Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СТУДЕНТИТЕ ЈА СРУШИЈА ВЛАДАТА НА ВУЧЕВИЌ

February 4, 2025 Filed Under: Свет

Како и да објаснуваат режимските медиуми, студентите ја урнаа владата на Милош Вучевиќ. Со неговата оставка се купува време за да може Александар Вучиќ да најде начин како да ја преврти играта

СОЛИДАРНИ Таксистите се нафатија да ги вратат нерлградските студенти назад од Нови Сад, град што го „окупираа“ – една значајна социјална сила се солдиаризира со противниците на режимот

Се чини дека челниците на режимот на Александар Вучиќ го губат разумот. По драматичното најава за јавно обраќање на премиерот Милош Вучевиќ, претседателот на Република Александар Вучиќ и претседателката на Народното собрание Ана Брнабиќ минатиот понеделникот вечерта, на кое тие не кажаа ништо, следниот ден наутро режимските медиуми објавија оставка на премиерот. Министерот Вучевиќ беше уште подраматичен.

Овојпат вонредната прес-конференција беше конкретна: Вучевиќ навистина поднесе „неотповиклива“ оставка. Процедурите пропишани со закон следат, но тоа значи дека владата е падната.

Неможејќи да најде решение за се посилните и бројни протести предводени од српските студенти и блокадата на образовниот систем, поради зголемената поддршка за студентите, јавната непослушност и отпорот во општеството кон неговиот автократски начин на владеење и ендемската корупција, Вучиќ беше принуден да го жртвува човекот на кој формално му ја доверил најважната функција во државата и раководна позиција во Српската напредна странка.

Ова е првиот сериозен знак за слабоста на прогресивниот режим, кој е во дефанзива по смртоносниот пад на настрешницата во Нови Сад, и прва победа на граѓанското општество во Србија над тринаесетгодишната автократија.

Ова не е победа на опозициските партии, тие немаат врска со ова.

Сепак, не треба да се залажуваме дека силите во општеството (мора да се каже повторно и повторно – иницирани и предводени од студентите) кои сонуваат за владеење на правото и функционална демократија постигнале конечна победа над партиската држава, беззаконието и врската на организираниот криминал и политичарите на власт.

Топката сега е кај Вучиќ, кој како претседател на Србија формално има две опции, а како де факто шеф на СНС, која има апсолутно мнозинство во Националното собрание, има моќ да спроведе една од нив: тој. може да распише предвремени парламентарни избори, но може и да му наложи на парламентарното мнозинство да предложи нов мандатар кој ќе формира нова влада.

Со закон, Националното собрание е должно на првата наредна седница да ја констатира оставката на премиерот и од тој момент има рок од 30 дена за избор на нова влада. Доколку не го стори тоа, претседателот на Републиката мора да распише предвремени парламентарни избори.

Поради ваквиот развој на настаните, опозициските партии треба итно да се откажат од обидите за блокирање на Собранието, па дури и да поддржат одржување на седницата во среда, наместо да му дозволат на Вучиќ да купи дополнително време.

Затоа што токму тоа е оставката на Вучевиќ – купување време за да може раководството на СНС да најде начин да излезе од ситуацијата во која се нашло. И, секако, обид да се издува ветерот што ги дуваше студентските протести.

Вучиќ веќе најави „сериозно преструктуирање на владата“. Доколку неговото парламентарно мнозинство избере нов премиер, тогаш А.В. може да се двоуми со месеци додека не се определи за најлојалните министри, но ќе поминат месеци, и ништо суштински нема да се смени во врвот на власта.

Ова е сериозен удар за оваа власт, оваа жртва на Вучевиќ е прво несомнено признание за слабоста на Александар Вучиќ, но тој е далеку од пораз. Вучевиќ е, сам по себе, ирелевантен.

ЌЕ ИЗДРЖАТ Овој призор од утрото во Нови Сад јасно покажува дека засега студентите се неуморни

За навистина да се случат промени во Србија, потребно е да се преклопат неколку работи.

Прво, студентските протести да не престанат, а досега нема такви индиции.

Второ, државните службеници треба да почнат да се приклучуваат на протестот против корупцијата, што би довело до вистински генерален штрајк.

Трето, лидерите на опозициските партии треба да се фатат за ушите, да зборуваат во еден глас и сериозно да се запрашаат што е причината за нивната непопуларност. Сега, не кога еден ден ќе се распишуваат некакви избори.

И четврто, Западот кој го поддржува Вучиќ конечно да се откаже од него, што ќе се случи доколку тој не може да го спроведе договореното со него.

Движењето за спас, кое Вучиќ свечено го започна во Јагодина, е спас за него да излезе од оваа ситуација и да се оддалечи од СНС, која неговите гласачи се повеќе ја препознаваат како жариште на корупцијата. Дали ќе успее зависи од сите протагонисти од другата страна на прогресивниот систем.

Не треба да заборавиме дека Вучиќ се уште ја ужива довербата на огромното мнозинство граѓани. А дека оставката на Вучевиќ сама по себе не значи ништо.

(vreme.com)

Filed Under: Свет

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet