Заврши времето на евтина храна; пикот на кризата се очекува во следните две години – велат стручњацвите
Времето на евтина храна помина, смета експертската јавност, според која поради руската инвазија во Украина, пазарите како на глобално ниво, така и во регионот ќе се соочуваат со понатамошен пораст на цената на храната, особено на основните животни намирници.
Според нив земјите од регионот мора да се насочат многу повеќе на производство на домашна храна, при тоа да ги искористат сопствените ресурси со кои располагаат.
„Она што нашите граѓани треба да го знаат е дека храна ќе има секогаш, но прашање е само по која цена и кој тоа ќе може да си го дозволи. Тоа е еден голем проблем, за кој мислам дека нашите политичари на Западен Балкан, немаат донесено решение за таа ситуација. И она што се занемарува е дека нема да можат сите потрошувачи, да си дозволат да имаат доволно храна. Ние веќе се соочуваме со глад, но за тоа не зборуваме“, изјави Мухамед Брка, професор на Факултетот за земјоделство во Сараево.
Дополнителен проблем за Северна Македонија е што земјата е претпоследна во Европа по принос на пченица и меѓу последните по принос на пченка. Тоа е резултат на еколошкиот потенцијал и ограничениот капацитет, вели професорот на земјоделскиот факултет во Скопје, Ордан Чукалиев: „Ние и онака не располагаме со ресурси да произведеме доволно количини на храна. Кога зборуваме за храна, говорам за оние основни продукти кои ја претставуваат храната, како што е зрното и скробот, шеќерот и маслото. Ние дваесет години немаме шеќерна репка. Нашата шеќерана не работи. Сончогледот долги години беше паднат на срамни површини. Сега нешто се враќа. И дали ние можеме да ги вратиме тие култури, можеме, но никогаш нема да може да ги вратиме во количини кои ни се потребни, бидејќи кога сме произведувале највеќе не сме ги имале сите количини кои ни се потребни.“, вели Чукалиев.
Чукалиев додава дека земјата може да произведува други типови на земјоделски производи, кои имаат многу повисока вредност: „Исто така имаме проблем со наводнување, имаме проблем со неплодни почви. Имаме многу проблем со многу топла клима, која не одговара. Приносот на пченицата кај нас се намалува. Како се покачи температурата се намали нејзината фото-синтетската активност.
Ние имаме многу ниски приноси. Но проблем е што нашиот еколошки потенцијал е низок. Ние не сме големото Черноземно плато, кое што може да произведува огромни количини и многу високи приноси. Од секогаш сме биле ограничени во производство. Постојат многу алатки кои што овозможуваат подобро да го менаџирате земјиштето и да ја менаџирате водата и подобро да работите на самата нива. Нашите земјоделци се екстремно мали. Два хектара е просечната површина на фарма во Македонија со пченица. Вие може да направите 100 евра профит од пченица“.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не е време за политиканство во ваква криза која го погодува целиот свет.
„Верувам дека политиката ќе остане настрана токму во една ваква криза која што го погодува целиот свет, сите економии и нашето земјоделство“, вели Николовски. Министерот истакна дека се разработува концепт за да се стави приватното земјоделско земјиште во функција во ваква криза.
Тој вели дека за Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека за прв пат државата ќе ги насочи земјоделците кои култури да ги произведуваат.
Според него, тие не треба да гледаат кое производство има најголеми субвенции туку кое се бара на пазарот.
„Мерките и политиките кои треба да дадат резултат, може да се креираат само заеднички особено во време на светска економска криза, која во делот на храната дополнително доаѓа. Пикот на кризата се очекува во следните две години. Особено заради сите поместувања со руската инвазија во Украина и ова ќе биде еден од најпогодените сектори. И само со заедништво, соработка, солидарност и со партнерство може да се надминати сите предизвици“, коментира Николовски. Тој најави нови мерки за субвенционирање на активностите на земјоделците.
„Со новиот модел воопшто не се кратат средствата. Се елиминираат можните нерегуларности кај оние кои земаат земја само за да добијат субвенции или се ориентираат само на производство каде што има поголеми субвенции, а воопшто не се прикажува тоа производство. Правиме редефинирање и рационализација на земјоделските субвенции се со цел оние кои произведуваат храна да ги добијат“, вели министерот.
Експертите ја повикуваат државата да донесе мерки, со кои или ќе се субвенционира цената на храната односно мерки, со кои на секој еден граѓанин ќе му се овозможи да има достапност до храна.
На меѓународна конференција во Охрид беше речено дека храната во оваа криза се користи и како уцена од страна на големите играчи на пазарот, поради што доаѓа до зголемување на цените на овие производи.
Во секој случај имаме засилено и осмислено субвенционирање на храна во земјава. Например , да го земеме само млекото и млечните производи, чиј скок на цената е навистина интензивен.
На пример на 7 октомври на сметките на 5.851 млекопроизводители се исплатени вкупно 89,5 ,илиони денари за мерката 2.3 која ги опфаќа директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.
Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3.5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4.5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.
„Продолжуваме со исплата на финансиската поддршка за млекопроизводителите. Во месец октомври се исплатени предадените количини за 5 месеци, а во следниот период ќе се изврши поддршката за предадените количини за август и септември. Исто така, Агенцијата за поддршка на земјоделството се спрема за исплата на финансиската поддршка за предадените градинарски и овошни култури – информира директорот Бачовски.
Во септември на над 1.616 корисници кои се активни земјоделски стопанства од прилепскиот регион добија картички за точење на еуродизел за земјоделска механизација. Поддршката за субвенционираното гориво (т.н. зелена карта) е во висина од близу 11 милиони денари.
Мерката за субвенционирање на горивото за земјоделска механизација е одличен механизам за намалување на влезните трошоци на земјоделците за обработување на нивните земјоделски површини. Над 49.807 земјоделци од целата држава ќе добијат т.н ,,зелена картичка” , а за оваа финансиска поддршка Владата и МЗШВ преку програмата за директни плаќања која ја имплементира Платежната агенција обезбедија 252 милиони денари – информира директорот Бачовски. Висината на поддршката зависи од видот на културата и големината на површината која е пријавена во барањата за финансиска поддршка.
Ова секако е само една мала иолустрација дека земјоделците добиваат поддршка во земја која секако има скромни финансиски средства. Но, сепка, има и доста земјоделци кои влегуваат во одредени политилантски шема на опозицииони партии. На нив секако и мислеше министерот Николовски, несомнено еден од оние кои функционираат „турбо“.