Струга нема систем како се спречи распределба на јавно дбро и сопственост која не може и не смее да се подарува или премолчено да се толерира

Градските плажи долж езерото во Струга се узурпирани, а на нив се изградени бесправни објекти, паркинзи и поставени лежалки, со што граѓаните се спречени да ги користат капалиштата, пренесува Република а изворно го дава Сител на 18 јули годинава.
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Струга, Ален Деребан обвинува дека плажите не се издадени под концесија туку истите се „узурпирани од локални моќници преку урбаната мафија која го контролира градот, што е казниво со закон“.
Тој рече дека освен плажите се урурпирани и паркинзите а ставени се и лежалки и друга опрема за што не постои одобрение. На струшкиот брег за безбедноста на капачите ангажирани се само двајца спасители, што секако е резултат на непочитување на елементарна регулатива за и околу капалиштата.
Екологистите пак во неколку наврати предупредуваа дека спротивно на препораките на УНЕСКО зелените површини и деловите на трската долж брегот се претворени во приватни плажи, нагласи овој соговник на Сител.
Да се потсетиме дека на 16.03.2019 година дветлица се забележани како уништуваат добро под заштита, односно природна реткост. Имено, еден од осомничените во близина на плажата „Версус“ со кајче влегол во езерото и со срп ја сечел трската. Вториот осомничен го нарачал сечењето на трската со намера да се сопре природниот раст. Со ваквите дејствија осомничените постапиле спротивно на Законот за заштита на природата, во кој Охридското Езеро е класифицирано како споменик на природата и каде не се дозволени активности со кои се загрозуваат неговите обележја и вредности.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга против двајцата осомничени започна постапка заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости по член 264 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка и против инспектор по природа од Министерството за животна средина за сторено кривично дело – попречување на правдата од член 368-а од Кривичниот законик. Предметот е отворен затоа што осомничениот одбил да излезе на лице место во моментот кога се сечела трската и да преземе дејствија по барање на јавниот обвинител.
Нема сознанија како завршиле овие обвинителни акти. Вклучителни и после т.н. вонредна испекција што ја организираше Судскиот совет.
Трската долж Охридското Езеро во текот на март 2019 година продолжи да се пали. Затоа и камерите на оваа телевизија на потегот кај Подмоље и Калишта снимија уништена огромна површина.
Државниот инспекторат на терен врши мониторинг но засега не соопштува што утврдила инспекцијата. Екологистите велат дека станува пракса која, за жал, се повторува секоја година а нема ни казни ни санкции за потпалувачите.
Граѓанската иницијатива Охрид СОС по молкот на надлежните испратила обемен извештај за овој проблем до УНЕСКО бидејќи како што велат кај нив отсуствува желбата да направат што било за да го заштитат природното наследство на охридскиот регион“.
Експертите велат дека со палењето на трската се доведува до прашање и цврстината на брегот.
Невладини организации предупредуваат дека зад случаите со палење трски се кријат економски и градежни интереси покрај езерото.