci-vo-makedonija-do-krajot-na-godinata-se-ochekuva-da-pristignat) во кој се тврди дека Владата се готви да угости 3.500 емигранти за кои се градат станови на државен трошок. Текстот е од септември 2017 година. Има и уште дузини наслови во ист тон.
ВАЛКАНА КАМПАЊА Што покажува тајмнгот на појавата на вакви написи? Па, тоа е кампања која се породува после силниот обид преку државен пуч на 27 април 2017 година да се преземе власта од страна на ВМРО ДПМНЕ. Знаеме дека обидот не успеа, како врв на претходни форми на насилство (од декември 2016 година, предводени од Груевски). Требаше во таа атмосфера на рзочараност на пучистите и нивните поддржувачи во плебсот, кај обичните „навивачи“ на оваа партија да се внесе нова доза на жолчност, негативна енергија кон власта на Заев, уфрлување на мобилизаторскиот реагенс во нова, поголема брзина.. Со еден збор спасување на атмосферата на страв и депресија кај членството на ВМРО ДПМНЕ после априлскиот дебакл! Да не заборавиме дека кампањата за која потсетуваме се случи пред локалните избори закажани за 15 октомври 2017 година! Овој обид да се шверцува наклонетост кон себе ВМРО ДПМНЕ не го ни криеше (види тркст во Битолски весник – „Каде Заев ќе вдоми 150 илјади мигранти?“ (https://bitolskivesnik.mk/vmro-dpmne-kade-zaev-ke-vdomi-150-000-migranti/).
Постои повикување на некои изјави на Вацлав Клаус (Чешка), без да се прецизира на која опасност од мигранти тој говори, доста лукаво нели, па бројката од 3.700 се зголемува на 7.000 мигранти „планирани“ за следните две години. Медиумот тврди дека тие бегалци би биле сместени во Ѓорче Петров (веќе „обработена локација“ за возбудување на духовите), потоа во Битола, Радовиш и Охрид.
Некако во исто време се протури вест дека и Стопанската комора планира да го поддржи овој бран на доселување на мигрантите бидејќи за трудово интензивните гранки нема доволно работна сила!
За да не биде покуса, во кампањата тогаш се вклучи и „Република“ (нели, дел од листата на медиуми за кои финансовата полиција води истрага за финансирање од сомнителни, унгарски извори) која во речиси идентичен текст ја опишува „намерата на Заев“ трајно да насели мигранти, но во непотпишаниот прилог се цитира едне советник од Општина Центар кој тврди дека тие предложиле референдум за да се изјаснат граѓаните „дали сакаат да примат странци“. Дури советниците верни на Стевче Јакимовски и изгласаа иницијатива за поведување на реферндум во тој дух во општина Карпош (!). Таа насока ја зедоа и оветниците во Општина Кочани, а слична идеја се споменуваше и за Кавадарци. Значи една фантомска замисла се подигна набрзина како шатор на ледина и требаше да се турка по секоја цена, со тоа што советникот Богдановски од ВМРО ДПМНЕ во Советот на општина Центар бројката од 7 илјади доселени ја искачи на 100 илјади несакани нови соседи а на крајот на кампањата се отиде, гледаме и на 150 илјади, сосема без усул и кога се работи за најцрна пропаганда.
ИЗБОРЕН ДЕБАКЛ ВМРО ДПМНЕ тогаш доживеа вистински дебакл на локалните избори и темата се удави во сопствената неуверливост.
Но, сега имаме нова опасност со која се соочува цела Европа, откако турксиот претседател Ердоган отворено ги нас’ска мигрантите кои ги има во своите граници (околу 4 милиони) да тргнат кон Грција. Јасно, Унијата има свое претсобје кое треба да го аморизира тој евентуален наплив на бегалци, чин што делумно зависи и од преговорите кои во понеделникот требаа да почнат меѓу Ердоган и бриселските челници. Ова за десницата на Полуостровот е ас од ракавот кој се појави за тие да ја покажат „својата сила“ и желба „да го заштитат својот народ“.
