Претседателската кандидатка на вмроовците Силјановска Давкова со карактеристична агресија во толкувањето на состојбите пред да ја изгласаат ама со „свртен лист“ по изборот. Започна и умилкувањето на гласачкото тело на немакедонските гласачи
ГЛОБУС МАГАЗИН
Делегатите на денешната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ ја избраа Гордана Силјановска Давкова за свој претседателски кандидат. Со 408 од 519 гласа Силјановска Давкова доби огромната поддршка како претендент за претседател на Република Македонија.
Вкупно 551 делегат имаа право на глас на саботната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржува во Струга, каде се избираше кандидат за претседател на државата. Во Домот на културата секој од деветмината кандидати имаше можност за 15-минутен говор пред делегатите, а на крајот на присутните им се обрати претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Како претседател на Република Македонија подготвен сум да се борам за Македонија. Уште во првите три месеци откога ќе бидам избран за претседател, ќе одам во Белата куќа, во Брисел, Берлин и ќе ја кажам вистината за Македонија“ кажа Владимир Ѓорчев на партиската конвенција во Струга.
Тој им порача на делегатите да гласаат за кандидатот кој победува со вмровското срце, но и за кандидатот кој победил во сите 5 изборни циклуси. Дајте ми можност – гласајте за победник што знае што се избори“ кажа Ѓорчев.
Тој се обрати и на Унијата на жени, до ветераните на партијата и до Унијата на млади на кои им порача да гласаат за кандидат кој знае што значи кратенката УМС.
„Ова е најважниот говор во мојот живот и немојте да ме извисите – рече Ѓорчев. Ако ми ја дадете довербата, никогаш нема да ве изневерам“ додаде тој.
Ѓорче кажа дека го подржува Мицкоски за иден премиер затоа што тој во тешки околности ја води партијата.
Во говорот на главната фаворитка на претседателот на партијата – Гордана Силјановска Давкова (а дека беше фаворитка се виде и по должината на аплаузот на Мицковски) имаше многу историја и географија, па борба за правна држава која е наводно изгазена од актуелната власт.
Така, Силјановска Давкова истакна дека Грција ја имала украдено Егејска Македонија од нас. Дедо и се викал Стојко и бил голем војвода во ВМРО. Дедо и (веројанто некој друг) бил партизан и се борел во Егејска Македонија. „Христијанка сум и голем интелектуален ум признат во цел свет. Омилена професорка сум на УКИМ. Во моментов во Македонија владее макијавелистички режим! Ќе го срушиме тој режим! И тоа може да го направи само ВМРО ДПМНЕ и македонскиот народ!“ – подвлече таа.
„Заевизмот не е само авторитаризам, заевизмот е ментална матрица: кажувам заборавам негирам“– рече Гордана Силјановска, кандидат за претседателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ. Претседателските избори се вистинска шанса да се урне „хибридниот режим“, додаде таа.
Бојкотот беше опција на 30 септември, а сега не е затоа што ќе му даде шанса на дезертерот Талат Џафери да стане претседател на државата и воен командант, порача Филип Петровски во својот говор на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ каде се бира кандидат за претседател на државата.
Тој напомена дека доколку добие поддршка, ќе се бори за четири основни принципи:„поништување на Преспанскиот договор, поништување на двојазичноста, враќање на асномските и илинденските принципи и итни предвремени парламентарни избори“, нагласи Петровски.
Во говорот таа најави дека ќе фомира експертски тим, од домашни и меѓународни експерти за Меѓународно право, затоа што промената на името не е завршена приказна и помош треба да се бара во меѓународното право. Исто така најави дека ќе бара почесто да се обраќа во Собранието, посебно кога ќе стави вето на неуставни закони и ќе бара тоа да го објасни пред пратениците.
Од броењето е видливо дека дел од делегатите не глаале (!), дека 80 гласови добил второпласираниот Ѓорчев, а дека останатите освоиле само две дузини сите заедно.Од ова јасно произлегува дека влијанието на Мицковски кон присутните делегати биле силно, што произлегува од начинот на истите се делегирани, многу веројатно. Ѓорчев и ирази поддршка на професорката која го победи.
Во завршниот збор и одговарањето на новинарските прашања се виде дека таа – како што рече – нема да отстапува од своите размислувања како профсор, демек е за правна држава ама дека она штои политиката го прифатила ќе го почитува.
– Ви благодарам. Македонија е во женски род, можеби доаѓа времето на жените. Ви благодарам на сите, изненадена сум, ме оставивте без зборови, рече Силјановска-Давкова.
Таа рече дека ќе остане на одлуката, оваа партиска кандидатура да ја поткрепи и со 10.000 граѓански потписи, како што тоа стоело и во поддршката за нејзината кандидатура, и најави дека ќе побара поддршка од невладините и граѓанските организации, но и од други партии.
-Јас знам дека за да се учествува и да се победи на едни претседателски избори, мора да имаш поддршка од голема партија, во спротивно си политичка манекенка, рече Силјановска.
На забелешките дека Конвенцијата била фарса и дека таа била однапред избрана, Силјановска рече дека и како човек и како професионалец е принципиелна.
-Јас сум во принцип демократ и се борам за слободно изразување и слободна волја. Не прифаќам лажни избори ако не се демократски. Ако беше така немаше да се пријавам, рече таа.
На прашањето дали би прифатила да биде консензуален кандидат на СДСМ, Силјановска рече дека ако ја сакаат, ќе прифати, но според неа она што се договара не е консензуален туку конзулен.
-Консензуален кандидат меѓу политички лидери нема, тоа е конзулен. Консензуален е натпартиски и непартиски кандидат кој во тешки времиња треба да ги обедини посебно оние кои не излегуваат на избори или се разочарани, рече таа.
На прашањето, дали таа поради нејзиниот познат став околу промената на името, доколку победи ќе се заколне на Уставот на Република Северна Македонија, Силјановска реше дека тогаш ќе се знае како таа ќе се заколне.
Ги отфрли обвинувањата дека е националист, истакнувајќи дека од нејзиното раѓање во Охрид, живее со први соседи кои не се Македонци, а прв соработник на Факултетот и е човек кој не е Македонец.
-Не сум националист, но барам да се почитуваат законите и власта. Родена сум во турска куќа во Охрид, а мојот брат е побратим со Албанци. Моите студенти се од сите националности, посочи Силјановска.
Таа рече дека во моментов имаме две влади и две општества, поради што мора да дојде до пресврт.