Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА

January 27, 2026 Filed Under: Ревија

Оваа млада девoјка планира наскоро да дојде во својата земја и да ги сними композициите што сама ги компонирала

ТИНА РУСЕВА Ова е нејсиниот офицјален портрет за грманското популарно музичко натпреварувачко шоу

Струмица има нова причина за гордост. Младата и талентирана Тина Русева го освои првото место на престижното музичко натпреварување „The Voice of Europe 2025“, оставајќи силен впечаток со својот вокал, сценски настап и емоционална интерпретација.

Во силна конкуренција од учесници од повеќе европски земји, Русева успеа да се истакне и да стигне до самиот врв на натпреварувањето, добивајќи пофалби и од жирито и од публиката.

Овој резултат претставува значаен успех не само за Тина, туку и за Струмица, која уште еднаш покажа дека има млади луѓе со европски квалитет и голем потенцијал на музичката сцена. Русева во изминатите месеци беше вистински хит на шоуто Voice of Germany откако доби најмногу гласови од публиката и жирито. Вториве, кко што се гледаше од снимките после секој настап на струмичанката просто беа зинти во стилот„каков е овој глас, можно ли е да постои таква девојка со такви звучни перформанси“.

Тина преку видео одлучи им се зaблагодари на сите што гласале за неа и за поддршката што ја добила

– Ви благодарам многу, прво затоа што ме поддржавте, лајкувавте, коментиравте, што бевте тука. Исто така му благодарам на жирито што судеше фер. Она што можам да го кажам во овој момент е бидете тоа што сте, верувајте во себе, верувајте во процесот и успехот ќе ве следи“, вели Тина во видеообраќањето до нејзините следбеници.

Ова е голем успех за исклучителната Тина низ целиот процес на избор на најдобри на Voice of Germany. Моќен вокал, впечатлива на сцена, но и со многи емотивна интерпретација, Русева беше една од најоригиналните кандидати од почетокот на натпреварот.

Настапот на Тина е голем успех не само за неа, туку и за македонската музика воопшто, бидејќи покажа дека младите таленти од нашата земја можат рамноправно да се натпреваруваат на европските сцени

Фановите од Македонија и дијаспората со гордост ја следат нејзината кариера и ѝ посакуваат уште поголеми успеси и настапи на светските сцени.

„Ти си мојот таен јазик кога зборовите не беа доволни, мојот невидлив пријател во тишината, мојата сила во секоја бура. Никогаш не замина кога сè друго замина. И сега, еве ме водиш до централната сцена на ‘The Voice of Germany’…“ Со овие зборови, таа ѝ се обраќа на својата храброст и на малото девојче што некогаш пеело со четка за коса наместо микрофон, верувајќи дека сонот може да стане реалност.

Талентот на Тина се појавил рано. На само 12 години го освоила второто место на меѓународниот фестивал „Славјански Базар“ во Белорусија – првиот знак дека нејзиниот глас е создаден за големи сцени. Нека нејзиниот успех биде потсетник дека секоја детска соба може да биде првиот чекор кон големата сцена – ако во неа живее доволно храброст да се сонува.

Во јавувањето во неделата воемисијата „Качамак“ на Тв Сител та изјви дека веќе има компонирани (!) свои композиции и дека планира да се врати набргу во Македонија , каде ќе бара можност за промовирање на тој засега неоткриен креативен талент.

Filed Under: Ревија

БАЛКАНОТ  И ОДБОРОТ ЗА МИР“ НА ТРАМП: КОЈ Е ПОКАНЕТ, КОЈ ПРИФАТИ, КОЈ ОДБИ
ФИЛИПЧЕ: ЗА ДА ГО ПОБЕДИМЕ ОВА ЗЛО НАДВОР, ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ЧЕЛИЧНИ ОДВНАТРЕ
СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА
СTРАЗБУР: ИЗБОРНИ РЕФОРМИ БЕЗ ДИЈАЛОГ (3)
ТОКСИЧНАТА ПОЛИТИКА: КОЛКУ ЧИНИ ГРЕНЛАНД?

Најново

  • БАЛКАНОТ И ОДБОРОТ ЗА МИР“ НА ТРАМП: КОЈ Е ПОКАНЕТ, КОЈ ПРИФАТИ, КОЈ ОДБИ
  • ФИЛИПЧЕ: ЗА ДА ГО ПОБЕДИМЕ ОВА ЗЛО НАДВОР, ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ЧЕЛИЧНИ ОДВНАТРЕ
  • СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet