ЃОРЃИ МИСАЈЛОВСКИ
Поранешниот пак пилот Радев, ќе го собере нашиов претседател од Петровец и ќе го врати назад. Лајчак ова ќе го книжи како проевропски потег, а ние ќе книжиме намалување на транспортните трошоци за дел од нашата делегација
Почитувани читатели на убавиот македонски јазик. Пред да ја раскажам бајката за стратегискиот гаф, малку за граматичкиот, заснован врз толковен речник на македонскиот јазик. Познато ми е дека во МНР нема експерти за македонски јазик, па во новиот Стратешки совет, формиран по иницијатива од страна на д-р Османи, направен е граматички гаф. Имено од именката „стратег”, придевката во македонскиот јазик е „стратешки”, а од именката „стратегија” придевката е „стратегиски”.Новоформираниот, без потреба, целта и намена Совет , е наречен Стратешки совет.
Веројатно станува збор за стратегија на државата за ренесанса на нашата заспана надворешна политика, ноеодамно промовирана под слоганот „Рефлексија 2030”. Во тој случај Советот би требало да се нарече Стратегиски совет, а не Стратешки. Ем граматчка, ем политичка грешка, што не е ништо ново. Ама доста со јазикот кои самите го ставивме на преговарачка маса. Дајте малку за реалноста, реагират збунетоте читатели. Веднаш. Ај да почнам од најновата иницијатива на хирургот Османи, моментално операторот и во МНР.
После најавената „Рефлексија 2030” како стратегија на надворената политика на РМ, сега го формира и Стратешкиот совет, тело кое треба да го советува во креирањето на надворешната политика на РМ. Списокот од 26 учени глави самиот го состави по критериуми само на него познати. Се разбира ние нема да го коментирамe изборот во кој најголемиот број немаат никакви врски со надворената политика. По насловот на Советот- Стратешки, тоа значи дека тоа е дело на стратегот е не дел од стратегијата на РМ во надворешната политика. Прва и основна грешка. Зошто, пак прашуваат збунетите читатели. Хирурзите сечат, а дипломатите спојуваат и се дел од операцијата на создавање на нешто од невозможното. Кај хирурзите има Конзилиум и одговорноста е заедничка. Во дипломатијата одговорноста е на МНР, кој пак би требало да го пренесува ставот на Владата. Важно е клиентот или државата да преживее. Во нашиот случај оваа втортата е загрозена и поради нехабитацијата.
Вакви Совети нагалено наречени стратегиски не се новина. Ги има во системите кога владателот сака приврзниците на неговата политика да ги држи на ланче. Не мора да ги плаќа. Со тоа што се во Советот тие се привелигирани. Она што во нашиот Совет, што е проблматично во него, има само еден поранешен МНР, а и тој беше отпуштен како советник на претседателот на државата. Нормално би било, во најмала рака во Советот да бидат повеќе досегашни МНР, а и дипломати со докажани успеси на меѓународен план, а не испушени муштикли.
Актуелниот список е калкулантски обид на оптимистот Османи да емалгамски спои нешто што не е споиво. Тој бара алиби за својот проектиран неуспех со новиот предлог са формирање на Советот, кој никогаш нема да профункционира. Зошто, пак прашуваат љубопитните читатели. Одговорот е многу едноставен. Технички Советот не може да функционира. Од каде се информира Советот за надворешната политика. Единствено од медиумите, нашите и странските и од сезнајкото, Господинот Гугл . Тоа не е доволно.
Немам намера да ја коментирам листата на Стратешкиот совет на МНР, Османи. Централна личност е двократниот дисидент (прв пат Вукобрат во Париз) С.Керим. Кој го предложил и зошто е сосема јасно. Кај С.К. таксиметрот е секогаш вклучен. Веројатно неговите совети ќе бидат во функција на нашите идни економски промотори. Може да предложи со поддршка на владата на локацијата на поранешниот дрвопреботувачки капацитет, сега во власништво на тајкунот од Монтенегро, да се изгради погон на производство на пластична амбалажа, со акцент на пластични шишиња од 2 литра, во кна боја за универзалана намена ( патентнт веќе регистриран по бројот ХП-007 во Заводот за патенти). Проектот ќе биде и во функција на екологијата, поради можноста на рециклирање на пластичните шишиња, кои мирно плутаат низ Вардар. ЕУ би финансирала ваков проект.