За користење на тој момент во политички цели, значи ги имаме некои од претпоставките (избори, надворешни околности, чувство на неувереност кај десната опозиција дека ќе имаат успех на изборите). Не треба, нели, да се грижиме за подршка од медиумите, по ова „лепливо“ за јавноста прашање. „Лидер“ пишува за десеттина мигрант од Авганистан кои по пругата од Гевгелија стигнале од границата до Велес и престојувале кусово куќата на познатата хуманиутарка Здравкин. Наводно тие успеале да влзат од Турција после неоамнешните турканици, ја минале и грчко-македонската граница и сега одат за Франција (https://lider.com.mk/hronika/migranti-od-avganistan-vlegoa-vo-makedonija/). Еден австриски весник („Естрајх“) пишуваше за наплив на дури 1.000 мигранти во Македонија, што јасно сугерира дека имаме голема пропустливост на нашата граница, што МВР веднаш го демантираше. Но објавена е и фотографија со поголема група луѓе наводно некаде во Скопје кои се претставени како мигранти а текстот е посебно ургентно пренесуван од српските таблоди! Реално пПред неколку дена се фатени 60 мигранти кај Миравци за кои се тврди дека се дел од бранот кој се провлекол на границата на реката Марица пред една недела, што е навистина чудно, бидејќи, аналитичарите велат дека се работи за стари мигранти кои подолго прстојувале во Грција и кои како и порано одвреме-навреме се обидуваат да стигнат до Запад. Такви случаи имало и ќе има. Во една куса репортажа на Алсат М за оваа ситуација направена близу Миладиновци, за појава на овие бегалци се напаѓа привремениот премиер Спасовски, но не се споменува првиот полицаец Чулев, кој е многу поконкретно одговорен, нели! Многу провидна пропаганда. Репортажата, нормално, не не ги дава сите одговори за тоа како влегле овие десетмина во Македонија, но ја дава цената за влезот – 2.500 евра по човек. Ние значи имаме соочување со криминалот, појава која ја имвме, рака на срце и 20 години наназад (а за што медиумот треба да направи диференцијација) и со веќе вообичлаен интензитет а за што Глобус доста често пишувал уште многу години наназад.
И конечно еве сегмент од предизборната тактика на ВМРО ДПМНЕ. Во неделникот „Република“ (https://republika.mk/vesti/makedonija/tomovski-prashuva-dali-zaev-ima-veteno-priem-na-migranti-vo-jugoistochniot-del-na-makedonija/) од 6 март ја имаме изјавата на потпретседателот на оваа партија Ивица Томовски „кој предупредува на одредени ставови на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, околу мигрантскиот проблем и можноста за нивно стационирање во Македонија. Томовски прашува дали Заев има ветено прием на мигранти во југоисточниот дел на Македонија и дали планира и други отстапки за да се задржи на власта…Вучиќ ја затвора границата со Македонија, Мицотакис ја отвора границата према Македонија! Во превод Заев со време се спремаше за прием на мигранти во југоисточниот дел на Македонија! – Вие добро знаете што значи тоа!!! Што ли уште ветил Заев за да дојде на власт во 2016 та?!
Што ли допрва ветува за да остане и во 2020 та?! Затоа почитувани граѓани на Македонија, треба да го казниме господинот Заев на 12.04.2020год., единствена политичка опција која може да му се спротивстави е Вмро Дпмне, затоа е време да се сплотиме и обединиме кон Вмро! Секој глас даден за помала политичка партија е глас за Заев, секој бојкотиран глас е глас за Заев и секое казнување на Вмро Дпмне за грешки во минатото е глас за Заев!“ – се вели во овој политички панфлет кој го кажува потпретседатело Томовски на Фејсбук. И ете драги читатели како се лесно предвидливи извлекувањата на веќе користени пароли од фиоките во Белаа шампита.