Запрашан дали треба да има стравувања дека ако се смени власта во Грција тоа би влијаело на Преспанскиот договор, професорот Константинос Стратилатис од Универзитетот во Никозија е оптимист. Како автор на најновите анализи за Преспанскиот договор тој вели дека не треба да има стравувања од вето. Тој говори и за повеќе точки од преспанскиот договор
ТАМАРА ГРНЧАРОСКА
Господине Стратилатис, имате направено анализа на Преспанскиот Договор. До какви заклучоци дојдовте? Кои се слабите, а кои се силните точки на овој договор?
– Јас повеќе би сакал да кажам кој е делот од Договорот кој е невидлив, а кој всушност е најважен. Луѓето не ја гледаат поголемата слика. Тоа е договор за името на државата, но не е само тоа. Тоа, на некој начин низ процесите во вашата земја, референдумот, иако формано не беше обврзувачки и процедурата на амандманите, го отвори патот кон пристапувањето во ЕУ. Пристапувањето, процесот во кој веќе сте, значи многу за вашиот суверенитете како држава и многу промени во вашите демократски процедури. Вие всушност постепено ќе забележите дека ќе губите поголем дел од вашиот државен суверенитет и ќе ви биде предаден на вас. Тоа е поголемата слика. Во оваа слика вие ќе бидете партнер со друга земја, а таа земја се вика Грција.
Тоа е иднината, Европската унија е иднината. За Западниот Балкан за цела Европа. На тоа треба да се фокусирате. Договорот од Преспа е и за тоа – дека Грција нема да го блокира вашето пристапување во ЕУ. Затоа луѓето гласаа за Договорот. Затоа мора да ги имате двата дела.
Од друга страна знам дека имаше околу 600.000 луѓе во вашата земја кои одлучија да го сменат името на државата. Договорот нема ништо со начинот како тие го перцепираат националниот идентитет. Може да се чуствувате како саката.
Ниеден национален идентитет не е под закана во Европа.
Може ли овој договор да биде пример за решавање на тешките и горливи прашања како што беше прашањето за името?
-Како процес е модел. Но во нашиот свет не е модел, модел е интересен за дипломатите. Тоа е симбол, за светот дека дури и на Балканот познат по непријателства, не само во далечното, туку и во блиското минато луѓето можат да направат нешто незамисливо. Дека можат да се надминат себе си, да станат подобри.
Сега фокусот на Европа е на нас, бидејќи го направивме тој чекор и тој е позитивна работа. Затоа верувам дека Договорот од Преспа е многу важен, тој е новина и иновативност. Слабата точка? Ако не беше членот 7 каде се појаснуваат прашањата за културното наследство, ќе речев дека тоа може да биде слабата точка. Но тоа ги прави работите јасни. Членот 7 кажува добро задржете го вашиот Александар Велики, ние имаме друго минато, но она што не може да биде во национален договор, на што инсистирам, е дека меѓу Александар Велики и раниот 20 век има богата историја која мора да ја споделуваме, а не да ја делиме. Мора и да го формираме нашито национален идентитет исто така. Мора да истражуваме. Ние сме заинтересирани само за Александар Велики, што стана нешто како кич историја.
Тоа е многу чуден пристап кон историјата. Имама византиска империја, отоманска империја, многу интересни работи, но тоа не не инстересира бидејќи не сакаме да читаме, не сакаме да бидеме едуцирани, сакаме да задржиме нешто силно и сакаме нешто наше. Историјата не е имот. Историјата мора да се споделува на Балканот. Ние не треба да делиме. Тоа е слабата точка на Договорот од Преспа, дека мора на некој начин да го делиме нашето културно наследство. Не ми се допаѓа тоа. За националистите тоа би најдобриот дел од Договорот од Преспа. Но за мене идејата за дистрибуција, вие земете тоа, јас ќе го земам ова, не е историја.
Дали менувањето на власта во Грција или во Северна Македонија може да биде закана за Преспанскиот договор?
– Не воопшто. Ние сме во ЕУ, а во ЕУ, не би го употребил терминот сили, има некои процеси. Во Грција дури и тие кои плачат против Договорот се согласуваат со него и ќе беа горди ако нивната политичка партија го потпишеше Договор. Не се плашете од некакво вето и слично. Тоа се популистички извици.