Основни информации за водење на нашата надворешна политика се нашите ткн. амбасадори кои треба да испраќаат продлабочени информации. Префинетите читатели пак бараат аргументи. Еве ги. Од 1 јануари о.г до пред некој ден со председавачот на на ЕУ, Португалија не е остварена ниту една официална средба на претседателот на нашата држава, премиерот, вице премиерот за ЕУ и МНР на РМ, се додека португалскиот МНР Силва не дојде после Софија во Скопје и отиде како и што дошол, без напредок. Дали тоа е стратегија. Одиме понатаму, немаме време. Се истрчавме како прле пред магаре со поддршката на Израел во размемна на ракетите од Газа и Тел Авив, во која жртвите се главно Палестинци, односно Арапи. Никој не објавува дека РМ е единствена држава од поранешната ни држава која нема дипломатски односи со Палестина, а впрочем и повеќето европски држави имаат дипломатски односи со Палестина. Врз база на каква анализа нашава влада је донесе својата одлука. Изјавата на МНР Османи за поддршка на Израел има ист беграунд како и неговото одење во Мадрид, наместо во Лисабон. Поддршка на Косово, со што непотребно се иритира Москва, а пред се Србија.
Новоформираниот Стратешки совет нема капацитет да одговори на ова прашање. Зошто пак, прашувате. Затоа што ние немаме изворни информации. Нашата дипломатија е Википедиска дипломатија. Нашите амбасадори немаат капацитет да информираат содржајно, изворно, проверено и укажувачки во кој правец ние треба да дејствуваме, со оглед на нашите интереси. Нивниот интерес е да останат на гурбет подолго, а информациите ги дозираат спрема ставовите, по нивен избор, на влијателните фактори, према кои и ние се прилагодуваме, без да размислиме за последиците. Тоа може скапо да не чини. Се заборава дека Русија е член на СБ на ОН, како што лесно заборавивме во времето на аферата Тајван, дека Кина е исато така членка на СБ.
Овде е време да ја споменам и другата наша дипломатска неукост.
Имено протерување на еден руски дипломат од Скопје, наводно со документирана дејност. МНР Османи верува дека Кремљ нема да одговори реципрочно. Наивно. Реципроцитет е реципроцитет. За причините не се дискутира. Тоа што Москва сеуште не реагирала, значи дека реакцијата ќе биде не само техничка (протерување) туку и политичка. Еве шанса Стратешкиот совет (СС) да му даде акл на МНР.
Бидејќи денес ги славиме сесловенски браќа св. Кирил и Методиј. Би било корисно споменатиот СС да направи магнетна резонанца на содржините на учеството при чествувањата во Рим на нашата држава и Бугарија. Да им помогнам само со шлагвортот, дека актуелниот акцент овогодишните бугарски чествувања се во функција на поврзување на древниот Рим со древната Сердика. Подетално ќе не извести на фејсбук или твитер, нашата амбасадорка при Светата столица. Овој пат Софија поентира на духовната страна. Ние до сега главно делувавме световно, афирмирајќи ги политичарите, кои често беа и атеисти.
И конечно, бугарскиот претседател Радев со српскиот Вучиќ, го откриа (23 о.м.) во Димитровград, споменикот на светите браќа Кирил и Методиј. Поранешниот пак пилот Радев, ќе го собере нашиов претседател од Петровец и ќе го врати назад. Лајчак ова ќе го книжи како проевропски потег, а ние ќе книжиме намалување на транспортните трошоци за дел од нашата делегација.